Значи ова ми е откритие на денот. Влегов набрзина во дм, имав буџет за крема и спреј за тело, ама зедов и гел за туширање. Е, сеа пазарев за сестра ми. Гледав да е до 270ина денари и овие ми паднаа во очи. Ич не ни приметив дека имаат glitter во себе... и реков ај ќе земам, па ако не ѝ се свидат... тоа е тоа, јас ќе користам. Синиот го зедов, леле луѓе поубаво нешто не сум купила досега. Маслен е, многу убаво мириса и има суптилни светки што се познаваат на телото. Не сум ги приметила досега, предобри се, ќе купам пак дефинитивно. 160мл за 275 денари.
Видов вп дм на рајана спреј за тело и мн убаво ми мириса .Е сега сакав да прашам пошто не сум користела досега,дали може да биде како замена за тоалетна вода или....
Јас скоро купив на B.U. спреј за тело од дм, преубаво мириса, некоја цветно-блага арома, има повеќе видови за сечиј вкус.. Што е најважно од се, долготраен е, презадоволна сум. Цена: околу 300-350 денари ама големко е шишенцето.
Не сум фан на спрејови за тело, ама го добив ова на подарок и нон-стоп го употребувам, преубаво ми мириса:
Оф леле, купував порано на ВС веќе не, ќе ги зачувам тие 1000 денари и ќе си купам поскап парфем кој ќе ми трае цел ден. На ВС свежите спрејови не траат воопшто, а благите мириси не се баш за во секој период од годината. Еднаш имав купено Dear Body спреј за тело, демек исти биле со ВС, водичка во боја се..
Фрутини најубави се. Мене ми траеа повеќе одколку што се очекува од еден спреј. Јас го земав од Рамстор Скопје пред 8-9 години. Од тогаш немам сретнато.
На официјалната Victoria’s Secret страна има спрејови за тело за $7, а кај нас над 1200 денари се. Претеризам Да не купувате или нарачувате од некаде за поефтини пари од спрејовиве? Само овие не ми прават алергија, сè друго ми е преагресивно ама не ми се даваат периодов многу пари за нешто што не трае долго, а богами и којзнае дали се оригинални кај нас.
Огромна пофалба за спрејчињава, околу 150 ден. Долго траат, прекрасно мирисаат кое и да го одберете, јас го користам првото моментално. Ги купувам од Golden Rose.
Па би требало во сите Golden Rose да ги има, минатата недела им стигнаа баш чекав да ги добијат. Конкретно за дуќанот на рекорд ако си на поминување прашај, јас купувам од тој кај соборна.