Овој го имам но кога ке ми се потроши планирам друг да си нарачам, од овој сум презаситена 4-5 година го користам со мала пауза.
Женски гледам од Викторијас Сикрет ги фалиет многу спрејовите, немам користено па да прашам, попаметно е спреј или млеко за тело од овие? Кое е потрајно?
Јас го имам овој на Рефан мене ми мириса токму како што сакам - многу слаткасто и моќно, но татко ми, кој инаку не е воопшто маанџија на парфеми ме замоли да не го прскам кога се возиме заедно во кола. Му мирисал евтино и на чист алкохол. Шмрк, шмрк ... вербални удари врз жена: 1 (и тоа од татичко бе) Нејсе. Продолжуваме понатаму. Го мириснав овој на Гурманд од карамел и ми се допадна. Цената не ми се допадна. Скоро 300 ден. Абе ајде. Што ме води до наредната констатација - сериозно ви се даваат над 1000 ден. за спреј за тело? Да знам дека Адријана Лима лично ќе ми го потпише спрејчето од VS, пак нема да го купам за тие пари. А овие две ги имам користено на времето од Јуник, некои 230 ден, мирисаат многу нежно и воопшто не се нападни. ова е малку послаткасто, а ова посвежо, мириса на море и плажа. Спрејовите на Авон исто не се лоши, со тоа што мразам да ги чекам да стигнат, што не си отворат продавница бе, аман?
Вака ги немам пробано млеката за тело,ама затоа спрејовите да. Верувај ми,исто како парфем да имаш ставено. Интезивно и долго мирисаат. Само би ти препорачала да си порачаш преку сајтот или пак доколку одиш во странство да купиш,бидејки се многу поефтини него тука.
Девојки сакам да си го порачам спрејчето со мирис на лубеница од Авон т.е. целата колкцијата од лубеница пошто им е на попуст 300 денари сите три работи заедно. Па како мириса, убаво, баш на лубеница или нема врска?
Да,баш на лубеница мириса,мноогу е освежителен,ептен е убав и спрејот,и цела колекција Земи си го нема да згрешиш
Сакав да го нарачам тој на ВС, ама го оставив за понатака. Денес ми стигна колекцијата на Авон од лубеница и прекрасна е. Убаво мириса, освежително и баш на лубеница...
Баш вчера ми стаса од Авон (мирис а Ванила и шеќер ) Убаво мириса..(сум користела и од цреши,калинки,рози)..Ама овој дефинитивно ми е најнежен
Го користам Be cool од брусница и сум задоволна. Не би трошела по 300 и повеќе пари за други спрејови кога имаат слични мириси и исто кратко траат.
порано ги сакав многу ово9сните.. сега несто се осекам кога користам те овие од калинка од цреса.. нз ми се смени вкусот се осекма дека мирисам на компот а пред некоја огд ми бе аомилени.. сега несто BU ми се допага..
На Авон го земав целиот сет со мирис на лаванда и камилица. Убава мешавина од мириси, ама па многу јако ми доаѓа кога го ставам спрејот, па го оставив. Оние на Гурманд се прекрасни и вредат за тие пари. Јас имав и гел за туширање од чоколадо.. преубаво нешто Е сега омилениот и незаменлив.. Лав спел на Викторија`с сикрет. Го користам наместо парфем.. не се опишува колку прекраснотии се насобрани во едно шишенце. Цут од цреша, бел јасмин и праска. Мирисот ме остава без коментар
Јас ги користеВ тие од Авон.. Имав секакви. Од малина, јагода, кокос... Од што не.. Се прскав после бањање.. Уште ми траат две од нив, ама не ги користам.. Видов пред некое време во Тинекс, преубав спреј за тело од Кокос (паѓам на овие мириси) и во план сум да си го купам.. Преубаво мирисаше.. За разлика од тие од Авон, ова од Тинекс е премија