Дали сте присуствувалена некоја сребрена/златна свадба, дали можеби на своите баба и дедо,тато и мама сте им приредиле некакво изненадување по тој повод. Не ве прашувам за лични искуства,бидејќи сте далеку од тоа,но дај боже сите даси ги дочекаме.
Јас имам присуствувано на среберена свадба на мој чичко. Децата им подарија слагалица од слика со нивниот лик од една нивна стара слика. Инаку исто е како на обична свадба,
Баба ми и дедо ми уште некои си 5 месеци ќе слават златна свадба. Морам да им спремам нешто ама имам уште време за размислување, што и како. Можеби овде ќе прочитам интересни идеи
Досега сум присуствувала само на две сребрени свадби. Едната беше на пријатели и ја славвеа во ресторан со жива свирка, но сепак интимна атмосфера од некои 30најблиски луѓе. Поклон однесовме постелнина од Тач. Другата беше на мајка ми и татко ми. Прослава дома, со најблиските. Јас ги изненадив со тоа што не знаеа дека ќе дојдам, а им купив торта со „25„ на неа. Сакав и карикатура да направам од сите тројца, а и да земам еден мн убав сувенир, но слабо стоев со кеш. Сепак и со самото присуство и тортата, беа премногу изненадени.
Моите правеа сребрена свадба пред 2 години. На тато му купивме нешто како држач за весници (зашто чита и ги расфрла секаде), а на мама букет и една преубава вазна (обожава дрвени декорации). Мама не сака купечки торти па таа си правеше. Не беше ништо свечено, домашен ручек за фамилијава (штета што не беше сестра ми тука) и тоа беше тоа. Кога влеговме дома ја видовме мама по свадбениот фустан .. леле, не можам да ви опишам. Секако дека е друго да гледаш слики од пред 25 години, средена како што треба, ама зрачеше љубов и среќа. Иако мислам дека беше посреќна што сеуште ја собира фустанот. Прекрасно беше, се надевам дека со внуци ќе им ја дочекам и златната. П.С: Мене фустанот таман ми е, уште маже да си најдам.
Сум присуствувала на две златни свадби и една сребрена. Едната златна беше на моите баба и дедо, другата на баба ми на сестра и нејзиниот сопруг. ( првата од страната на мајка ми, втората од страната на татко ми). Сребрената свадба беше на моите родители. Преубаво беше и на трите. Да си пречекаш со некој 25 години заеднички живот, во хармонија, љубов..... а за 50 години да не зборувам. Толку убаво се чувствував, така ме обземаше цело време некоја топлина Девојки сите да си пречекаме !
Не сум присуствувала на вакви свадби. Бабите и дедовците (од двете страни) беа разведени, а мајка ми почина после 13 години брак со татко ми. Баш ми е криво.
Zdravo zeni Treba da prisustvuvam na 50 godiini od svadba kaj moi bliski luge.Davajte idei za poklon?Da ne e blago i torta.
Златна свадба сум била кај бабите и дедовците,бевме во кафана фамилијарно. А за моите поминале сребрена, па здравје ќе ја чекаме и златната.