Моментално го имам овој. На една пријателка на мајка ми и пратиле повеќе вакви и еден на мене ми подари. Прекрасно мириса.
Со тие од Авон си ја освежувам собата и WC-то. Мене тие од Фрутини ми мирисаат гадно, по ѓаволите. Еднаш прснав ананас и другото од малина и што да кажам - некои чудни ароми, кои ми делуваат како промешани со прашина. Тие што ги спомена Старфиш на BeCool, се верувале или не - наш производ, Галеника ги прави. За тие пари не се лоши. Останува да ги пробам спрејовите на Рефан, од тоа што го прснав - убаво мирисаа, само не знам колку траат, а цената им е смешна - некои 150 ден, за 100 мл.
VS се преубави, а од авон ми се бљак. Имам еден од јаболко од Галеника (Be Cool) кој бев принудена да го купам зашто ми падна шишенцето и се скрши , и прскам од него понекогаш - освежувачки е, но најчесто го користам како спреј за простории.
Јас користам спрејови од Авон, ама не тие овошните, туку оние што излегуваат со серијата парфеми: Little Black Dress, Little White Dress, Percieve, Pur Blanca... Прилично сум задоволна и сите убаво ми мирисаат.
На Авон ми се допаѓа спрејот од Цреша (целата колекција ми се допаѓа) Инаку во моменов имам колекција (млеко, купка и спреј за тело) блубери од Викторија Сикрет и не ми се допаѓа
Јас имам два од BеCool со мирис на брусница и јагода. Јагодата баш и не ја користам, единствено за освежување просторија чат-пат (мириса на бомбончињана нискобуџетни за коледе што ги даваат ), ама затоа брусницата ми е преубава (а и инсектите ја сакаат-докажано ).
Mене денеска ми стигна овај спреј,го имав нарачано преку ебај,абе живи радости сум,само го мирискам и прснувам по малку на фрутини купив еднаш од Tинекс баш ваков,ми се повракаше,најодвратна миризба што постои е сега имав земено уште еден ама незнам што фирма беше,од праска беше убаво мирисаше,ама многу лепеше
како сте задоволни од спрејчињата на викторија сикрет?ги порачав love spell i pure seduction ги има некој користено? некаков коментар уште пред да ми стигнат да се радувам
со оглед на тоа дека и мене love spell ми е омилено,значи ова другово нема да ми се свиѓа ај криво ми е можеше друго да нарачам,вака по описот фино ми беше ајде ајде ќе ги испраскам летово, по свежо е нели??
Па што знам,не е свеж,мене ме потсетуваше на розевиот си-тру,ама оддамна што беше...не дека е ептен лош,ама мене лично не ми се допаѓа многу многу.
Јас не користам многу спрејови за тело, повеќе сум по млека и лосиони. Е сега едно време го имав спрејот од Авон од цреша и оревчиња, ок е. Мада лосионот поубаво ми мириса и го користам него одвреме -навреме. Инаку во Јуник има спрејови од Викторија сикрет, лосиони, гелови за туширање... баш пред некој ден видов.
Розевиот мириса послатко, за разлика од виолетовиот. Мене најубав од спрејовите од Викторија Сикрет ми беше Амбер
од AVON ги имам пробано: од јагода со црни цреши и оревчиња Тахитиан(зелен е , и мириса онака ориентално) одамна го нема во продажба а имаше и тоалетна вода од Фрутини : од цреша од краставица од малина
Јас Амбер спрејот, портокаловиот го добив неодамна на подарок. Многу ми се допаѓа мирисот. Гледам сте пишале ги има спрејовите на Викторија Сикрет во Јуник. Сакам да го пробам и виолетивиот Лав спел, шо цена им се