Само од Авон Овие веќе неколку години ги користам , не сум пробала други ама мислам дека овие се единствени што се перфектни
а да прашам овие спрејовиве од авон , за колку време потоа изветруваат откако ке го нанесеш? прашувам бидејки можеби ке порачам
Јас имам од Авон ама од калинка.. преубаво мирисааа па останува мирисот едно времее.. јас нон-стоп се мирисам така да за колку време изветрува незнам
Јас спрејови користам само во лето, а што во зима ќе се изнаоблечам после и ништо од спрејот. Инаку ги користам тие од Авон .
од прилика која цена се движат спрејчињата? Не сум нешто многу многу по ова порачкиве од нет, сум ги гледала спрејчињава по космо ама ете не сум загледала цена
Ма кој како ќе се погоди,јас тој што го имам кога се прснам на тело блузата ми мириса најмалку 2 дена .
ПРЕКРАСЕН Е!Денес го мириснав во Космо конечно.Мириса преубаво,чисто,нежно,летно. Уф се заљубив морам да го имам
Јас ги меркам маслава како спрејови за тело од Casyopea,веќе долго време Ги има во Рамстор,спроти маркетот каде што е отворено таа една нова тезга на крај,околу 400 и нешто се мислам дека,но чим е масло,долго би траело гарант Има од ванила,папаја,гуава..мх мх мх,ќе се земе некое
Нјачесто ги купувам тие од Авон, мирисаат преубаво, но не се многу трајни. Моментално ги имам од Јаготка и од Слатко од Сливи и Ванила- има незаменлив мирис. Го обожавам.
Сега не користам многу спрејови за тело, но порано го користев овој : и многу сум задоволна бидејќи прекрасно мириса )
И јас го имам овој од сливи и ванила..Мене да ти кажам право кога ќе се прснам блузата и после перење ми мириса на спрејов (повеќе од омекнувачот )
Имам повеќе спрејчиња но би ги споменала оние од Авон. За таа цена се одлични! И не знам како не ви траат? Еве јас вчера сабајле се испрскав со тоа од кокос и денес цел ден уште мирисам. Постаро е и неверувам дека уште го има, јас го имав зафрлено па случајно го откопав. Еве го: Така да за тие пари а евтини се ептен вредат!