Е за ова, ако имаш некој да си нарачаш или ти ако одиш накај Америка да си купиш, таму се дупло поефтини, односно тродупло, овде е 1400 спреј во Америка е 400-600. Напукани цени на се има во државичкава наша, претеризам, знаат дека луѓево ќе се лажат по ВС па ги набилдале.
јас сум презадоволна од спрејовите за тело на АВОН, прекрасен мирис, цени достапни за секој (130-160 денари) и плус ако ги користиш во комбинација со гел за туширање и лосион за тело траат дупло повеќе.
Женски,да ве прашам за таа продавничката Пинк сикрет,во Аеродром кај ред кафе,јас имам само поминато таму ама не сум влегла.. Ме интересира цените на спрејовите,се исти свемирски како и низ Космо? Или е поефтино? ( иако ми нема логика ама да си прашам ) Ако знае некој нека пише
Цената е 800 денари, 250 мл. Иста цена се и геловите за туширање, а мислам дека и пилинг има, иста цена.
Авон-спрејови за тело Барам спреј за тело од авон . дали вие користите какви се? дали да порачам од авон или некои други ?
Авон-спрејови за тело На каков спреј за тело конкретно мислиш? Во Авон имаш повеќе видови, имаш од колекцијата Натуралс, имаш дезодоранси, спреј за тело од колекциите со парфеми, значи исти мириси како и парфемите...
Oвој го користам најчесто. Тие од Авон ми сметаат на кожата. А овој баш ми е супер. Во глобала задоволна сум од сите производи на Балеа.
Јас начекав на clearance спрејови на Victorias Secret , по два ипол долари. А овде ќе ми ги продаваат по 800, идете убијте се Ги имам долунаведените, прекрасни мирисаат а и трајноста не е лоша споредбено со другиве. Првите два ги начекав за ич пари, а другите ги купив во комплет ги даваат 5 производи за 30 долари .. што значи по 6 долари излегува што исто е смешно за разлика од нашиве цени тука за истите работи.
Нова сум и ми е многу мило што ја има оваа страница, се разбира и форумот, просто сум зависна од неа. Всушност, подолго време ме мачи еден „проблем“. Не знам дали некоја од вас дали го има користено и дали се сеќава на еден спреј за тело што порано го произведуваше Авон ама моментално не можам да го најдам во каталозите. Се вика Island Vibe и премногу добро мириса . би ви била благодарна ако ми кажете дали можам се уште да го порачам тој спреј или да најдам некој мирис што е сличен на него
Денес ми стигна од оваа линија http://www.sinaisharm.com/theshop/images/mystique.jpg спрејот за тело...преубаво мириса (неможам да најдам слика од спрејот )Топло ти го препорачувам Исто така и овај е убав http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... H0VbS-cJG8
Pear glace од старата колекција на Secret garden. Уште овој го немав купено и да бидам искрена најмалку ми се допаѓаше. Но, во Космо старата колекција беше на добар попуст (600 денари), па немаше голем избор. Така и се одлучив за овој. Но, некако полека се вљубувам и во овој мирис. Треба да е круша, а мене ми мириса на диња , ама убаво, свежо, секси, а е многу траен.
Денес ми стаса Срејот за тело од Авон од Јагода и Гуава и морам да ви кажам дека ич не ми се бендисува, незнам некако нема убав мирис
Моментално ги имам овие два. Овој од калинка повеќе ми се допаѓа , ме изненади трајноста, многу е трајно. Вториов е послаб во трајност.
- Berry kiss Го имам,и користен е само 2,3 пати.Бидејќи јас сум вљубена во Пјур седакшн овој не го користам,ако е некој заинтересиран нека ми пише