Спрејовите за ова пролетно-летно време ми се топ. Зимно време само млеко за тело и парфеми користам. Па овие што ги имам се свежи, цветни.... Ова во комплет со млекото за тело А овие ги обожавам многу повеќе, многу мазна ја прават кожата, а како мирисаат... Ги имам ова напред розевото и црвеното до него
Моментално го користам овој спреј на AVON ама сакам да сменам нешто зато што веќе 3-4 години го користам едно па исто ми се смачи од мирисот на цреша по кој станав и препознатлива хахахахха... е ај да не станам, 4 години им мирисам на другарките на цреша. Ама топ е многу ми се допаѓа, иако не е кој знае колку трајно ...
Го имам користено спрејот за тело на Авон со мирис на јагода, но ептен јако ми мирисаше и кога ќе се прснев мислам се гушев. После си го зедов тој со цреши и сеа последно исто на Авон со мирис на темјанушка. Последниов го обожавам
Немој само да се излажеш и да го порачаш спрејот од авон со мирис на јагодаа,гаден е едноставно Ти го препорачувам оној од калинка многу нежно мириса,баш е добар.
http://www.pereja.com.tr/eng/#/PRODUCTS ... GOURMAND/4 Си купив ваков спреј(плус и путер за тело)и прекрасен е!
Многу убава работа се спрејчињата за тело, практично, лесно, не се шлакаш, а и се ладиш Јас имам користено само на Фрутини, и многу кратко ми држеше, се разочарав
Многу се практични за во лето. Си се испскаш после добар туш, ем убаво си мирисаш, ем нема да си цела мрсна како што би била од млеката за тело што се. Повеќе ги употребувам во лето. Ги користам спрејовите од Авон што се, оној што има мириса на црешка и супер ми е. :up:
Ептен се добри спрејовите за тело, посебно во ваквите топли денови се најпрактични, ем те ладат ем убаво мирисаат ем можеш секаде да го носиш Го користам моментално тој од Авон од роза и праска мммммм но го нема повеќе во продажба за жал
Не користам, имам само од B.U. еден пробано, убаво мирисаше стварно. Имам млеко за тело за после бањање и парфем за да мирисам убаво, не ја глеам сврхата на спрејот, не трае, непотребно ми делуваат. А иначе црвениот од B.U. многу е убав, како и тоалетната вода т.е. Што знам, можеби ќе земам некој па ќе се премислам.
Си ги користам спрејчињата од Victoria' s Secret- најчесто, а кога немам залихи од нив- спрејчињата од H & M кој прексрасно ми мириса. Еднаш ми се истури во чанта и уште мириса чантата, иако е перена неколку пати .
И јас го имам овој погоре спрејот со цреши и оревчиња и кажувам дека не ми е ништо посебно. Долго трае можеби, тоа е океј, но мирисот некако не ми е по кејф. Ми мириса малку тешко за летно време и за по топлово, одбегнувам да го ставам посебно ако одам на дневна прошетка. Мислам дека поинтензивно ќе почнам да го користам од есен, некако вистинско време ми е тогаш. Користам и друг спреј од Авон, Bali Bliss, а и спрејчето со мирис на калинка не ми е нешто многу лошо. Фини се и двете.