Конечно ми стигнаа кремот и спрејот за тело Pure Seduction на Victoria's secret. Не се разочарав, жива среќа сум Мирисаат како сон, благи се женствени, разиграни, иако сепак мислам дека мирисот не е погоден баш за зима бидејќи имаат овошни ноти. Искрено не очекував дека ќе имаат ваков мирис, бидејќи Pure Seduction очекував да имаат некои цветни по гламурозни ноти.. според името ама како и да е. Наредниот пат ќе ги пробам и Love spell лосиончето и спрејот. Инаку спрејот е речиси како парфем, доста е јак и еве до сега сеуште не испарила миризбата а одамна се напрскав, така да што се однесува за трајноста мислам дека нема да ме разочараат. Се на се, мислам дека се солидни.. сепак се марка ама според мене малце се преценети, 900 денари за 250 милилитри не вреди, ама добро ајде.. не се купува Викторијас сикрет секој ден, да речам еве и јас еднаш сум имала сум ги пробала. За тие пари секако дека можат да се најдат и далеку подобри ама сепак име си е име.
Некој предлог за спрејче што не мириса овошно, чоколадно, тужно благо...или најубаво кажано на никаква храна, туку нешто што мириса на чисто, свежо или некој поженствен цветен мирис? Секако тука отпаѓаат тие на ВС, барам идеја за нешто со понормална цена
Дечки сакам да ве прашам за В.Сикрет спрејовите...сакам да купам за поклон за драга личност,али особава е по женствени мириси,мислам дека го користи хипнотикот на Диор,така некако ми мириса често,ама јас немам користено од спрејовиве такада не знам кој да го земам...дали Love Spell,Pure Seduction,Hello Drling..?
Според тоа што викаш дека го користи Хипнотикот на Диор, ја би ти ги препорачала овие на Викторија : Спојлер ( Лав спелов е прилично свеж, али не верувам да не и се допадне ) Јас би ти ја препорачала исто и Ванила лејс ама мислам дека кај нас ја нема,и уше некои што исто така ги нема.. Според мене амберот е најблиску до Хипнотикот со јачина па мислам дека најдобар избор би ти бил тој Така мислам зошто јас го користам Хипнотикот на Диор и амберот ми се допаѓа многу бидејќи сакам благи и потешки мириси па претпоставувам и нејзе исто така би и било.
Препорачајте ми некој спреј за тело ама со дискретни светки. Не онакви големи ,налепени на кожата,туку дискретно да светка после нанесувањето,да и даде изглед на здравје на кожата.
Ги има ли некој користено спрејовите за тело од авон? Долго ли траат ме интересира? Јас си порачав еден од роза и нешто чоколадо ама незнам како траат.
Ги имам пробано речиси сите, според мене најдолготраен е тој од калинка и манго, инаку можи да се кажи дека се долготрајни.. али спреј како спреј, и најскапиот да го земиш таа ќе му биде трајноста.. не е парфем.. Ете јас сум ги користела и на Викторијас сикрет спрејовите па овие од Авон ми траеле подолго одколку тие
Јас ги користам речиси сите , омилен ми е од Калинка најсвежо ми мириса посебно во овој период а добар мирис има и тој од црешов цвет во овој каталог најновиот има од слива и тој мириса убаво од тестерот како што осетив па нареден на листа ми е тој . Како што ти кажа MayDiamonds погоре спреј е спреј не е парфем но сепак добри се за тие пари
Да си се надоврзам и да прашам, дека го имат спрејов за тело? Го немат никаде, ниту во Рамстор, а многу ми се бендисува, имав земено од карамел, веќе ми се потроши и сега го барам троа долго време, го немат никаде или го имат а јас троа ќорава не го гледам.Имаа повеќе, не беше само од карамел, но изгледа само на карамел ќе си останам, зш слатко ми мирише.Освен ако не го тргнале од продажба, па затоа да го нема