1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срамежливост кај машките

Дискусија во 'Сингл' започната од L0ve, 18 септември 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ќе земам за право да искоментирам, ама сигурно дека ако земиш гитара и ја посветиш песната нејзе и ја пееш убаво нема да добиеш корпа, ама ако пееш подпросечно(доволно за да добиеш кофа со вода од пенџере :worried: ) тогаш ништо не ти гарантира си зависи од девојчето на што ќе му се пушташ, а богами и изборот од песна(да ми ја пееше некој Љепша од ночи имаше да му светне светкавица баш ко сега што светкаат од начинот на кој ќе го изигнорирав и ќе добиеше корпа :^) ), Јипман ќе ти даде пооргинален одговвор. ;)
     
    На L0ve и thelittle17 им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тебе 90% од работата ти е завршена, девојката ти кажала дека те бендисува а ти чекаш, којзнае она колку се нервира дека си колеблив :D. Има жени треба 10 пара патики да скинеш да ги фатиш а тебе се на готово ти се мести, значи не му ја мисли :D.

    Прво прочитај го цитатов од Мистери и научи го како Оче Наш зашто ЗЛАТО вреди, сеа не си свесен што ти збори ама после 7-8 години ќе ти стане јасно =).

    E сеа за тебе.

    Замисли дека ти се игра баскет и бараш екипа ама у маало немаш никој. Е сеа некој другар ти вика, абе брат, иам другар игра редовно може им треба играч прашај го него дали може да играш со нив. Ти викаш кај да го најдам другар ти и он ти вика па дој вечер у диско ќе биде и он па прашај го.

    Ти доаѓаш вечер, го гледаш типацот и кога ќе биде малку сам му идеш, здраво Петар, јас сум другар на тој и тој, слушнав играш баскет дали ви треба играч и мене ми се игра. Е сеа типот или ќе ти рече извини брат сеа сме пуни ама ќе те викаме ако ни се испразни место или ќе ти рече, еј супер, нема проблем дај број баш ни фалат играчи.

    Значи и од него ќе добиеш ДА или НЕ како одговор ама нема да ти се тресат раце и нозе дека е за БАСКЕТ и дека е МАШКО, е исто така треба да се понашаш кога ќе правиш муабет со девојка. Лежерен муабет без страв и без паѓања во несвест ако ти рече, не сум слободна или имам дечко =).

    Да ти биде полесно не им се пуштај одма туку прво во себе речи си, одам САМО да се запознаам и да направам 2-3 реда муабет. САМО да се запознаеш, тоа нека ти биде цел за почеток, пуштањето ти е втора фаза за тебе =).

    Инаку да победиш срам. Следен пат во диско одбери неколку девојки кои не планираш да ги бркаш и пријди им да ги упознаеш. Не идеш да им се пуштиш или да ги мафташ, само пријди им, запрај им муабет неколку минути или секунди и ќе си се поздравиш најкултурно и ќе си отидеш. Ова ти го викам зашто некоја што не си планирал да ја бркаш нема да те потресе ако те откачи за муабет.

    Тренингот го прави мајсторот :).

    Твојава што веќе ти дала ОТВОРЕНА врата а ти никако да ја поминеш, на следен муабет прашај ја дали и се иде на концерт или кино или кафе ама онака лежерно ќе спомнеш не она да види дека си на праг да се онесвестиш :D , види што највеќе има шанси да упали. Чим ти рекла те свиѓа нема да те одбие :).

    Ако треба 10 минути концентрирај се и биди во нејзина близина, речи си: мечка страв мене не страв и тргни накај неа и не си оди додека не ја поканиш :D.

    И после кажи како си поминал :).
     
    На theboy, MoJsOoOo, Mistery и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Многу ме нервираат срамежливи машки а во последно време се со некои такви си имам работа -.-
     
  4. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Ауууууу колку само се препознавввввв...ОН МЕ САКА ЗНАМ, МЕ ГЛЕДА ТАКА УБОО :$$ ЌЕ МЕ РАСТОПИ... АЛИ ИДИОТОТ ТАПОГЛАВ СЕ СРАМИ ДА МИ КАЖЕ Е ЈБГГ :|
     
  5. Anonimen1234

    Anonimen1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    да признам и јас сум многу срамежлив :$ . Од почетокот кога ќе поминеше покрај мене цел се скаменував, неможев да зборам, па дури не се поздравував :@ , ама сега сам осеќам дека полека, пополека срамот го снемува, оти едноставно почнувам да се вклопувам во нејзино друштво...и среќен сум за тоа :)
    ...сепак, чуствувам по малце срам, но страв ми е да не добијам корпа ;( , оти многу надеж имам даено во девојкава, како во никоја досега, ама многу сум љубопитен да дознаам што таа мисли за мене :) , оти таков чоек сум, сакам директно да ми кажат, за да знам шо треба да поправам кај мене
    П.С. поттик за да го намалам стравот, си велам постојано:" Ако се срамам ништо нема да напрам" , па за другите незнам :)
     
  6. Anonimen1234

    Anonimen1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    да признам и јас сум многу срамежлив :$ . Од почетокот кога ќе поминеше покрај мене цел се скаменував, неможев да зборам, па дури не се поздравував :@ , ама сега сам осеќам дека полека, пополека срамот го снемува, оти едноставно почнувам да се вклопувам во нејзино друштво...и среќен сум за тоа :)
    ...сепак, чуствувам по малце срам, но страв ми е да не добијам корпа ;( , оти многу надеж имам даено во девојкава, многу повеќе за разлика од порано другите, ама многу сум љубопитен да дознаам што мисли таа за мене, оти јас сум таков по карактер - сакам да знам што мислат за мене за да можам да се поправам
    П.С. поттик со кој го надминувам срамот:„Ако се срамам ништо нема да напрам“
     
  7. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Технички гледано, поголемиот дел од популацијата е срамежлива, и машки и женски. Ама мислам дека многу гледаме телевизија, забораваме што е реалноста. На филмови и серии секој тип е харизматичен и знае точно што да каже во секој момент и перфектно мазно говори. Девојките на филмовите се сите храбри и без грам срам и тотално опуштени и шармантни.

    Во реалноста, повеќето луѓе се срамежливи.

    И машките и женските често ја прават оваа грешка

    Ние машките не сфаќаме дека повеќето девојки се срамежливи и затоа се повлекуваат, не знаат што да кажат од срам, го сфаќаме како корпа. Повеќето мажи не ни знаат дека постои срам кај жените додека не стигнат 30 години, дури тогаш сфаќаат повеќето. Дотогаш мислиме дека сите жени "глумат лудило".

    Исто кај девојките, не знаат колку многу е нормален срамот кај машката популација. Многу често погрешно ги интерпретираат мажите и мислат дека типот е "глуп", "чуден", "геј" итн итн...
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    симпатични ми се срамежливите машки и тие срамежливи погледи. Кога би бирала меѓу срамежлив и фраер,секако би го избрала срамежливиот,а јас ке си го пресрамам. :D
     
  9. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас повеќе ги сакам срамежливите, некако повеќе ми влеваат сигурност :D
     
  10. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Според мене, машкиве се посрамежливи. Незнам кој го дели моето мислење, но што си е така, така си е :lol: Сепак, мене послатки ми се оние срамежливи негови погледи :$
     
  11. stef-mk

    stef-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Се пронајдов и јас во темава.. ептен за нигде, ептен се срамам да прашам некоја да излеземе или слично, а за муабет правење неам проблем... али то е то, валда ќе си помине кај и да е =)

    Поздрав.
     
  12. skinny

    skinny Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Uf jas imam maka so sramezlivosta cel zivot. Osobeno pred zeni. Me interesira zensko mislenje ako i prijdam na devojka vo diskoteka koja e vo drustvo so uste 2-3 devojki dali ke bide cudno? Mozebi ke uspeam mozebi ne. Golema verojatnost deka nema ama moram da probam :)
     
  13. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Зависи од машкото и од неговото друштво...претежно 50/50 се поделени
     
  14. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Зависи до девојките,ги има секакви.Ама тука веќе мораш да ризикуваш. :)




    Јас лично сум многу срамежлива,не секогаш ама во поголем број случаи и затоа сакам самоуверени машки.Не дека не би можела да бидам со некој срамежлив и повлечен,ама со нив ми е некако потешко.
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Денес ретко кое машко се срами и ако се срами во живо ќе и се пушти на девојка преку фб така да не мора во живо тој да се труди може преку средства за масовна комуникација хахаха :D :D и ако си се бендисаат ќе си излезат и ќе пресрамат :D :D
     
    На skinny и stef-mk им се допаѓа ова.
  16. solar

    solar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Еве и јас влегувам во оваа категорија :D , срамежлив сум поради тоа што имам вишок на килограми (цел живот ми е проблем ова) но во минатото кога се мував со една женска(во школските денови) разбрав дека им кажува на другарките за мене дека сум и се свиѓал не поради тоа што сум бил дебел туку поради тоа што сум бил срамежлив :$
     
  17. stef-mk

    stef-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Со вишок килограми сите имаат проблем, дури и женските. Сите различно го поминуваат тој “период„. Некој порано некој покасно. Неверувам дека цел живот ќе бидеме срамежливи. Хах, Поздрав.
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Никогаш не го прави првиот чекор

    Жените сакаат мажот да ја покани да излезат, да го испланира целиот настан и да ја бакне кога таа најмалку очекува – накратко ризикува. Знам дека ризикот од одбивање е фрустрирачки, но нема да стигнете далеку доколку не го направите првиот чекор. Покрај недостатокот од иницијатива, срамежливите луѓе општо знаат да бидат попасивни, а таквите мажи можат да бидат многу иритирачки. Немојте да се двоумите да го кажете своето мислење или своите забелешки доколку ги имате.

    Не е спонтан

    Штом ќе започнете врска со девојка, ништо не може толку да ја израдува од тоа спонтано да ја земете од дома и да ја однесете на релаксирано излегување, без да размислувате дали таа го сака тоа или не.

    ЖЕНИТЕ НЕ САКААТ СРАМЕЖЛИВИ МАЖИ


    Изнесете ја и не ѝ кажувајте каде одите. Доколку мажот е премногу срамежлив, веројатно тој оди на прсти обидувајќи се да ѝ угоди наместо да се опушти и да покаже колку може да биде жив.

    Секогаш прашува за дозвола


    Со недостатокот од спонтаност, срамежливите мажи постојано бараат одобрување од жената пред да направат што било, почнувајќи од едно обично бакнување па сè до секс. Доколку таа сака да ја бакнете, ќе знае кога ќе се обидете и ќе ви дозвли, а доколку не сака, веројатно ќе успеете да ја бакнете само во образ.

    Несигурен е

    Голем дел од неговата срамежливост потекнува од несигурноста, што значително ги одбива жените. Доколку не сте доволно сигурни во себе, можете да ѝ пријдете на жената и да започнете разговор, сетете се колку можности пропуштате. Освен тоа, зошто жената би сакала да поразговара со маж кој за себе мисли дека не е интересен.

    Потребна му е дадилка

    Ниту една жена не сака тип кој за кој мора да се грижи кога е со него надвор или во било кое друго друштво, токму како што не сака да му биде водич ниту во креветот. Сега кога знаете како вашата срамежливост е одбивна за жените, еве неколку совети како да станете повеќе самоуверени. Самодовербата не може да се стекне преку ноќ, но со вежби може постепено да се намали срамежливоста:

    Работете на вашата самодоверба


    Изградете ја вашата самодоверба така што ќе направите листа на вашите достигнувања во животот, на вашите карактерни и останати особини, накратко на сè што мислите дека ви оди во прилог. Тоа може да ви помогне да сфатите колку сте всушност добри.

    Бидете добар со сите


    Преземете чекори да станете подруштвен. Разговарајте со секоја жена на која ќе наидете, со продавачката во продавница, со тетката во киоскот. Откако ќе се научите да започнете разговор со жена на која случајно сте наишле, ќе ви биде многу полесно да започнете разговор и со симпатичната блондинка од блиското кафуле.

    Симнете ја од тронот

    Однесувајте се со неа како да сте со некој од вашите пријатели, а не со кралица. Не плашете се да ризикувате. Нека им се тресат колената затоа што се во вашето друштво. Многумина мажи мислат дека се обѕирни кон женските чувства, доколку се сложат со она што таа ќе го каже. Тоа може да не ѝ се допадне на почетокот на врската и доколку продолжите со ваков тренд набрзо ќе го изгуби секој интерес за вас. Без оглед колку и да зборуваат дека се независни и силни како мажи, жените сè уште сакаат да бидат во близина на спонтан маж кој знае да ги преземе работите во свои раце, во секоја ситуација кога е потребно. Жените сакаат чувство на возбуда кога се во друштво на силни мажи.

    Еве неколку начини како да преземете иницијатива:

    1 – Направете план:
    Жените сакаат кога мажите ќе направат план за излегување, на пример на вечера без претходно да ги прашаат што било и поради тоа се чувствуваат посебно и романтично.

    2 – Бидете предизвик:
    Доколку жената ви каже да направите нешто што не е во склад со вашите желби, со вкусот или со со сфаќањата, спротивставете ѝ се и немојте да го направите тоа.

    3 – Кажете што мислите:
    Немојте да се плашите да кажете што мислите, дури и ако е спротивно од она што таа го вели. Жените повеќе ги ценат мажите кои имаат ставови за разлика од оние мажи кои кукавички се сложуваат со сè што таа ќе каже. Важно е да можете да ги изразите своите желби и ставови без чувство на вина.

    Само напред!
    Не е важно доколку сте срамежливи. Не е важно дури ни доколку изгледате малку чудно. Морате да се обидете. Во спротивно, на крајот ќе останете сами со исфлекани гаќи, јадејќи виршли пред вашиот ТВ приемник во сабота навечер.

    Приоѓањето на жените е како пикање на раката во клозетска шолја зашто таму ви паднал новчаникот. Едноставно морате да се натерате да го направите тоа. Сетете се само на наградата која ве чека. Немојте воопшто да се обидувате со “упаѓања”.

    Едноставно само кажете го она што прво ќе ви падне на памет. “Мојот пријател работи во Баргала и може да ви набави квалитетни и евтини чевли”. Можете дури и да се обидете со искрен пристап, познат како пристапот на Џорџ Констанца од серијата Зајнфилд: “Јас се викам Џорџ. Невработен сум и живеам со своите родители”.

    Не е важно што ќе кажете. Важно е дека сте започнале разговор! Што најлошо може да ви се случи? Од друга страна, може да ви се случи да си поразговарате со згодна девојка. Кој знае, можеби и ќе излезете со неа. Сетете се само на рибарот кој фрла јадица во вода. Многу риби ќе ја игнорираат, но со тек на време една убава риба ќе се улови на неа. Доколку не ја фрлите јадицата, нема да ја уловите!

    Срамежливост
    За некои мажи, приоѓањето на на девојката и разговор со неа им се чини како невозможна мисија. Знам дека не е лесно, но доколку морате да ја зграпчите самодовербата за рогови, отфрлете ги стекнатите манири и бидете подготвени да се ослободите од срамежливоста еднаш засекогаш.

    По одбивањето, многу мажи или се оглушуваат па им е сеедно дали ќе бидат одбиени или стануваат премногу пријателски настроени кон жените. Од пријателства, можете евентуално да добиете бакнеж во образ.

    http://www.fakulteti.mk/news/12-01-07/z ... mazhi.aspx
     
    На ELIDavor и L0ve им се допаѓа ова.
  19. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Нема ништо страшно тука. Немој многу да размислуваш, биди спонтан останатото само ќе дојде. И обиди се кога девојката не е во друштво. Не за друго, туку за тебе ќе биде попријатно така, како за кршење на мразот, прво гледај да и приоѓаш на девојка кога е сама, дури не се опуштиш.
     
  20. momceee

    momceee Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    па вака... имам 20 години и премногу сум срамежлив, до сега озбилна врска не сум имал туку тоа било мување со 2-3 девојки онака за една ноќ бидејќи и не ми се свиѓале. Да не излезе дека сум нарцисоиден но физички изгледам супер. Досега ми се имаат пуштано доста девојчиња но мене некако не ми се свиѓаат па ги игнорирам а истовремено преработува и онаа машка гордост што кај мене ја има премногу. Кога станува збор за запознзвзње со други девојчиња од срам ми се пресекуваат нозете, некако се плашам од нивниот одговор. Можеби од што сум многу прибирлив сеуште немам девојка. Дајте некој совет да се справам со ова...