^ Jас мислам дека скоро го видов во Макси де, баш имаше тогаш и акција два спреја за 250 ден. е сега дали ја направиле таа акција за да ги распродадат побрзо последните залихи.. незнам , а можно е. Во Рамстор често го имаше незнам зошто би го немале А баш ќе проверам низ град ако ги најдам ќе пишам во темава Спојлер Иначе, Гордана ако сакаш јас ќе ти го подарам ми стои уште пола шише веќе се презаситив од него ми фаќа прашина на полица Сериозно
Па супер, два спреја, во Рамстор беше 200 денари, ама ете го нема таму, неколку пати проверував, го немаше.Ок, ако случајно го приметиш спрејчево некаде, пиши ми да знам. Ам, чувај си го мор спрејчето, може ќе ти притреба :geek: , за мене не е проблем, ако го најдам, ако не, здравје, сега ми се бендисувало, тоа е, некој нема авион, а не та спреј
Да ве прашам сеа во новиот каталог на Авон видов еден спреј од темјанушки за 109 денари. А некаде па меѓу првите страни видов парфемирани спрејови за тело за 139 денари. Сега се мислам кој да си го порачам дали тој од темнунушка или некој од парфемираните на нив пишува на едениот passion dance на другиот purblanca a на третиот celebre. Имате ли користено некој? Како сте задоволни? Траат ли?
Јас го користам спрејот од темјанушка и задоволна сум.Има дискретен цветен мирис и со малку прскање се забележува.Меѓутоа парфимираните спрејови траат подолго.
Парфемираните спрејови имаат мирис како парфемот што го пишува таму на нив. Доколку го знаеш парфемот сметај слично ќе ти мириса и спрејот. Јас не сум користела такво до сега, мислам воопшто не користам спрејови но слушам дека тие парфемираните биле многу добри, мирисот траел повеќе и повеќе се осеќа. А и плус за тие пари тоа можеш и како парфем да го користиш, ептен се исплаќа.
Спрејов е перверзии. Се лигавам како сладолед на +40, не знам како сум можела да одолеам толку време и да го избегнувам низ парфимериите.
јас најчесто од калинка го користам, но стварно не траат долго, а што се однесува до парфемираните исто од Авон подолго траат и им се осеќа повеќе мирисот, поубави се ама ги нема во секој каталог, а кога ги има ретко ги ставаат на попуст
Вчера ми дојде ова. Вистина е дека не се трајни, но ова изгледа е потрајно вчера ставив и до денес ми мирисаше маичката . А тек каков мирис има
Јас го имам pur blanca и според мене преубаво мириса и трае пробај нема да згрешиш но, сепак се работи за вкус
Ми треба спреј за тело! Не сакам авон,орифлејм или некој што би го чекала да пристигне...туку да отидам и да си го купам.. Препорака Не сум од Ск. Ми треба каде што би го имало во Штип,Струмица,Радовиш Какви се тие спрејови Фруттини?
Епа пробај ги фрутини тогаш, тие ти се само на располагање. Во глобала сите се овошни да знаеш, освен едно-две.. Цените им се од 200 до 240 максимум. Зависи нели каде ги купуваш, варираат со цени. Побарај низ веро, тинекс, макси де.. и некои маалски парфимерии сигурно ги држат Еве ги како изгледаат : И трајни се да знаеш
Никогаш до сега не сум била алергична на нешто од кога почнав да го користам ми се појави. Убаво мириса и трај