Спрејовите за тело на АVON се дефинитивно најубави ти ги препорачувам од бадем, зелено јаболко и капинка нарачај нема да згрешиш
Јас го порачав лаванда и камилица,ама сакам некој со неодреден мирис,некоја мешавина,да мириса на свежо и чисто или нежно и романтично,нешто како на Викторијас Сикрет спрејовите,ама да можам да го најдам тука...ако имате информација за нешто такво кај нас,информирајте ме.Можам да порачам преку интернет од викторијас,ама сакам нешто кое веднаш би го имала и знам дека ќе го имам на лагер кога ќе ми се потроши.
Јас го имав спреј на Викторијас Сикрет и од првин не ми се допаѓаше,но сепак е така свеж и потоа се си го користев.Е сега немам,а сакам!
јас ги користам од авон спрејовите за тело сега моментално имам од малина, исто го имам спрејот за тело бали блисс од авон со светки е (не многу) прексрано мириса и многу трае дури и подолго од парфемот.. околу 250 денари е
Сум користела на Авон со ванила и со јаготка не се лоши ама мене по 2,3 дена ми здосади мирисот и сега прашинка фаќаат во едно ќоше
Dobri se sprejovite od Avon.Gi imam koristeno zadovolna sum. [mod-kirilica:34omdeq4][/mod-kirilica:34omdeq4]
Се согласувам со Лилит, спрејовите на Викториа'с сикрет се прекрасни јас имам користено неколку одколекцијата Сикрет Гарден. Како зависна сум од мирисот, и премногу траат. Штета што нема кај нас, мора некој да молиш што оди да ти донесе. И јас барам ако има некој информации ако може да се најдат од поблиску да пише. Инаку сум задоволна исто од спрејчињата на фруттини, не се лоши. Од Авон имам користено, ама некако не ми мирисаат убаво.
малку доцнам со одговор но нема врска најдобри ми се спрејовите на Fa, и Nivea оние од Avon ми станаа досадно бидејќи сите ги купуваат и секој втор мириса на малини јагоди и не знам што уште но тоа е само прашање на вкусови
Јас истите сум си ги купувала од Истанбул, не знам за колко блиску го сметаш Според мене направи си еден online shopрing и не мора од официјалната страна на VS можеш и од ebay ги има сите. p.s од VS не сум порачувала online од ebay ДА и не можам да се пожалам
Најзадоволна сум од колекцијата naturals од АВОН посебно од спрејчето од малини и од црни цреши и оревчиња
Ги обожавам спрејовите на Frutini има повеќе мириси,а за тоа колку траат не коментирам,ептен,другарка ми ми вика леле кога си кај мене цела соба ми ја умирисуваш со спрејов
Ретко кога ги користам спејовите за тело, не ми ни текнува на нив. Ги користам на Авон, и задоволна сум од нив. Еднаш немав доволно пари за да нарачам, па случајно кога шетав низ Тинекс, налетав на едни спрејови за тело, беа како две во едно спакувани, спреј + путер за тело. Фирмата е BeCool (така беше мислам). Цената некоја симболична, од 100 и нешто денари, па ги купив. Многу убаво мирисаат, да ви кажам, осбено ми се допаѓа путерот за тело. Си купив и од шумско овошје, и од праска, а сега мајка ми ми донесе и од портокал. Задоволна сум з тие пари, искрено. Иако фаворити ми се од Авон.
И јас ги користам тие од Авон.Фаворит ми е спрејот од цреши и оревчиња.Има некој користено спреј за тело на Аура, никогаш не сум ги пробала
^И јас барав некои такви,ама очигледно ние во Мк сме многу по прехраната Не озбилно ич сакам овошни мириси,а по парфимерииве спрејовите што сум ги гледала ,сите се такви Дајте некој нека препорача нешто
Lilit и Miss, ако не се лажам другарка имаше купено од Веро еден спреј со многу специфичен ама убав мирис, така сладуњав ама свеж. Се сеќавам дека ја прашувавме што парфем има. Ќе ја прашам деновиве за името, фирмата, па ќе пишам тука.
Добри се на Victoria's secret. Најдобри. А тие од AVON од цреша и оревче веќе не знам кој се' не ги користи, секое женско ми мириса на тој спреј.