Одличен е, и јас го имам во сет со лосионот. Задоволна сум и од мирисот и од трајноста. Сакам да ви препорачам еден спреј за тело. Доколку сте љубител на мирис на ванила и кокос, сигурно ќе ви се допадне. Станува збор за Manoard Chicita. Јас ги купувам од Србија, но може да се најде и кај нас во било која ДМ дрогерија. Мириса преубаво, на лето, на сладолед од ванила што би рекла јас. Не е нападен, не е тежок, туку баш пријатен. Кошта само 400 денари за 250ml, а на коса и на облека ми трае и до неколку дена. Јас бев шокирана бидејќи трае подолго од доста поскапи мистови, па дури и парфеми што сум ги користела. Секако дека секој мирис на секоја кожа различно трае, но генерално и од други сум слушала дека им траел и дека се задоволни. Еве и слика. Касно ти одговарам, знам, но ти препорачувам доколку идеш за Грција, да застанеш на фри шоп на граница. Често имаат акција за производите на VS, конкретно на лосионите и спрејчињата за тело. Последниов пат кога бев, имаше акција 3 спрејчиња или лосиони по твој избор за 36 евра. Многу поисплатливо од нашиве парфимерии кои продаваат едно спрејче за 1600 денари, на пример.
Ги има во ДМ дрогериите, три или четири модели се само од овој бренд, но би требало да го најдеш. Спрејчето е врв, нема да згрешиш. Баш сподели впечатоци кога ќе го пробаш. ❤️
Еве уште една препорака за спрејче. Во Македонија не е достапно, па ако ве носи патот за Србија, го има во Лили и ДМ. Преубаво е, а не е скапо. Периодов е на акција. Има и парфем, тој е уште поубав.
Првиот го имам порано користено. Женствен убав мирис имаше, траен солидно беше, не е лош. За есен и зима е.
Да ѓи пофалам спрејовите и све што продаваат. Вредни за секоја пара, ѓи имам сретнато само во Грција. Преубаво мирисаат и се многу освежителни. Продаваат и козметика за лице и парфеми. @koritsaki ги имаш ли сретнато?
Да го пофалам овој спреј, купен од ДМ. Долготраен е. Мириса на ванила. Нешто помалку од 400 денари беше.
Немам доволно зборови да го испофалам колку е добар и долготраен. Не знам ни сама колку шишенца имам потрошено, посебно за лето ми е врв мирисот. Добар е и ванила блосом, а сега за овој период маноард голд во златно шишенце што е. И уште еден да препорачам, нов е, јак, сладок и долготраен е. Истата фирма ги прави и Маноард и овие. Не сум некој "фан" на Зорана, нити ја пратам, ама парфемите и спрејовите многу ѝ ги сакам, сите до еден и се преубави. Прв пат кога пробав тестер во Лили Србија, ме убеди вработената дека се добри и ги купив, и не зажалив. Некако ми се слични еден на друг, сите мирисаат слатко, имаат ноти на ванила, кокос, шеќер.. и се едни од најпостојаните што сум ги користела, ги осеќам по цел ден на мене и да не претерам ама и после перење мириса облеката на него. Да се надеваме дека ќе ги донесат во МК.
Да да, имаат продавници Dust&cream во секој град. За тело производите ги немам пробано. Најчесто парфеми на точење и лакови за нокти