Само тие на Авон што се ги користам и гледам секогаш кога ќе ми се потроши едно, купувам одма друго, али различно од претходново т.е друг мирис. Сега моментално користам од темјанушка и личи
Кажи ми од каде го купи и дали си задоволна од спрејчево? Јас сакам да си земам, само се мислам од каде Сакам да сменам, доста ми е од тие од Авон, едни видов на Галафарм, ама незнам дали се добри.
Гордана,го имаш во Рамстор маркетот,во Супер тинекс,Веро - така некои поголеми маркети.. И јас го користам и е преубаво,многу многу благичко е Мене ми трае како парфем искрено. И за цената ми вреди зошто бавно ми се троши и голема е милитражата (250мл)
^ Едно време беше на попуст мислам дека 700 ден. Вчера баш гледав некое како флаерче на производи од Космо,најново што им е,и спрејчево баш го забележав и беше.. 1.700 Колку е точно незнам,али е ту мач за спреј според мене.
Дечко ми ми го подари комплетот пред некој ден, Викториа’с сикрет, портокалов-Амбер! Мнпогу е убав, преубаво мириса...
За ова лето Strawberries and Champagne/Secret Garden Иако кај нас цената им е релативно висока, мене ми се исплатливи со оглед на тоа дека на лето не користам парфем. Мирисот им е толку интензивен и траен, а истовремено свеж и летен. А за секси, да не правиме муабет... И количината е доволна за цело лето, па и повеќе. Јас сеуште чувам малку од ланскиот Endless Love и претходниот Love Spell, колку за будење спомени.
Феминки препорачајте ми некој спреј за тело од малинки. Го користев долго време тој од Авон, но со месеци го нема веќе.
^ Овој на фрутини ако не си го користела,околу 220 е ,некаде и поефтин зависи кај ќе го најдеш. Мене преубаво ми мириса,ама не траат долго овие спрејови мислам дека..барем мене. ^ И овој на гурманд поголемо е шишенцето,околу 250 мл. поскап е малце (280/290ден.) ама затоа мнооогу долго траат овие спрејови. Мене како парфем ми се буквално,па мирисни ги и двата па види кој ти се допаѓа повеќе И двата спреја ги има во маркетот во Рамстор,Веро (поголемите маркети) и во Супер Тинекс.
Е ова си го купив го најдов, кај шо ми кажавте во Рамстор, преубаво мириса и долго трае мирисот, некако како масло е, малку ставам од тоа, сосем ми е доволно, оти ако ставам и повеќе, ќе треба луѓе да се онесвестуваат покрај мене Вака, малку и мирисам, ко парфем е Ах што имам мерак на спрејови, парфеми
Досега сум ги користела само спрејовите на Авон и сум задоволна. Најчесто ги користам тој од цреша, лубеница и зелено јаболко , а моментално го имам ова :
Најмногу сакам од кокос, али во Avon нема веќе оддамна, долго го користев тој од цреша/вишна, но сега сакам да сменам малку и да порачам некој од овие. Според вас кој мириса поубаво?
-случајно добив мини тестерче на промоција нивна на Жена Саем, и после тоа си го купив. Долготраен, јакичок и многу мистичен мирис. Го има во Космо, мислам е околу 270 денари шишенце.
Јас им се намерачив уште одамна на овие спрејчиња,какви мириси имаат уфф Посебно ми остави впечаток комбинацијата од кокос и ванила(нешто што барав одсекогаш и најдов!),преубав благ мирис. Ама па многу ми се скапи..740 денари .. Ако подсоберам повеќе парички може ќе се частам,ама ќе видиме Некој случајно да не ги има користено да каже два три збора?
Мене лично поубаво ми мириса тој од калинка и манго. Овој од црешов цвет го немам користено, но имам користено спреј за коса со тој мирис, не ми се допаѓаше нешто особено мирисот.
^^ Ги има во Рамстор,одма е спроти маркетот доле на први спрат. Како тезгичка е местото,последната тезга од сите тезги во таа линија е. И имаш многу продукти за тело,парфемчиња на точење има ќе го видиш одма нема шанси да се утне Во врска со трајноста незнам,тоа и мене ме интересира зошто немам сеуште купено
А колку мл се? И дали се овие оние истите акуалин,како парфемите розевки што беа, sugar некако се викаа ? Кои се овие?Каде ги има?