Да да тинкербел тие се,акуалин што го имаат и тоа едно парфемче/спрејче Pink Sugar. Милитража им е 150 мл. доста се големки(високи) Спојлер Да не имаш нешто користено од овие?
Мене и двата спрејови ми се допаѓаат како мирисаат, но поубав ми е првиот тој што е од калинка и манго
^ Јас од Аквалина го имам Пинк шугар парфемот, многу е силен и долготраен, тешко шеќерен, многу благ парфем. Ама мене ми се допаѓа. Од спрејчињата имам пробано неколку тестери, трајни се навистина, но цената им е височка. Тоа од кокос и ванила со анис ми се допадна, од малина е убавко. Жолтото од пачули лично мене не ми се допаѓа, а имаат едно со бадем-арома, е тоа е отровно просто. Сепак треба да се отиде и да се проба тестерче.
Не сум ги пробала,незнаев ни дека ги има Ама сега се заинтересирав,кога ќе одам накај рамстор ќе ги мириснам,сигурно ќе има некое по мој вкус
Тука не сум ги видела, роднините од Канада ми го донесоја. Прилично е голем 236 мл, а долу пиши дека е 12$, тоа е околу 350-400 денари. Им завидвам во другите земји дека имаат многу поголем избор на производи во продавниците, во споредба со Македонија
Ај ве молам препорачајте ми некој спреј за тело ама од кокос да е...Од Фрутини нема,уствари мислам синиот дека е ама не ми се допаѓа.Сакам баш на кокос да мириса,и да не е како водичка,сакам погуст некој.Кажете предложете ми некоја фирма.Да не има од Викторија Сикрет?кој користел нека сподели искуство. Благодарам.
Благодарам Баш си мислев ај tinkerbell нека се погоди да ми одговори. Незнам што ми стана со кокосот ова лето,само знам дека сакам да мирисам на кокос... се запнав да го пронајдам најидеалниот,и утре морам да го имам.
^ И јас многу сакам мирис на кокос баш ми е мирис на лето.Овој од ВС не сум го имала ама го имам мириснато и убав е. Јас сега моментално користам лосион за тело од кокос Ти ако знаеш некој спреј што мириса како на млеко за сончање да ми кажеш Пак како на кокос мириса,ама не баш чист кокос хммм незнам како да го објаснам мирисов
Летниов период ги користам спрејовите на Avon Naturals - црни цреши + морско оревче и калинка + манго. Многу се лесни и освежителни, а кога ќе прснам мирисот останува на мене по цел ден.
Те разбрав јас и јас бев впуштана во таква потрага ама нема таков спреј...тоа ти е коктел од креми за сончање тогаш се осеќа таа миризба.А да пробаш со тие спрејовите за после сончање,има на сите фирми можда најблиску до тоа што бараш ќе пронајдеш нешто.Замисли каква нота имаш замислено во главата некаде гарант си помирисала некоја цура или ти дошла некаква инспирација од нешто што си го почувствувала со носето.И јас некогаш барам нешто ама незнам што точно,некоја моја замисла а незнам како да објаснам.Пробај со афтер сан спреј некој има што мирисаат така слично летно,некои се грдички некои се супер. Мислам дека некаде видов некој спреј или лосион таков портокалов цел летен ама не сум го мириснала од поскапиве фирми беше ама по амбалажата имам чувство дека е баш некој таков коктел Јас сум ти некогаш сакам кажам незнам речам битно јас и ти си се разбираме... Ќе го пронајдам и ќе ти постирам.
Тоалетни води се ај погледни мислам има и лосиони http://www.fragrantica.com/perfume/Est- ... 11537.html Ги има повеќе вакви летни.Незнам како мирисаат,а ќе ги пробам.Мислам имаше лосион од истите и беше портокалов Јас замислувам дека мирисаат така како што баравме ама не сум сигурна.Пробај.
Го немам досега видено овој,но ако го има ќе го мириснам.Како и да е потрагата продолжува хахаха а овој кокос од ВС каков што сакаш ти е доста сличен на тој мирис летен.Сепак мене кокос ми е мирис на летото
Спрејови ги користам најмногу од Авон овошните.Најомилем ми е лубеница сега за летото баш онака летен мирис има.Инаку имам и еден од викторија сикрет од јагода и шампајн ама баш и не ме бендисува.
Моментално имам од Авон, со мирис на темјанушка и личи. Претходно имав од лубеница, пред него од цреша. Последниов ми е омилен: За жал, не траат долго. Но добри се додека траат