Го имам користено спрејот Natural (од Авон) од цреша. Прекрасно мириса. Моментално го користам спрејот со мирис на јаболко. Не можам да му одолеам. Штета што веќе го нема во каталогот.
Го имам Мистик на Авон и спрејот од цреша. Ок се и двата, иако не можат да се пофалат со некоја особена трајност. Мистик е малку потешок, додека црешката е многу полесен, пријатен и пролетен спреј. За парите се пристојни.
Спрејовите на АVON најубави се. Јас си го користам тој со мед и млеко. Имам цела колекција од мед и млеко незнам зашто но ете многу се убави многу
Моментално го имам овој Авон од Јагода и гуава Спојлер и ич не ми се допаѓа, не ми мириса убаво Инаку од Авон сакам да ги вратат од Црешка и Морско оревче Спојлер и True Glow, парфемот мислам дека сеуште го има ама спрејчево го нема а преубаво беше, тареше и мирисаше преубаво Спојлер
од авон се прекрасни но сега гледам во голден роуз има едни за 220 денари 200 милилитри убаво мирисаат па да ги пробам инаку го имам од калинка од авон
Барам спрејче за тело од ванила или чоколадо, да не знае некој каде има? Ги знам оние на Фрутини и Авон, супер се тие на Фрутини ама сите им се овошни мислам. Ама тој на јагода што мириса морам да го пофалам, прекрасен е
Тој што ги користи од викториа сикрет спрејовите ако можи да ми кажи кој е најубав и најбитно најдолготраен?
Ако некогаш имав убаво мислење за спрејовите од Авон сега дефинитивно е сменето.Смрдат на ракија, или мене така ми смрдат незнам.
Се придружувам во групата. И мене ми смрдат на ракија. Се напрскав и потоа влегувам во собата, се прашувам, што мириса на ракија? И ми текна дека е од спрејот.
Девојчето што седи до мене се прска од некој од тие да не претерам, ама 2-3 пати сигурно. Замислете како ми е. Еднаш и кажав дека не мирисаат убаво, ама си тера...Барем да не ми прскаше до носот цело време.
Јас користев неколку спрејови од Авон ама ич не ми се трајни,а инаку убаво мирискаат најубаво ми мирисаше тоа од цреша и оревче ама веќе го нема одамна мислам. А инаку имам користено и од црешов цвет,калинка,темјанушка и личи, кокос,лубеница,јагода(тоа е на второ место) и мн др. мислам дека сите вкусови ги имам пробано.. Точно сестра ми прееска се напрска и ни замириса така одвратно абе тоа чудо едно..
јас користам моментално од авон од калинка во комбинација со гел за туширање и лосион за тело од калинка цел ден мириса преубаво исто така сега новиот од кајсија и шеа путер мириса мн убаво... во новиов број го има little black dress како спреј за 169 денари почнав да го меркам ќе видиме како ќе се пока жи
Кој не ги пробал нека ги проба, нема да зажали Моментално го користам розевиот и го чувствувам на мене и по 5-6 часа.
Моментално го користам овој и морам да кажам дека не сум многу задоволна, мирисот исчезнува после еден час најмногу. Инаку мирисот е добар малку! Овој НЕ ви го препорачувам (последниот од тие три)
Собирам пари за спреј од Викторија сикрет, ајде ќе биде На страната гледав за 1200 денари може 5 да купиш кај нив, а кај нас едно Инаку оф топик, да не порачувал некој да ми каже дали е всушност можно тоа, дали носат до тука?