Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срамежливост кај машките

Дискусија во 'Сингл' започната од L0ve, 18 септември 2011.

  1. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    ама тие лавици се најопасни, така да ти кажам. Само директно :)
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки

    " Лавици поштуем, поштуваат и они.... Квачки, страчки и кокошки се вртат на диско кугла додека правам салто на сред подиум. " Стрикно дирекно многу јасно. Како што лавицата одма фаќа за врат со заби да удави, така и ја правам истрипани зафати опасни со многу скилови луди. ( луди чувства кај лавиците буди. :P ) :)


    П.С> затоа се "срамам" пошто се опасни... Зборам за искуства со жени (MILFS) колешки, пропатни познанички, професионални односи, клабинг, општо....
    Имало ситуациии милион, до тој степен ги разбирам работите што општиме на феромонолошко ниво. Страшно. :sun:
     
    Последна измена: 10 септември 2017
    На Afrodite¥ и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  3. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски

    Како може да седите на кафе а да не и го знаеш името? Од улица ја собра и ја фрли во кафич на маса? :D
    Не ги преувеличувај работите до толку.
    Мислам дека не ти доаѓа природно муабет да направиш и твојот дејт на крај изгледа ко типката да е на полиграфско тестирање.
    Сум начекала еден таков срамежлив и логично ништо не бидна. Женската сака мажот да пристапи со сигурност, знаеш дека се труди да направи се да ти биде поинтересно за да те освои. Ако чекам да каже два збора едвај што да го правам. Тоа можда го 12 години ќе пројде тогаш ај слатко е, ама вака..
    Не ме сфаќај погрешно, туку биди многу посамоуверен и ќе видиш како ќе биде друго. Можда од прва нема да успее, ама со тек на време ќе се смени.
     
    На ku4ence, EvAngelos, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Абе никое машко не се срами , само не знае како да почне конверзација / мислам не знаат како да се понашаат со женско ;)
     
    На Vitaly, Βικτωρία, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    Си нема врска ова, сите сме различни, некои се срамат некои не. Нема врска дали е машко или женско
     
    На Dadusicka и ELIDavor им се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Срамежливоста е една од карактеристиките кои ги мразам општо кај луѓето. Знам дека постои причина позади таа срамежливост, исто како што знам дека истата не е доволно добра. Реално и ја нема.

    Никогаш не би избрала партнер кој има сличен проблем. Не би имала проблем да започнам конверзација со срамежлива личност, ќе се обидам за нормален дијалог, ама ако во наредните 5-10 минути не се опушти и продолжувам да му ги вадам зборовите со клешти или нема тема за муабет, толку. Прво, затоа што јас сум од оние погласните кои се издвојуваат во толпата. Второ, не сакам бош муабети и имам слаб праг на толеранција кога некој гледа во мене како да е од шпанско село, се пули и молчи. Ми доаѓа малку повеќе.
     
    На celineparis и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Да знаеш, убаво опсервираш. :D
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Ти па само на такви што удираат клоци, штипкаат за бутови и ставаат сопки ли налетуваш? :D
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Пробав со една ја прашувам кога завршуваш со работа? (за да испланирам што како и каде да излеземе) е како да ти кажам кога завршувам со работа тоа си е моја лична работа.

    Добро, по неколку дена утре вечер во 21:00 часот ќе се чекаме на рекорд,. Е како така бе закажуваш средба а ако имам нешто планирано, па добро де ако имаш планирано ќе ми кажеш не можам. Таа: не може тоа така ти камо што си мислиш.

    Третиот пат добро кога си слободна за да се договориме кажи ми некое време пред да бидеш слободна. Не сакам јас такви машки, сакам иницијативни што се имаат испланирано.

    И после зошто некои машки биле срамежливи, до девојките е тие се невозможни.
     
    На ku4ence, SparkyAngel и ELIDavor им се допаѓа ова.
  10. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    Не генерализирај !
    Очигледно девојката не била заинтересирана и недоволно способна тоа да го каже на фин начин па морала така. Ретко ги има таквите девојки, кај налетувате на тие бе не ми е јасно
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Акo сaкaлa дa испaдне сo тебе ќе нaшлa време, вaкa ептен е oчигледнo декa бaрaлa изгoвoри.:wasntme:
     
  12. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    За да се пресрами или опушти некое машко треба да комуницира лично со некоја девојка и треба таа малце да го потикни да говори на некој начин да разговара таа си него.
    Но како тоа машко да се пресрами кога ја кани неколку пати да излезат да прошетаат да се видат и таа ете си најдува рачки и изговори само да не излези.
    Јас не ја обвинувам девојката дека ете намерно не излегува со него можи вистина не можи да излези, но барем можи дел од незиното време да одвои и да ја прифати поканата.
    Сигурно има нешто што тоа машко е срамежливо, не е само ајде тој е срамежлив и сега малце ќе го тренираме до кога ќе е срамежлив и кога ќе прозбори.
     
  13. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    е што? да излезе некоја девојка со тебе за да се пресрамиш, абе ајде. Себично е малку, нели? Требала да ја прифати поканата, пф. Гледам цело времепишуваш за срамежливост кај машките, т.е тебе, ако толку не можеш збор да кажеш пред девојка тогаш не е до неа, ти си имаш проблем.
     
  14. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Никој не рече дека јас си имам проблем а можеби „да“ никогаш не се знае а и тоа е мој личен проблем.
    За тоа што погоре реков да излези некоја девојка за машкото да се пресрами е тоа е така на кој начин би се пресрамил тој поинаку мора да разговара со девојка.
    Сепак е срамежливост кај машките.
    Еве јас да те поканам тебе а знаеш дека сум срамежлив односно веќе читаш што пишувам ја гледаш мојата слика ти што ќе речиш абе ајде што ќе излегувам со овој појмна нема од животот искомплексиран е нема уста да отвори.
    Сите околу што ќе гледаат ќе речат кај тргнала оваа со овај немиов.
    Ќе си го губам само времето со него.
    Тоа ти секако ќе си го речиш.
     
  15. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    аман какво размислување имаш..
    Вака сега.. ако ми се допаѓаш секако дека ке излезам, ниедна девојка нема да те одбие, иако си срамежлив, дури и слатко е кога некој ти се допаѓа. Е сега ако не се пресрамиш после неколку видувања веќе ќе размислам, не може некој да те влече за јазик. А ако некој те одбие тоа не е затоа што се срамиш, туку не и се допаѓаш :)
    И уште нешто, секако дека нема да гледам кој што ќе рече ако ми ссе допаѓаш
     
    На ELIDavor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки

    Значи сега не испааѓа работава дека е до срамежливоста туку дека треба да си надворешно убав или пак приближно убав.
    Добро ние погрдиве или грдиве ќе си седиме со весникот на кафе и ќе си бараме некоја матуратка или матурант на задните страни така да си се погледаме малце.
    :lol::?::?::lol:
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не сум срамежлив, ама пред 3 години ми се засвиѓа една локална продавачка у Веро. Си свртувавме по некој муабет пошто често пазарев од таму (и поминував секогаш од нејзината каса ;) али немав гз да ја прашам да излеземе. Ми кажуваше и која смена е, каде живее, се гледаше дека е отворена за комуникација. И еднаш за Божиќ додека пуштаа Last Christmas песни у Веро решив да и купам едно бајадерче, мало пакување. Си реков, откако ќе ми ги куцне сите работи, се ќе ставам во ќеса освен бајадерчето и ќе и речам ова е за тебе, среќна нова 8)
    Планот топ, потврден и од другар на тел. Идам на каса, насмеан, опуштен, ми ги куца работите, си сврзуваме два реда муабет и погодете што? Ја фатив бајадерата, ја подржив 3 секунди у рака и си ја ставив у ќеса :D Ајде поздрав си викам, и онака не е нешто посебна девојката. Ама интересни 3 секунди беа тоа :)
     
    На ku4ence, Matotheja, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    од која моја реченица го извлече ова?
     
  19. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Па нели ти рече дека мора да сум убав за да некоја девојка излезе со мене нели тоа ми го рече.
    А тоа др што мислиш дека сум го извлекол од некаде е тоа фигуративно ти го напишав.
    Бидеќи ми судиш према убавина ...
     
  20. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    ти кажав дека мора да и се допаѓаш, а сега дали она гледа лепота или нешто друго не е моја работа. Не ми превртувај зборови