Не сакам срамежливи, јас не сум таква по природа и сакам некој што ќе ми парира во секое поле. Сакам дечковци со став и способност за добра комуникација, а не јас да му вадам збор по збор од уста со клешта.
Јас се дружам со еден ваков и никако не можам да го прочитам. Си пишуваме некаде околу 5-6 месеци, излегуваме, се дружиме ама тој не дава никакви знаци дали му се допаѓам или не..како може да дознаам дали сака нешто повеќе, какви знаци да барам?
Присутна е итоа како.. Еве од мене ќе си тргнам, се топам. Се топам од срам и срцето ми чука ненормално од срам. И како шо кажа корисникот погоре: Повеќе и страв е.
Според мене срамежливоста не секогаш е во корелација со намалена самодоверба. Напротив, доколку не осетам доза срамежливост на прв состанок, знам дека таа личност не ме привлекува и немам помисла на глава каков впечаток ќе оставам т.е ми е сеедно. Така да сметам дека не е воопшто некоја негативна особина, баш напротив, може и со некој несрамежлив и зборлест да искочиш па у тој цел муабет никакви потркепени и паметни аргументи да сподели. Во однос на прв бакеж, не сме деца да чекаме и да се тегнеме, очигледно е најчесто и треба да си се случи спонтано без разлика кој е иницијатор.
Мене не ми се допаѓаат срамежливи момци. Не знам дали тоа е резулат на мала самодоворба, ма на што сака нека е, не ми се допаѓа. Тоа укажува дека нешто ги кочи некаде, и ги контролира, а не е обратно. Не стигнале но ниво во животот да реализираат дека едноставно за некои работи треба да се подбутнеш за да тргнеш, да ти биде лесно да излегуваш од комфортната зона. Само не поистоветувам срамежливост со повлеченост. Ми се допаѓаат повлечени луѓе, јер не секогаш е правиот момент да се направи/зборува некое нешто. Секој треба да може да процени кога треба да направи чекор напред, а кога назад, за билошто. Верувам во девизата "How you do one thing- you do everything", па истото се однесува и во случајов.
Отсуството на срамежливост е заменето со присуство на глупавост, идиотизам, кретенизам итн ама ок. Фор ју, уан бој кој не се срами.
Имам впечаток дека срамежливоста е поприфатлива кај женските отколку кај машките. Мислам дека тоа се должи на фактот што кај машките постои некој општествен притисок да бидат јаки, силни, отворени, да не покажуваат слабост и емоции (нели она: "Машко си, не плачи"). Па затоа на посрамежливи машки се гледа поинаку, како да не се "силни", како да не можат да се снајдат во животот. Што мислам дека е неправедно. Многу добро ги разбирам, и јас сум била многу срамежлива порано, сега не толку ама сепак сум позатворена личност за светот, а за блиските сум опуштена и интересна. Па можеби и овие машки за некого се најинтересните личности, треба да се обидеш да ги запознаеш подобро. Не мора да значи, ама често испаѓа така. Либе не беше срамежлив многу на почетокот, ама и да беше немаше да го одбијам. На крајот, во ред е сепак да си бараш личност каква што ти одговара, за секој има некој и не може никој на секој да му одговара. Ама дека постојат предрасуди, постојат.
Маж ми е срамежлив.. Односно, беше далеку посрамежлив отколку што сега е. Мене, во тој период, баш таа негова срамежливост ме привлече. Беше како свеж ветер, меѓу сите смрдеи што ги имав изнагледано/изнаслушано.
Кога пишав не сакам срамежливи момци, не напишав дека не сакам срамежливи луѓе генерално. Јас во 89% од ситуациите сум центар пажња, па нема логика да ја гледам особинава како доблест.
Секој може да си кажува за личните желби и посакувања, глупаво е да се речи “срамежливоста” не е океј, или пак дека е негативна карактеристика асоцирана со ниска самодоверба. Јас лично сум прилично срамежлив по природа, го немам тој харизматичен шарм шо многу го посакуваат, мене пак не ме привлекуваат луѓе кои се нападни, гласни, all over the place... сето ова е лична преференција.
И јас не сакам нападни и ол оувр, да се разбереме. Гласни кога треба да се биде гласен. Исто како што не сакам срамежливи, и е моја преференција. И не кажав дека е лоша карактеристика, некој само проба да прочита повеќе од тоа што јас пишав во првиот пост и да реплицира. Исто и да каже каков за мене, али може и повеќе од еден, иако немам идеја како би се справила со повеќе одеднаш. Само далеку од доблест е, како што некои тука и препишуваат да биде.