Спуштен желудник

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од yoto, 29 јули 2023.

  1. yoto

    yoto Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Дали некој има решение за спуштен желудник? Имам болка и подуеност во стомакот после јадење. Направена ми е гастроскопија во Систина и немам ниту гастритис, ниту хеликобактер. Единствено нешто што помага е кога јадам помали оброци ама и покрај тоа скоро секојдневно имам проблеми.

    Ви благодарам.
     
  2. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Ако мислиш на хијатална хернија веројатно кажано е дали може да се контролира без операција со лекови и помала количина на храна и диета.
     
  3. yoto

    yoto Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Фала за одговорот ама не е хиатална хернија, се работи за издолжен стомак (на англиски Gastroptosis или stomach ptosis). Еве како изгледа.
     
  4. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Дали се имате консултирано со абдоминален хирург?
     
  5. yoto

    yoto Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Се` уште не. Колку што читав на интернет операција се прави само во ретки случаи кога има обструкција. Има денови кога немам подуеност и болки, најчесто кога јадам лесна храна (без месо). Само многу често имам глад поради тоа што храната не е доволно калорична. Па пробувам сега да експериментирам со храната и да правам стомачни вежби.
     
    На Flier му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Направи си тест за интолеранција на храна, јас имам такви тегоби кога јадам храна на која сум нетолерантна.
     
  7. yoto

    yoto Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Фала на одговорот. Ќе може да ми кажеш каде се прави тестот? И за каква храна?
     
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Јас го правев приватно во Скрин лаб, го имаше на групер, го има и во авицена и биотек ама мн е поскап. Види на групер често ја има таа зделка.
     
    На yoto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    И јас го имам истиот проблем иако овде Битола кај што се прегледував не ми дадоа таква дијагноза, но симптомите што ги наведе се сосема исти.

    Најчесто имам надуеност и болки во желудникот кога јадам обемна храна и тесто (бели пецива, тестенини..)
    Кога јадам потечна храна (лесна салата само од зеленчук, без месо, или овошје, јогурт, супа, житарици) немам проблем ама како што велиш бидејќи не е доволно калорична не ме сити и осеќам глад и непријатност во желудникот.

    Докторката ми рече дека е поради киселини во желудникот од анксиозност и стрес и ми препиша да пијам Зипантол со пробиотици но не ми помагаат.. Не верувам дека е од горенаведениве причини, искрено сакаше да ми даде терапија за смирување ама одбив.

    Не сум слушнала досега за издолжен желудник ама се совпаѓаат симптомите..

    Постои некој лек? :(
     
  10. yoto

    yoto Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    И јас пиев пантопразол пред да ми дадат дијагноза и ми беше полошо. Најверојатно поради тоа што ги намалува киселините и ја успорува дигестијата. Исто читав дека овој тип на лекови може да го намалат празнењето на желудникот и храната да стои подолго време. Не знам зошто докторот ми препиша езомепразол во Систина, одбивам да го земам.

    Лек за побрзо празнење на желудникот се прокинетици како Реглан и Домперидон. Моментално ги земам по потреба, оти може да предизвикаат аритмија а Регланот дополнително дискинезија ако се користи подолго време. Гледам на интернет го препишуваат Домперидон на неколку месеци за тие што имаат спуштен стомак, ама ќе треба да се консултирам со доктор повторно.

    Друго нешто што ми помага е кога јадам помалку количински ама калорична храна. Исто зависи од периодот во денот. На поручек и навечер секогаш можам повеќе да јадам. На утро, само јаглехидрати оти полесно се варат.

    А дали имаш направено гастроскопија или тест со бариумова каша?
     
    Последна измена: 2 август 2023
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Македонско04!#@

    Македонско04!#@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Јас имам хеликобактер пилори, синдором на нервозно дебело црево - ми се јавува мачнина, подуеност од киселините кои ми се прават во желудникот и слегуваат во цревата. Сега кога ќе се напијам вода или нешто чуствувам дека ми се спушта надолу од левата страна и се сомневам дека имам спуштен желудник заради тоа што порано јадев повеќе исхрана и нездрава пржена, зачинета и немав гајле, ама откако добив честа дијареа и после ми се појавија и хемороиди започнав пополека да припазувам на исхраната.
    Од терапија земам пантопразол - Нолпаза, на некој пат ако заборавам на гладно да се напијам - смрт сметај, киселини ме мачат, ме фаќа течна столица и имам болка во стомакот, земам и пробиотик од време на време кога имам повеќе потреба и витамин Ц. Според мое мислење можеш да земеш таблети за џвакање од Ѓумбир и гастрогард па и со нив да пробаш за да ти се среди желудникот. Редовна исхрана со витамин Ц, банани, јогурт, компири, ориз, интегрален леб и ќе припазуваш на течности - вода и чај редовно да пијаш, никако кафе оти кафето е диуретик.
     
  12. yoto

    yoto Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Антиациди полошо ми прават мене, ми ја успоруваат дигестијата пробав и со Алгорал и гастрогард. А зошто не ја лечиш хеликобактер? Инаку и пантопразол може да предизвика SIBO (Small intestine overgrowth) и IBS (Irritable Bowel Syndrome). Само треба полека да ги исклучуваш оти наеднаш ако престанеш ќе се вратат киселините. Има на интернет како споро да ги исклучиш.

    Инаку запишувам сега која храна ми помага која не. Бананата и овесот ме дујат. Бел ориз ми годи. Изгледа се е индивидуално
     
    На MayDiamonds и Македонско04!#@ им се допаѓа ова.
  13. Македонско04!#@

    Македонско04!#@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Ако ги исклучам ептен имам киселини, еве се да ми биди во ред утрото, од пладне негде ќе започнат киселини да ми излегуваат нагоре ако не се напијам пантопразол и морам за жал да го пијам. Мене банана ми годи и јогурт, оризот и така и така исто и компирот.