Спрејовите во добар дел содржат алкохол и ако потоа си излегла на сонце,од тоа ти се направила флеката.
Не ми текнува како се вика ....мислам дека беше Росал или Рексона нешто такво беше. Знам дека содржат алкохол туку јас изгледа од многу блиску сум прснала. Туку некој лек, знаете? И кај др. Дохчев бев....
Ааааа таков спреееј...е да,тие горат,затоа се само за под пазуви и на растојание од 15 сантими.Јас затоа престанав да ги користам и сум само на стик сега,зошто немав осет и стално ме печеше кога ќе се шприцнев и ми остави еден изгорено кругче,кое е сега потемно,ама среќа не е на видливо место,а и не е големо. Види со крема против изгореници или со крема за белење на флеки,мислам дека беше Здраве.Мора да постои начин.
Е ме испече мене квалитетно и од тогаш такви и сл. работи никако. Да, и мене ми потемни и кога излезам на сонце уште повеќе потемни и без фактор 50 да се намачкам на тоа место не излегувам надвор. Користев од Мустела избелувач специјално го нарачував едно 3 тубички потрошив, користев од Авене, користев Неутрогена мислам така се викаше таа колекција, ми препорачаа и Лала крема онаа што порано ја користеле жените. Едно време си помислив да земам од албанките оние нивни креми со кои што си го избелуваат лицето ама истражував малку и верувале или не ставаат жива во тие креми за да имаат такво лице. Едно време и со лимон се триев и мислам дека така малку ја избели флеката. Е таа Здраве немам пробано.
Јас летно време си го користам спрејчето од оревче и цреша на Авон, а зимно време ванилата, од истата колекција. Задоволна сум.
Иритирана од нереалната цена на спрејовите за тело од Викторија Сикрет во Kосмо морав да ви сликам едно од спрејчињата кои јас ги имам за да видите колкава е неговата реална цена Цената од 1300 денари е навистина претеризам
јас си порачав и на него имаше цена 9$, од кај ги купи овие? или си ги порача, ајде ќе правиме бизнис земај ги ти за 3$ јас по 6 ќе ти ги плаќам, стварно сакам уште 2 3 да си купам! може одговор, си ги порачуваш од некаде??
Кај ја најде ванилата од истата колекција жити Господ? Таа ја нема минимум година ипол наназад во каталозите. Ја укинаа и место неа извадија нови колекции.
Веројатно тука му е местото на моево прашање - како сте задоволни од спрејовите на Рефан? Една другарка има и во моментот кога ќе стави мириса фино ама по неколку часа ми мириса на скапано, на грдо. Дали и на вас ви се случува ова со нив?
^ Како бе,ни ја више 2 години минимум ја немам видено по каталозиве А највише го сакав тој спреј и млеко за тело нели имаше. И никогаш веќе нигде од ванила чисто спреј не најдов,све некои овошни грди
Имаше имаше, јас пред некој месец видов, сигурна сум. Сега веќе ја нема по каталозите, ама пред 4-5 месеци ако не и помалце знам дека ги дека имаше..
Абе да не сте грешка? Јас ги имам каталозите една година наназад, баш сега ги разлистав, ама ја нема ванилата
Јас ги сакам спрејчињата од авон но никогаш нема да го заборавм спрејчето за тело(сестра ми ми го донесе од Будимпешта)се заљубив....
Јас од претходното лето си го користам оваа спрејче од крушка а некогаш земам и од лубеница од истата фирма.Не се скапи едно 150ден.