Од 1 до 10 колку сомнително ви изгледаат новиве спрејови за тело Dear body, гледам ги рекламираат во Космо? Според тоа што прочепкав на брзина на интернет ми изгледаат на некоја кинеска роба...што не мора одма да значи дека се лоши, ама па не ми е и баш сеедно Инаку на 20% попуст се моментално, од прилика нешто под 400 денари и има доста избор. Долго време барам вакви спрејови, да не мирисаат на нешто за јадење, а сепак да се со разумна цена. Ги користел ли некој?
Мене ми се ептен сомнителни. Се гледа дека ги набавуваат за џабе, 400 денари е премногу за ваков производ... цената воопшто не е разумна. Не би ризикувала. Види ги спрејчињата во Рефан ако ги носат уште, не се лоши.
Леле грабеж. Ете не ни стигнав да видам набавна цена, а сепак нешто ми „смрдеше“ и онака. Отпаѓаат дефинитивно. Фала ти инаку @LivingGlam за идејата, сум заборавила на Рефан дека знаат да извадат интерсни работи, ќе проверам деновиве.
Може многу лесно да си го направиш и сама. Нема нешто пубаво од персонализиран спреј за тело. Ако сакаш може да ти дадам две варијанти со и без алкохол. Поздрав.
@Biodevojka слободно сподели кога ќе имаш повеќе време, или доколку веќе имаш некоја готова статија што не сум ја видела. Баш би сакала да прочитам.
немам драга, ама ќе направам. И јас обожавам спрејови за тело особено летно време, еве баш во една од следниве статии ќе направам два три вида на спрејови. Ќе видиш колку е лесно и забавно. Поздрав.
Здраво драга, како што ти ветив направив една статија за спрејови за тело и тоа имаш три рецепти. Со оглед на тоа што ја направив во соработка со еден сајт дама, ќе оставам линк во темата Блогови за козметика. Поздрав.
Оној од слива и ванила ми беше незаменлив, се' додека не престанаа да го испорачуваат. Сега користам бело чоколадо и јагода, волшебно е
ne sum go koristela no mi go poracuvale I go falat. Posledno Koj go koristev bese od Avon so miris na magnolia. Preubav I nezamenliv. Brzo go potrosiv.
Ги има во ДМ (би требало и низ другите маркети), ама можно е да им е сменето пакувањето, не сум сигурна. Не се лоши, како спрејчињата за тело од Авон се, отприлика. И цената е слична.
@Mishela @marchi-cool фала женски Не сум ги пробала, но една другарка ми ги испофали. Ги барав во Рамсторот во Сити Мол но не ги најдов. Обавезно ќе ги пробам
Препорачајте некој лосион за тело, што има убав траен на телото мирис. Само не од Авон цветните и овошни воопшто не се осеќат и Балеа имаше едни такви цветни и овошни без врска. Може во стилот на Seventeen нешто, ама да не се скапи многу со попристапна цена
Не практикувам спреј за тело, зашто си ставам млеко за тело, кое ми мириса преубаво и немам потреба од спреј.