Повеќе сум по лосионите и путерите за тело,но за во лето користам и спрејови онака за разладување , а и имаат добар мирис. Најчесто користам од спрејови за тело од Авон ..моментално користам од јагода и гуава пред 3 месеци користев спреј за тело од авон со кокос...иако го обожавам мирисот на кокос овој спреј ме убива премногу е за мене !И ене го така стои во полицата (украс) .. I would never !
Па 2-3 илјадарчиња колку што паметам. Прескапо.[/quote] спреј за тело 2-3 илјадарчиња???[/quote] aбе ајдеее толку мнооогу?пффф не се нормални
Извинете, ама вие сте луди, да дадам 1300 денари за спреј? Па убаво се сеќавам кога ми ги донесоа на нив пишуваше 3 или 5 долари, не сум сигурна точно. Еве и да била 5 долари, тоа не е ни 250 денари, што е и реална цена за спреј, ама да дадам 1300 денари, нема теоретска шанса, ќе си додадам уште малку пари и ќе си купам парфем, барем ќе ми трае повеќе- спреј како спреј се знае колку трае. Зарем не се чувствувате измамено да дадете толку пари за обичен спреј? Па што дека е Викторија Сикрет, аман Барем ви дадоа ли и ќесе од Викторија Сикрет, онакво розево?
да и јас видов дека се толку, кое спрејче го зема?? иначе во америка тие што се 5 за 30 долари се без пресметано ддв одприлика излегува 5 за 45 долари, другарак ми купува, сега чекам и мене да ми донесе едно е 9 долари па си нарачав двечки едвај чекам да ми стигнат!
Претеризам!1300??? Другарка ми лани се изнакупи такви спрејови...ама штета што и ги запленија на царина (за да си ги раздаваат меѓу нив )...да дадам толку пари само за едно спрејче... Ќе го добијам така...
Епа ова е Македонија, ако не прават овде будали каде на друго место? Инаку појдете сами во Јуник и уверете се. И тоа посебно се заклучени во стаклено. Шта да ти причам, мислиш прстен дијамантси купуваш.
е добро што, имало желба девојчето да си купи си купила, сеа некој што може да оди да си купи 10 спрејчиња,некој нема никој друг на страна да порача или било како, 1300 си имал некој си дал што има тука претеризам?извинете за офф ај да добиеме и ние така,може?
Јас имам спрејче, гел за туширање и млеко за тело од Викторија'с сикрет, виолетово е, мислам дека Лав Спел се вика (сега премногу сум залегачена на двоседов за да одам до горе да видам како се вика ), ама тотално ме разочара, воопшто не ми се допаѓа!
Лина јас нагласив негде дека се обраќам некому? Не.Мене ми беше коментарот околу цената...мое мислење.Кој како сака колку сака нека дава и купува, негов избор.
За малце ќе паднев од столчево Јас од 300-400 денари не очекував фазла, ова е ептен, не фала, не од ВС да се, а бе со 24 каратни златни зрнца нека е
^^ да точно е тоа околу цената, ама веќе кога нема конкуренција ќе ставаат огромни цени! иначе околу викторија сикрет една моја познајничка сакаше да започне бинзис во Македонија со викторија сикрет, затоа што сестра и во америка е менаџер само и рекле дека треба 10 000 евра за да ја купи лценцата и со секоја нова колекција да доплаќа нешто како продолжување за постоење и плус незнам некој лимит од 10 000 евра за порачување на производи, така да кај нас тие што се во јуник и космо тинекс може и да се на црно! ама што е тука е кога немаме друг избор! извинете за офф
Имам лошо искуство со спреј за тело. Со самото нанесување на телото ми остави флека со која се борам и до ден денес. Што ти не ставав и секакви избелувачи за кожа и ништо не помага. Признавам само парфеми.