Форумџика на годината

Справување со читачка криза 101

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 15 јануари 2019.

  1. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Сум била многу често и јас во читачка криза. Моментално сум пола-пола, немам многу време за читање, а и немам желба. :|:|:| А добив нови книги за подарок, ќе почекаат малку.
    Обично Колин Хувер ја читам за една недела, една книга, сега пола месец ја влечкам.
    Најчесто ми се појавува кога читам некоја книга која не ми е интересна или книга со “потешка” содржина. Или најчесто се презаситувам од читање книги.
    Се справувам така што се вртам на серии и филмови. Или земам да читам некоја полесна книга да си го “одморам” мозокот. :)
    Книги ретко оставам недовршени, ако треба ќе ја оставам некој период и во меѓувреме ќе прочитам други книги. Ама кога тогаш ќе ка прочитам. После тоа, таа книга ја напушта засекогаш мојата библиотека :smirk:

    @Mishela, имам прочитано од Сузан, ми беше мех. Ако сакаш можам да ти дадам предлози за подобри книги со полесна, блага еротска содржина ;) Побарај ја Archer’s Voice - Mia Sheridan.
     
    Последна измена: 19 јануари 2019
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.557
    Допаѓања:
    82.455
    Пол:
    Женски
    Добра ми е мене Сузан, само не ми се допадна конкретно таа книга, ми беше ептен досадна и бавна. Ама општо, повеќе е фокусирана на романсата и приказната отколку на зачинетите моменти и тоа ми е супер кај неа. Зашто во последно време не можам да читам сексуљави приказни, не знам, изгледа не ми одат во зима. :D
    Од Миа ја имам читано Finding Eden, добра беше, доста солидна книгичка. :)

    И јас не оставам недовршени книги, им се навраќам дури и по неколку месеци, немам проблем. Подобро да направам пауза ако гледам дека не ми оди, отколку да напнувам и да ми стане одбивна.
    Ама за да си помогнам, станав многу пребирлива и не „прибирам“ секакви или непроверени книги на листата за читање.
    Пред неколку недели тргнав околу 100 книги од листата - немаше шанси да ми се допаднат книгите, немам поим зошто воопшто се нашле тука. :|
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.310
    Допаѓања:
    47.285
    Пол:
    Женски
    Мене ме држи од моментот кога се преселив во новиот дом и кога почнав турбо со работа. Тоа беше во Април...прочитав само две книги од тогаш, упорно ги земав од библиотека и ги враќав со прочитани 10 страници. Проблемот не ми беше дека не беа интересни ама имав толку многу обврски и кога седнував да читам имав грижа на совест дека можам да работам, а ако читав пред спиење од што бев преморена заспивав веднаш. Се отчленив од библиотека зошто немаше смисла само да ги задржувам ама добив Киндл за подарок и еве веќе две недели само собирам наслови и спуштам книги ама уште не прочитав ништо. Се надевам дека преселбата ако се случи ќе ме мотивира повеќе и ќе имам повеќе време да се посветам за да излезам од кризава...а ми се чита ама не можам да го организирам времево со работата од дома.
     
    На *Ench@nted*, smooch и macka91 им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.255
    Допаѓања:
    205.532
    Пол:
    Женски
    Моментално поминувам низ читачка криза. Ептен јако ме држи. Почна пред некое време, летоска мислам, читав книги ама некако со сила ко да ги читав. Врвот е последниов месец, една книга и тоа одвај. И прекинав. Имам еден куп нови книги за читање, не само купени, туку и симнати на Киндл, и некако не знам ни која да ја почнам. А многу од нив се доста популарни наслови и сите ги читаат, дали можеби тоа ми создава одбивност, не знам. Немам начин да ја надминам кризава, ни филмови гледам ни серии, едноставно немам волја, а богами ни време.
    Претходно, постојано читав. Голема пауза направив кога го родив првото дете, пауза од пет години. Не знам ни јас зошто, не дека не сакав, само не отворив книга да читам. Не сакав да купувам книги на македонски, купував на англиски, некако ме одвраќаше лошото искуство со преводите на кои наидував претходно. Кога останав трудна со второто, почнав пак. Додека бев на породилно, ги исчитав сите непрочитани книги што ги имав во тој момент дома, и после продолжив и да купувам и да читам, а кога го зедов Киндлот, нема ден да не симнам книга. Ама само така стојат и тие.
    Чаре не знам, ако го најдам, ќе пишам. Можеби треба да читнам и јас нешто лесно, ама читав такви книги пролетта и мислам дека после нив ми почна кризава.
     
  5. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    2.488
    Пол:
    Машки
    Ме стега одвреме навреме, посебно кога завршувам некој извонреден наслов или преокупиран сум со работни обврски (читај burn out from work). Дојдов до заклучок во две подточки.
    1. Апсолутно задолжително треба да се одмори од читање книги барем 3-4 дена, макар и да се има дражта за читање на нареден наслов. Во тие 3-4 дена најпаметно е да се нема никаков допир со литературата која ви дреме по полиците, да се батали планирање преку goodreads и слични платформи. И да се пушти некој филм или серија, ако сте гејмер, да свртете некоја партија од вашата омилена игра и најбитно од се`, да се социјализирате и споделите импресии во живо и да споделите импресии од последно прочитаниот наслов. И само толку. Без некои длабоки навлагања за што треба следно да се чита. Барем не во првите неколку последователни дена.
    2. Сменете жанр. Многу многу битен момент кој никој читател не може да си го признае е тоа дека со тек на време се презаситува од омилениот жанр. Пример ќе се дадам себе си, минативе 3-4 години го изгустирав Coming of age жанрот (книги налик на To kill a mokingbird, Into the wild, Битлси, East of eden - ми се заредија која од која) но после одредено време и додатни препораки, не можев да се нафатам да почнам било која од тој жанр, па по препорака се префрлив на трилерите на Кинг па испадна еден (старо)нов свет за мене, за да сеа одново пак му се навратам на претходноспоменатиот жанр. За ова доста подоцна дознав и требаше долго време да се разубедам дека проблемот можеби несекогаш лежи во првата потточка, туку понекогаш на човек му прекипело од едни те исти тематики. Но за ова треба повеќе време дистанца. Затоа препорачливо е да се експериментира со жанрови. Никогаш не се знае на што човек може да налета.
     
    На citalka, Elf и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.196
    Пол:
    Женски
    Многу фрустрирачка работа кризава. Ем повеќе време дома ем книга не ми се фаќа. Ги имам еден куп на полица непрочитани, а и киндлот само го пренесувам од соба во соба со мене но никако да го уклучам. ;(
    Не ни бев некоја голем читач, плус се сметам за доста бавен читач, недела - недела и половина ќе ја влечкав книгата ама ја дочитував, сега едвај по 2 страници дневно.
    Се надевам ќе пројде брзо периодов, вака кога и да се загледам во полицата ми се плаче :worried:
     
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.326
    Допаѓања:
    51.160
    Пол:
    Женски
    Мене не ме фаќа криза, секогаш читам. :D
     
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    10.403
    Пол:
    Женски
    Како се оправате од читатчка криза? Последно време едвај ги завршувам книгите, по една на 7 дена. Ништо не е ова за мене, во споредба со периоди кога сум читала и читала.:?:

    Ако имате предлози за интересни книги, слободно пишете. Без разлика на жанр, и онака сум во потрага по нови жанрови. Барам нешо шо нема којзнае колку замарање, шо се чита лесно, онака кажано, во еден здив.

    Порано класична литература читав, па после тоа се префрлив на психолошки книги, ми станаа интересни некако во последно време. Од остали жанрови, на прсти ми се бројат прочитаните книги.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.433
    Допаѓања:
    68.636
    Пол:
    Женски
    Земи нешто што обично и не би читала, онака, колку да те размрда.
    https://www.goodreads.com/series/400261-the-elements
    Ѕирни го од Џон Бојн серијалов од кратки новели, кратки се, ама навистина одлични содржински.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.301
    Пол:
    Женски
    Најчесто имам читачка криза кога ќе се презаситам од даден жанр. На пример, ако читам премногу романси една по друга, почнувам да ја губам мотивацијата за читање. Во такви моменти, единственото нешто што ми помага е да сменам жанр. Од романси преминувам на трилери, па на драми – најчесто со тематика од Втората светска војна.

    Тоа ми дава свежина и повторно ме враќа во ритамот на читање. Особено сакам книги кои комбинираат историја со длабоки човечки емоции, како на пример приказни за преживување, љубов и надеж во време на големи трагедии.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.255
    Допаѓања:
    205.532
    Пол:
    Женски
    Ок, читачка блокада, како да се справам? Ништо досега што правев не ми помогна да ја надминам. 2025 ми почна супер, прочитав 15 книги, после тоа некако со сила уште 15 прочитав. Се' беа тоа книги од македонски автори, од автори што сакам да ги читам, ама човече, без мерак, без волја, ко да не сум ги прочитала се осеќам.
    Единствено што не пробав е да се навратам на книги што веќе ги имам прочитано и сакам пак да ги читам, ама и за тоа некако немам волја.
    Совет некој?
     
  12. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    5.324
    Пол:
    Женски
    Да пишам мене што најчесто ми помага. Прво ми се случувало да сум во читачка блокада 2-3 недели а потоа да прочитам 2-3 книги во месец. Според мене треба да земеш нешто ептен лесно за читање, како некоја романса, ги препорачувам книгите на Сара Морган или на Вај Киленд. Најчесто се излегува од таа читачка блокада ако читаш нешто лесно што едноставно страница по страница ти го одморува мозокот наместо некои тешки книги како трилери, драми, тажни приказни. И исто така, ако таа читачка блокада трае повеќе време, можеш да се тераш и да си ставиш цел бар по 10 страни на ден да читаш, и кога ќе видиш тие 10 страни не се ништо можеш за 5 минути со утринско кафе да ги прочиташ, и така ќе излезеш од читачката блокада, ова работело до сега за мене.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.718
    Допаѓања:
    14.770
    Пол:
    Женски
    Да пробаш со аудио? Ми се дешава и мене некогаш, ама знам да се префрлам на аудио, ако и тоа не иде правам пауза, па кога ќе ме привлече книга продолжувам.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.255
    Допаѓања:
    205.532
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам со чик лит, ама искрено, некако немам волја за таков тип литература во последно време. Порано многу ги читав класиците, после почнав белетристика, ама потешки жанрови, крими, мистерија, трилер, авантура. Омилен жанр ми е фантазија, ама ретко наоѓам добри книги од тој жанр, убедливо најдобри автори се Толкин и Луис, според мене. Треба изгледа да почнам со препрочитување на нивните книги за да ми се врати желбата. А можеби не е лошо да свртам малку и на историска фикција, оти и тие приказни знаат да ми задржат внимание ако се убаво напишани.

    Ако си зададам задача да прочитам десет страни, нема да го направам тоа. Знам, оти неколку пати си ставав читање како обврска во дневната агенда и секогаш го прескокнував со глупави изговори.


    Искрена да бидам, аудио книги не слушам, пробав, не дека не, ама некако, не знам, не ми е тоа тоа. Може треба пак да дадам шанса, ама како што имам проблеми со слухот, не ми оди слушањето баш, особено после влошувањето на состојбата од професионална изложеност на бучава.
     
    На bookslover и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.557
    Допаѓања:
    82.455
    Пол:
    Женски
    @Annath и кај мене во последните неколку години не игра улога ова со лесните книги, иако пробувам. Не ми се враќа желбата за читање ако прочитам некоја чик-лит или психолошки трилер, не уживам. А за мене тоа е најбитно, да уживам во пишуваното, да ми течат лесно речениците и да не се празни. Ама затоа ептен ми е освежување кога ќе прочитам некаква нефикција. Без разлика дали е некоја книга за меки вештини, публицистика, теми од феминизам, психологија, бизнис книги, некој мемоар или нечија биографија, како рехабилитирана се осеќам потоа.

    Сличен ефект ми имаат и кратки книги од околу 200 страници.
    Клаудија Пињеро, Клер Киган, Џулијан Барнс, нешто кратко од современа книжевност. Можеш и со некој класик штом ги сакаш. Достоевски и Кундера имаат доста кратки книги и колку и да ми се читани, секогаш уживам кога препрочитувам нешто нивно.

    Немам reading slump, ама и не можам да кажам дека читам како порано. Плус се расчитав нефикција и баш ми годи промената. Ниту се форсирам, ниту си правам цели. Не сакам да ми делува како обврска затоа што пред сè читам за уживање. Па ако ми се чита, читам, ако не, има и други денови.
     
    На bookslover и Annath им се допаѓа ова.
  16. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Дали имаш пробано да смениш жанр?

    Јас мислам дека ми има здосадено од популарна психологија, зашто претежно такви читав.

    Порано многу повеќе читав, ако ме привлече некоја книга во ,,еден здив" ја читав, сега како ништо да не ми го задржува вниманието.
    Не само со книги, и со филмови/серии е истиот случај, ништо не можам до крај да изгледам.

    Имам многу непрочитани, за саемот се изнакупив и ене ги, си стојат така на полица.
    Се обидов со неколку, почнав да ги читам и џабе.. ни една не завршив.
    Па си мислам да не треба да сменам жанр, да почнам поразлични книги да купувам.
    Некој добар трилер мислам би ми бил интересен.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    2.704
    Пол:
    Женски
    Скоро две години сум во такво расположение, откако останав трудна, еве бебето 1 година ќе направи јас од читање 20+ книги на година, во цел овој период дали 5 прочитав. Од декември решив да го сменам тоа, и она што правам и си имам ветено дека во денот морам да прочитам, макар и 5 страни, и тоа го правам јас најчесто пред спиење. И што вика bookslover гледам дека не е страшно 10 страни, па така некогаш читам повеќе, некогаш помалку ама битно повторно имам огромна желба за читање :)
     
    На bookslover и Annath им се допаѓа ова.
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    5.324
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам скроз. Можеби треба да почнеш да препрочитуваш литература што ти се свиѓа и ќе излезеш од читачкава блокада. Ми се случило и мене многу пати ама не сум препрочитувала книги, сум си читала лесни романси и кога ќе излезам од нив читам нешто потешко.

    Еве сега ја читам Алиса Фини ќе видиме како ќе се покаже да не ме бутне во читачка блокада :D
     
    На Panda00 и Annath им се допаѓа ова.
  19. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    5.324
    Пол:
    Женски
    И јас така излегов од читачката блокада, пример ќе си ставев цел да прочитам бар 5-10 страни на ден и да се “терам” на некој начин зошо сакам да читам. Ама може за некој нема да функционира тој начин оти ќе биде како обврска дека мора да чита.
     
    На Panda00, Annath и MariaBouli им се допаѓа ова.
  20. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    3.261
    Имам почнато едно книжуле од околу 100 страници, никако и никако да го дочитам. Стои на наткасна фаќа прашина. Ваква сум подолг период, ништо не ми е интересно, што и да почнам.