гледај колкку толку да се опуштиш, па и девојката е човек како тебе, ништо посебно хаха што има да се срамиш?
Еве јас (повеќе сум повлечен) мада кога би те прашал лично дали имаш дечко ти како би реагирала (умствено се разбира)
е што има да се реагира? Ако ми се свиѓаш викам не, ако не ми се свиѓаш ќе кажам дека сум зафатена. Што е најлошото што може да се случи?,опушти се човечеееее
Јас мислам дека тоа малце поинаку се процесира во Женскиот мозок. Прво почнуваш да праиш муабет: Здраво, како си што си правиш ? (Кој е пак сега овај што сака што да му кажам како сум па што како сум арна сум) Таа: Ами добро сум ... (молк) Како се викаш колку години имаш од кој град си (основни информации) Таа: (чекај што ме прашува, е сега и пак од кој град сум, е малце ќе глумам Кеопсова пирамида малце да си поиграм.) Па во твоја близина седам, во соседниот град. Тој: Битола, Кавадарци, Кичево, Кривогаштани. Таа: Не не ајде погаѓај (се смешка во себе). И кажи ми како да се опуштиш кога незината таинственост е со големина колку целиот универзум, хакер да беше нешто ќе кажеше. Наместо вие девојките да бидите малце поотворени да го потикните соговорникот да се опушти вие уште повеќе ја отежнувате работата(не зборувам лично за никоја). Кога некој ви се обраќа по некоја логика требате да возвратите со иста мера а не сеа ќе се криеме или тој ве прашува за име вие за нешто друго сосем говорите.
Аман бе душичко, па ти си веќе големо магареНце...зарем досега не си научил како да лафиш?? Прај моабет за фудбал, ракомет, парада на понос итд....ах бре деца, деца...а 28 год. има.....ехееееее...
Е бабе тешко ни е на нас страмежливите. Додека да се решиш да и прозбориш триста мисли ти се вртат. И таман се спремаш да и речеш Дамо од уста ти излага Краво и ја оплескуваш во секунда.
Е ајде де сега па и ти..не си до толку за да тропнеш така, од чиста мира, треба пред тебе да е девојка со биг биг вимиња, па да те асоцира на Крава
Ххахахахах ме изнасмеа Петар, стварно не знам каква ли е девојката па на крава да те асоцира Иначе до ELIDavor, е што очекуваш ти, на тацна да се ставиме одма кога некој ќе проба да флертува со нас. А и не сме на испрашување во ФБИ побогу па се по ред да ја прашуваш, како само да сакаш да извлечеш информации од нас, уште за матичниот број да ја прашаше. ЗНАЧИ ПРВО И ПРВО: НЕ МОЖЕШ ТАКА ДИРЕКТНО ЗА СЕ ДА ЈА ПРАШАШ АКО САКАШ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕШ, НЕГО ПРАШАШ ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ, ДАЛИ Е СЛОБОДНА, ПА ДАЈ НЕКОЈА ИНТЕРЕСНА РЕЧЕНИЦА, КАО: ТЕ ГЛЕДАМ НЕКОЕ ВРЕМЕ И ВИКАМ МОРАМ ДА ЈА ЗАПОЗНААМ ДЕВОЈКАТА, СЕ НАДЕВАМ НЕ ПРЕЧАМ, БЛА БЛА БЛА, ГЛУПОСТИ ТРЕСКАМ. ПА И ГО ПОБАРАШ БРОЈЧЕТО И АКО И СЕ СВИЃАШ SHE'S YOURS извини на caps lock, само да ја доловам поентата
Вака, се изврте муабетот мој ,односно се извади од контекст. Не реков дека девојката треба да е налик на нешто за да излезе збор погрешен. Туку дека од страм и трема и од многу возбуда сакаш да кажеш еден убав збор и да ја импресионираш во моментот ама баш кога ќе го изустиш тој збор излегува сосема погрешен од уста. Инаку се во првиот пост кажав метафорички да не има забуна. И опериран сум јас од страм барем околу разговор со дамите.
Хаха знам на што мислеше, се шалев малку Добро за тебе што си опериран од срам, како што изгледа реткички се тие
Јас зборувам за излегување на кафе а тоа што таа не сака да сподели информации од типот име. малце е глупаво од незина страна. а и како сакаш да ја поканам зана кафе да не трба чартер лет до кај незе, јас само ја канам на кафе а, дека не им се излегува тоа од некои женски којзнае какви проблеми.
24 мислења избришав. За мој термин закажете си преку ЛП И не го сервирајте приватниот живот на тацна. Денес очигледно на сите ви е досадно, немате попаметна работа па ајде офтопик чет журка по темиве...знам недела е, досадно е. Особено ако си сам/а..
Отсекогаш сум ги мразела тие класични пуштања од типот -Еј здраво, како се викаш колкава си кај учиш/работиш, што како.. За мене е непривлечно, што има да споделувам лични информации со некој што не го познавам како да сум на интервју за работа. Подобро е да се започне некој рандом муабет да се отвори некоја тема.. Досега со сите што сум излегла т.е. што сум им дала шанса имале баш онака кул пристап, некој почна муабет за музиката пример па се разборувавме за тоа кои ни се омилени бендови песни и така си тргна спонтано, полека полека се запознававме муабетевме на различни теми и што се вели сами си откривавме детали за себе што доведе до многу подобра меѓусебна конекција. Муабетот ми е да се привлече вниманието на девојка не треба да е толку "официјално" и сериозно, што по забавно кул комичен пристап со по некоја шала, смешка тоа подобар впечаток ќе оставите и побрзо ќе ја освоите.
Многу се срамам кога ќе ми се стаи некоја подивена лавица и кога со поглед ќе ми каже два реда муабет дирекно у 4 очи со однапред предвидена јасност. Посебно се срамам кога сум со другарчињата и они ќе го видат тоа и ќе направат чудни фаци у стилот на неразвиено хикикомори и тоа ми прави дополнителна тензија што подоцна (комплексна ситуација) морам да и дадам фидбек пошто не знам што може да ми се задеси ако не испоштуем декларативно. Лавици поштуем, поштуваат и они.... Квачки, страчки и кокошки се вртат на диско кугла додека правам салто на сред подиум.