Сребрена/Златна Свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Дали сте присуствувалена некоја сребрена/златна свадба, дали можеби на своите баба и дедо,тато и мама сте им приредиле некакво изненадување по тој повод.
    Не ве прашувам за лични искуства,бидејќи сте далеку од тоа,но дај боже сите даси ги дочекаме.
     
  2. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    Јас имам присуствувано на среберена свадба на мој чичко. Децата им подарија слагалица од слика со нивниот лик од една нивна стара слика. Инаку исто е како на обична свадба, :D
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    849
    Баба ми и дедо ми уште некои си 5 месеци ќе слават златна свадба. Морам да им спремам нешто :D ама имам уште време за размислување, што и како. Можеби овде ќе прочитам интересни идеи :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.026
    Досега сум присуствувала само на две сребрени свадби. Едната беше на пријатели и ја славвеа во ресторан со жива свирка, но сепак интимна атмосфера од некои 30најблиски луѓе. Поклон однесовме постелнина од Тач.
    Другата беше на мајка ми и татко ми. Прослава дома, со најблиските. Јас ги изненадив со тоа што не знаеа дека ќе дојдам, а им купив торта со „25„ на неа. Сакав и карикатура да направам од сите тројца, а и да земам еден мн убав сувенир, но слабо стоев со кеш. Сепак и со самото присуство и тортата, беа премногу изненадени.
     
  5. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.787
    Моите правеа сребрена свадба пред 2 години. На тато му купивме нешто како држач за весници (зашто чита и ги расфрла секаде), а на мама букет и една преубава вазна (обожава дрвени декорации). Мама не сака купечки торти па таа си правеше.
    Не беше ништо свечено, домашен ручек за фамилијава (штета што не беше сестра ми тука) и тоа беше тоа. Кога влеговме дома ја видовме мама по свадбениот фустан .. леле, не можам да ви опишам. Секако дека е друго да гледаш слики од пред 25 години, средена како што треба, ама зрачеше љубов и среќа. Иако мислам дека беше посреќна што сеуште ја собира фустанот. :lol:

    Прекрасно беше, се надевам дека со внуци ќе им ја дочекам и златната.
    П.С: Мене фустанот таман ми е, уште маже да си најдам. :angel:
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    13.936
    Пол:
    Женски
    немам присуствувано :)
     
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Сум била на златна свадба кај баба ми и дедо ми! :)
     
  8. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.378
    Сум присуствувала на две златни свадби и една сребрена. :)

    Едната златна беше на моите баба и дедо, другата на баба ми на сестра и нејзиниот сопруг. ( првата од страната на мајка ми, втората од страната на татко ми).

    Сребрената свадба беше на моите родители.

    Преубаво беше и на трите. Да си пречекаш со некој 25 години заеднички живот, во хармонија, љубов..... а за 50 години да не зборувам.
    Толку убаво се чувствував, така ме обземаше цело време некоја топлина :inlove:

    Девојки сите да си пречекаме !
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Не сум присуствувала на вакви свадби. Бабите и дедовците (од двете страни) беа разведени, а мајка ми почина после 13 години брак со татко ми. Баш ми е криво.