Срамот на Неуромедика

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LocoCroco, 30 април 2025 во 09:32.

  1. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Се двоумев дали да го напишам постов но сметам дека сите заслужуваат еден увид во функционирањето на оваа "здравствена установа".

    Наследството на Др.Јовица Угриновски во моментов е во раце на едни од најкорумпираните личности во градов - далеку од визијата која докторот ја имал во моментот кога ја основал болницата.

    За почеток - слика од пост од нивната инстаграм страница:

    r/mkd - Neuromedica
    На сликата е наводно прикажан пациент од трагедијата во Кочани кој е хоспитализиран. Целиот пост е лага бидејќи се работи за вработен кој е принудно легнат да позира за да изгледа дека болницата е ангажирана за трагедијата. ( морам да бидам јасна дека лицата на сликата се принудно на неа - се е диригирано од дирекцијата). За трагедијата - нула ангажираност од болницата.

    ЛЕСНО Е ДА СЕ ПРОЧЕПКААТ СПИСОЦИ на настраданите и во кои болници се хоспитализирани за да се ДЕМАНТИРААТ НИВНИТЕ ТВРДЕЊА! Мора медиумска инволвираност!!! Крајно несовесно и срамно!

    Ќе бидам кратка

    Во однос на пациентите:

    1/ Доколку сте матичен пациент таму или познавате роднини/пријатели кои се - бегајте веднаш. На ваше име се креираат фиктивни упати со цел пополнување термини кај специјалистичките служби во установата при што за истите упати фондот исплаќа пари на болницата. Многу лесен начин за перење пари кој до максимално се користи во оваа болница. При истиот процес на пациентот се лепат фиктивни дијагнози и прегледи. Ова е сериозен товар на фондот и крајно неетички за пациентите.

    2/ Еден од главните приливи на средства се систематските прегледи. Патем, истите се обавувани од лекари по општа пракса кои нотираат наоди кои потоа се прегледувани од еден специјалист по трудова медицина. При ова лекарите по општа пракса се крајно експлоатирани. Притоа иако се земаат примероци од крв од пациентите лабораториските анализи се лажни - вообичаени копии од некоја направена лабораторија или измислени резултати. Се случува пациенти со хронични болести ( дијабет/хиперлипидемии) да добиваат кристално чисти резултати - срамно и неетично.

    3/ Апликација на крајно сериозни лекови за банални настинки и слично. Свесна сум дека една приватна болница заработува на овој начин но се повлекува линија каде што испитувања/процедури се медицински оправдани. Во една развиена земја се губи лиценца за пропустите кои се прават на редовно ниво во оваа установа.

    Апликации на антибиотици за обични настинки/вирози е редовна практика. По ниту еден протокол за третман на инфективни болести не е индициран антибиотик за ринофарингит ( настинка) - наспроти ова флакони лендацин ( цефалоспорински антибиотик со широк спектар ) е редовно употребуван за симптоми од типот растечен/затнат нос и болка во грло.

    4/ Хоспитализација на терминално болни пациенти е редовно нешто. И покрај тоа што профилот на болницата не одговара на установа од секундарно/терциерно ниво се хоспитализираат пациенти чии што фамилии се молзат од пари - во таков момент парите се секундарно нешто за фамилиите - многу лукративен момент за болницата.

    Во однос на персонал:

    За оваа приказна треба два постови.

    1/ Тотално нормално е >200 работни часови месечно при што не се запазува на закони од правилникот за работни односи:

    - трета па трета смена

    - трета па прва смена

    2/ Вработени кои имаат земано боледувања биле казнувани со тоа што не им била исплаќана плата повеќе од 2 месеци.

    3/ Редовно се крати по 10-15% поради прекршоци од типот:

    - носење сопствена храна (директорот заработува од бифе со астрономски цени за вработените)

    4/ На нови вработени им се ускратуваат договорите за вработување и им се кажуваат лаги во однос на тоа. Нивен начин легално да се заштитат себеси - како би можел некој да поднесе тужба доколку не го поседува својот договор?

    5/ Доколку отворите било каква страница за вработување со сигурност ви тврдам дека ќе има некаков оглас од Неуромедика. Причината? Константни откази и бегање на персонал. Квалитетен кадар се избегнува. Потребен е персонал кој се плаши од железната тупаница на еден татин син кој ја урива империјата на својот татко.

    6/ Според протоколи по добивање на факсимил секоја установа која вработува млад лекар е субвенционирана од државата за истиот. Во превод - секој млад лекар е горе долу бесплатен кадар за установите. Ова е искористено од установава на тој начин што постои константна ротација на лекарите и скоро никој не останува повеќе од една година. И покрај тоа се издаваат казни со кои се полни џебот на дотичните.

    Има ли некој начин да се инволвираат медуми во работава? Крајно време е да се запрат.

    Инспекциите се поткупени и се ова поминува без казна со години.

    Секое мислење е добредојдено.
     

    Прикачени фајлови:

    • Screenshot_3.jpg
      Screenshot_3.jpg
      Големина на фајлот:
      126,1 KB
      Прегледи:
      265
    На Pixi5, Devotion, daylight и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    42.167
    Баш го прочитав ова вчера на редит..
    Не знам што да коментирам, и самата сум била "одрана" за преглед пред неколку години таму, ме исшетаа кај 3ца, се гушев од кашлање, па им успеа да ме смотаат некако, тоа интернист, па орл, па дерматолог за демек алергија, па ме натупаа со кортико:D, овде матичниот се чудеше..
    Плус не ми се верува таткото баш ништо да не знаел... Не беше глуп, ниту слеп, веројатно наминувал понекогаш таму... А можда и не:|
     
    На Pixi5, LiquidLuna, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    429
    Бев еднаш на систематски пратена од фирмата во која работев. Ми направија огромна модрица при зимање крв која со месеци не ми поминуваше, страв ме фати дури. Потврдувам дека систематскиот таму е само пералница за пари и немаат врска резултатите. ЕКГ-ето не ни работи и го прават само колку ради реда , легни закачи штипките аа готово стани.
    Мора да постои некој начин да се допре до медиуми , до надлежни , да се запре оваа.
     
    На LiquidLuna, daylight, Youknow и 6 други им се допаѓа ова.
  4. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    2.729
    Пол:
    Женски
    Оваа болница има буквално едни исти огласи постојано. Знам познаници кои беа на интервјуата и самите кажале дека е жива катастрофа од персонал до услуга.
     
    На dromka, Oscar Lady, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  5. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    6.256
    Пол:
    Женски
    Исто, и јас бев на систематски од фирма пред 2 години.
    Тоа беше се, но СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД НЕ.
    Непрофесионализам, ароганција тешка, а за стручноста и неспособноста на докторите да не зборувам... повеќе се удираше на шала и смеење отколку на преглед.
    За се што прашував и се интересирав, добивав саркастична шега како одговор.

    Врвот беше гинеколошкиот преглед кај Елизабета Миланова, и она беше многу несериозна и ме извади од памет кога ми кажа дека имам бактерија Trichomoniasis која btw е сексуално пренослива, што после тоа се увиде дека не е точно зошто неколку дена после тоа бев кај друг гинеколог и ми кажа дека имам друга бактерија а не таа гореспоменатата. Уште ми вика со потсмев "ееее немој сега да се скараш со дечко ти за ова, ништо страшно немој да си правиш проблеми. Па скоро сите жени што работат кај тебе ја имаат истата бактерија" :^) Е КАКО БЕ ТАКА?!
     
    На dromka, Resana, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  6. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    11.601
    Пол:
    Женски
    Истово ми се случи на систематски од работа, пред 10 години таму, уште на партизанска кога им беше болницата.
    Три пати шибање, никако вена да погоди, паралелно си збори на телефон, на крај во несвест паднав. Коркач сум, ама ова нигде ми се нема случено, ми земале крв преку 100 пати во различни болници/лаборатории.
    Ај ќе рече некој, земање крв не е ништо страшно, ама за вакво нешто ако не се стручни, тогаш што останува за нешто посериозно.
    Настрана тоа што џган луѓе се вработените лекари, чест на исклучоци.

    Мислев дека ќе се оправат со текот на времето, ова бетер станало.
     
    На dromka, Resana, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.073
    Допаѓања:
    9.370
    Пол:
    Женски
    Би било логично да се јавиш во трудова инспекција, да известиш Првобранител, да известиш лекарска комора, би требало да е соодветно да ги информираш и оние за спречување на корупција/ антикорупциска, во МВР има некои оддели за сузбивање на криминал и да пишеш на е-маил на медиуми.
    Кај овие не сум била никогаш од читање лоши коментари овде и на Фб.
     
    На dromka, daylight, злоба и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    8.865
    Пол:
    Женски
    Брат ми беше на систематски таму преку фирма. Крвна слика ужас. Нема врска со претходно правени. И тој баш рече дали се и негови резултатите, вредностите немаа врска.
    Кај таа докторка бев на преглед кога беше во Санте. Зема да стави ракавици, скинати, се изнасмеа со сестрата додека јас чекам преглед. Прегледот беше божем со колпоскопија, нема врска, само така ме погледна со нешто, врска немаше од колпоскоп тоа. После читав за неа дека имала приватна ординација, ама никаков однос со пациенти.
    Изгледа сите таму се за никаде.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.126
    Пол:
    Женски
    Долго време беа инволвирани со Ракометниот Сојуз, навлезени во ракометот, и переа пари преку нив. Многу добро се знаеше тоа ама никој ништо не реагираше. Емил Угриновски беше тој период директор во РФМ.
    Одвратен лик, си ги носеше швалерките на патувања со пари од федерацијата.... (2015-2017) :drunk::swear:
     
    На Pixi5, Youknow, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.552
    Допаѓања:
    13.561
    Пол:
    Машки
    За жал, ваквата пракса на Неуромедика не е откако Емил започна да ја раководи, меѓутоа дефинитивно работите станаа поочигледни.

    Впрочем, речиси сите, ако не и сите приватни болници функционираат на овој начин. Секаде се издаваат непотребни интерни, специјалистички упати за разно разни испитувања кои во суштина се непотребни. Исто така, цените на најосновните услуги - астрономски. Меѓутоа тоа е така поради тоа што свесно и намерно се уништи јавното здравство, а луѓето мислејќи дека ќе добијат поквалитетна услуга прибегнуваат кон приватните болници.

    Како и да е, во цел овој систем на злоупотреба, Неуромедика е речиси на врвот. Не во однос на обртот на пари, тука во однос на тоа колку многу се полакомиле. Односно пари - услуга, им е ужасен!

    Јавна тајна е колку им се лоши условите за работа, особено за општи лекари, медицински сестри и основни административни работници. Мобинг насекаде, лекарите работат на процент, нон-стоп се уценувани со кратење на плата, казни итн.

    На никој не би му препорачал да се вработи таму, дури ни на најголемиот непријател.
     
    На raww, Pixi5, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.875
    Допаѓања:
    107.800
    Пол:
    Женски
    Неуромедика- катастрофа се! Никогаш веќе не стапнува моја нога таму.
    Бев во понеделникот на ОРЛ - ме прати матичната со упат да чистам уши. За чистење уши ми зема 2140 денари. Се шокирав , ајде 300 ајде 500, ама 2000 не очекував да ми земат.
    Доаѓам дома, кажувам на моите и ми викаат некоја грешка е можеби, земав се јавив на телефон да ми објаснат , ми вика прегледот се плаќа нешто од цената, а чистењето на уши е на приватно. Тоа требаше да ми го кажат пред прегледот кога го дадов упатот на шалтер, можеби и ќе немав пари за да им платам. А требаше можеби и така да им кажам па нека ме гонат :devil:
     
    На Resana, LiquidLuna, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ThrinaMist

    ThrinaMist Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    На сестра ми и дадоа дијагноза дека е епилептичар (заради лошо и погрешно направено еег) - а всушност имаше само ниско железо.
    Нема ништо повеќе од ова да кажам. Срамота!
     
    На LiquidLuna, Curious cat, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.813
    Мене ми кажа дека не можам да имам деца, а веќе имав едно родено.

    На колешка и стигнаа резултати од крв а она не даде крв.
    На колега со закажана операција на жолчка му рекоа дека е супер здрав... и така.
     
    На Resana, sparklie, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  14. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    547
    Исто, мојата матична за првото ме прати за ортопедски преглед за бебе со упат имале соработка, океј колку може да чини си викам а немало термини во мајчин дом.Отидовме го земаат упатот почекаме, влеговме не знам кај кој доктор беше многу кратко траеше, 1 минута на ехо објаснување никакво, обавезно широк повој, и си искочи нас не остави сами додека облечеме бебе, отидовме на шалтер и да платиме некаде околу 1.000 ка беше ова зборам пред 4 години, ние во шок.Кога прашавме дека сме со упат за ова не важел упат нема врска,си отидов на приватно 2.000 денари ама објаснување како што треба скоро саат време од прстите на нозете до главата.Сега за второво матичната ми дава упат за ортопед пак Неуромедика, само едно не фала откажете го ако нема мајчин дом не идам со упат во Неуромедика.Јас не знам како функционира таа болница реално
     
    На LiquidLuna, SummerGirl, Curious cat и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.493
    Допаѓања:
    139.157
    На една пред мене на систематски 6 ШЕСТ пати и боцкаше за крв да и земе, па ја викна колешката. Дојде таа, боцна и си отиде. Следната седмица и ја боцнува и крв шприца на земја по жената цела маица и панталони.... И вика јака крв имаш.
    Мене ми прави ЕКГ, и одам со него кај докторката вика, според ова ЕКГ умрена си, не го наместиле убаво... Нема ли инспекција за овие?
     
    На Resana, LiquidLuna, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.552
    Допаѓања:
    13.561
    Пол:
    Машки
    Мене ме чуди како можи матичен лекар да соработува со приватна болница?!

    Исто и со фармацевтските компании?!

    Значи овие дејствија го кршат едно од основните правила на етичкиот кодекс!
     
    На LiquidLuna, SummerGirl, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.187
    Допаѓања:
    4.359
    Пол:
    Женски
    И никому ништо, како и се во нашата држава...
     
    На Resana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.794
    Допаѓања:
    16.591
    Пол:
    Машки
    Добро бе има некаде кај шо не се прави криминал во државава :|
     
    На dromka, SummerGirl и Dentina им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.750
    Допаѓања:
    22.587
    Ако ти кажала дека е бактерија, речи ѝ да иде да си повтори од книгите таму.
    Инаку близок беше на систематски таму сосе цел тим од работа.
    На сите им нашле нешто, кому слезената, кој жолчката, кој шеќерот и липидите у qrац, кој нешто трето. И на сите им рекле- Дојди да закажеме преглед подетално. Ќе дојдам да, мало сутера.
     
    На Resana, LiquidLuna, rainbowec и 2 други им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Систематски додека беа во Влае, многу детално и професионално а без гужва и без чекање.

    Систематски пред некоја година во зградата позади Дајмонд Мол, повеќе како мајтап со преголема гужва, немаше доволно места каде да се седне, сите закажани во ист термин, прегледите не беа вистински прегледи со исклучок на вид и слух. Урина на некои земаа на некои не... многу непрофесионално.

    @LocoCroco можеш твојот пост да го препратиш на меилови до медиумите, на пр. Фокус, Плусинфо, Нова Македонија, Сител, Слободен печат...
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.