Омилен ми е спрејот на Авон од ванила ,го користев пред три години ,понежно и попријатно нешто немам почувствувано Штета што го немам најдено во ниеден каталог оттогаш ,ама компензирам со јогуртот за тело ,исто од ванила
јас ја користам и оваа колекција нешто само малку изменета од сликава а нивниот спреј за тело е прекрасен
Ги користам на Авон, тие ми се најубави, сега го користам од јаготка.. мене искрено ми мириса преубо, некогаш го ставам и милкшејкот од јагоди и од ванила, мириса преубо
Го користам Love spell на Victoria's Secret , го купив од Космо, и искрено не ме воодушеви нешто посебно, некако не ми е траен мирисот. Или можеби јас пребрзо навикнав. Инаку си користам спреј од Авон - полу масло, полу спреј, розевко, Satin Sheer, фино ми мириса, малку пудресто, но добар е за во зима.
на самите производи пишуваа Affluiana мене ми се допадна пакувањето во златна кутија се гел за туширање, млеко за тело, сапунчиња 2 мали, перли за туширање, спреј за тело и прекрасно мирисаат првпат ги користам и сум задоволна така да не ги менувам, А за тоа дали има посебно само спреј ќе проверам кога ќе ме носи пат накај рамстор, јас тогаш си ја земав цела колекција
Како се движат цените на спрејовите на ВС кај нас??? Јас од нивната колекција имам млека за тело,ама другарка ги нарачува преку нет за 8-10 евра...Ме интересира како се движат со цениве кај нас?
BC? Мислиш на becool? Ако мислиш на нив,спрејовите се движат од 130-160 макс. така ги имам сретнато јас А и лосионите се исто тука слични со цените на спрејовите.
Вториот од карамела си го земав Колку е најубав уф уф Само си се прскам,а и богами долго трае,што ме зачуди за спреј
Јас освен Викториа сикрет спрејчињата,кога немам доволно пари за парфем,си купувам од оргинал парфем спрејче.До сега имав , , и многу се трајни,супер се. Сега на ред е од Бијонсе Heat rush спрејчето
Rubii јас во Oхрид зедов две спрејчиња од BC и беа 500 денари а се 50мл Beauchamp го имав гелот за туширање од чоколадо,штета што не ги видов спрејовите ке си земав некој Tинкербел ти траат ли спрејовите,тие од оригиналите парфеми? Jас го имав од бијонсе,ама воопшто не ми траеше и и го подарив на сестра ми
Па ми траат бе,од Бијонсе не траеее?? Јас сакав да си го купам тој Мене ми траеа сите 3 (што ги постирав) супер си беа.
Иначе и ја се интересирам за нив,за цената поточно,како се движат. Прашав еднаш во темава ама никој не кажа
Victoria's secret се 1035 денари во Космо и 250 мл се,многу траат.Јас си купувам и цело лето ми траат.Сега моментално имаат 15 % попуст на оваа колекција која мириса најубаво.Би ти ги препорачала и: Овие ги имам користено и преубави се.