Најголем дел од моите пријатели ги имам запознаено онлајн, со повеќето се имам сретнато. Од некои изненаден и позитивно и негативно, некои пак токму како што се представија преку тастатура. Дури и со странци се имам запознаено, со некои секојдневно комуницирам, со некои повремено.
Да, од форумов запознав три прекрасни личности. @MagsDestiny и @blackwave ги запознав прво на чет, па после некое време се договоривме да се видиме. Не можам да најдам соодветни зборови за да опишам колку се мили и прекрасни двете. Тоа се другарки за цел еден живот, ми го прават денот поубав. Си знаат колку ми значи нивното пријателство и колку ги сакам (сега Маги има бичфејс дур ги чита изјавиве ) И уште една личност која ми помогна кога ми беше најтешко. Мила девојка со големо срце. Такви луѓе ретко се сретнуват во животов. Среќни се луѓето кои ја имаат во близина. Секогаш ќе и бидам благодарна за се што направи за мене. И со муабет и утеха многу ми има помогнато Да ми збореше некој немаше да верувам дека ќе налетам на толку посебни девојки
Си знаете и ти и @blackwave колку е животот позабавен и поубав на дневна база откако се знаеме, и уште не ми се верува дека така рандом, на толку неочекувано место, најдов вакви личности кои вредат за цел живот. И секогаш да ми останете така расположени и откачени, зошто со вас сѐ е полесно
запознавање, ко запознавање... било онлајн, не прави разлика. Дури мислам дека онлајн е подобро, бидејќи муабетот го правиш поотворен
Да, ми се случило да се сретнам во живо со виртуелен лик. До средбата дојде спонтано, после долгогодишно комуницирање на фејсбук. Имавме и заеднички пријатели. Испаднавме, испивме кафе, направивме муабет. Личноста ги потврди моите очекувања, испадна доста позитивна особа со која и до ден денес се дружам. Имам и негативно искуство, т.е спротивност од ова. Исто се запознав со особа која е тотално разочарување, у смисла ништо од тоа што се претставувал дека е, не е. Е сега мојот заклучок е дека преваранти можеме да сретниме секаде и во секое време, иако во виртуелниот свет шансите да кажам ајде се поголеми со оглед на тоа што можеби немаме никаква претстава за личноста и за нејзината околина, друштво и секојдневни навики. Значи преваранти можеме да сретниме и на улица, во дискотека, во продавница ... а тука е важна нашата способност и капацитет да ги процениме и селектираме таквите луѓе.
Сум запознала и денес ми се поголеми пријателства и од други кои од деца ги знам. Првиот впечаток не ме излагал. Како сум ги замислила и во живо такви биле. Можеби заради тоа што немам предрасуди и не очекувам кој знае колку од една личност.па затоа не се ни разочарувам ниту премногу се возбудувам. Првите средби траеле исто како да не сме се виделе 100 години муабет, разни теми. Лошо искуство не сум имала досега.навреме се дистанцирам од таквите и не ни стигнувам за средба.
Сум имала неколку вакви искуства од кои произлегле прекрасни пријателства. Меѓутоа, пред да дојде до средба, четувањето траело интензивно со месеци, така да сум немала некои посебни изненадувања, напротив се осеќав ко да ги познавам цел живот. Така настана и мојата последна љубовна врска пред неколку години, која еве и до ден денес трае.
Da se imam zapoznaeno i da bile pozitivni i ubavi lugenca i povtorno bi zapoznala luge na istiot nacin. Se nadevam prijatelstvata ke traat i ke gi ima uste
Ам да ги кажувам по име? Ај не Некои беа планирани, некои случајни средби, не бев изненадена скоро ич ама ми рекле дека јас сум ги изненадила Сите беа позитивни средби и со сите комуницирам
Еднаш и никогаш повеке. Од овде никој не сум запознала , но би сакала @baba Rada и Госпога @Bridget и @Gosh да ги запознаам
Јас сум запознал една феминка, и безброј други личности од виртуелниот свет. Скоро со сите е ок. Со некои дискреција, со некои бизнис, со некои ништо Кој сака да ме запознае, не сум тој од сликата на никот И не заборавајте сите се логирате на феминава со IP address, исто како со домашна адреса, If you know what I mean, исто и Админите знаат Нема да Ве барам кои сте и од каде сте xaxaxaxa туку ккој сака дружба, отворена је врата Имајте убав викенд виртуелисти реалисти
Со многу луѓе се имам запознаено преку социјални платформи. Шарени искуства, дури и љубовни врски,бизниси,големи пријателства... ЈИНГ - ЈАНГОТ е сеприсутен али пред да се деси физичката интеракција, предстои тест шема што сум ја креирал со годините назад кулирајќи во виртуелниот свет.
Имам доста луѓе запознаено преку нет,не се некој пријателства,али се на здраво здраво,во последно време тежок сум на проширување на нови пријателства,едноставно си се дружам со старите пријатели,другари,другарки.Иначе од форумов имам некој запознаено,а имам и видено случајно низ град,некој членки(од модни критики),али никому ништо Немам против никого да запознаам од форумов искрено,не гледам негативност во сето тоа.
Се допишував на скајп на времето со еден и се сретнавме.Добро ни одеше виртуелниот муабет ама во живо не се најдовме баш.Толку беше после и виртуелно не продолживме со комуникација. Од форумот немам запознаено за жал никој.Може ќе имам среќа да сретнам некој низ град на пример @Herrera
Мислам дека нема ништо страшно во ваквото запознавање. Се помалку имам можност да запознавам жени во живо (обврски, разведен со деца). Кај нас нема специјални места-локали за такво нешто. До сега немам негативни искуства, а со многу имам излезено. Со некои сме само испиле кафе, сме останале пријатели, со некои од нив се развила и љубовна врска. Нормално, никогаш на слепо,без предходно да видам со кого се допишувам, а тоа најчесто значи фејсбук (лажните профили се познаваат), па телефонска комуникација. Никоја не сум зезнал, никоја не ме зезнала...сфаќаш дека сепак поголемиот дел сме нормални луѓе
Ја и другарка ми у 7мо одд значи пред некои 15год бевме активни на мирц нели у тоа време беше ептен и нонстоп си праевме муабет со дечки.Два пати ни се погодија психопати. едниот тогаш може имаше над 20год еден мањак со црн капут а вториот дете на 14-15години памтам од една слаткарница не следеше негде километар 2, едвај му избегавме. ама деца после си се изнасмеавме, јес да се упрпавме. други лица имам вака на фб, ама само со еден се имам запознаено дека и беше другар на другарка. со рандом не сум ни пишувала нешо мн а не па да сум договарала средби
Абе каков град, ела на аеродром и бирај што сакаш од Duty Free, имаме попуст вработените па јас ќе те частам, нека биде ко Божиќен поклон за форумска пријателка Ја читам и @baba Rada изразила желба за запознавање, епа бабо да сме здрави и живи може и тој ден да го дочекаме Да не сум офф топик на темава , се имам запознаено со секакви фаци од интернет .....далечната 2000-2004 кога учев гимназија се допишував на Мирц со машко од Индонезија и ми стана мил и кој би рекол дека после 7 години таму некаде 2011 год. во живо ќе се видиме и изгушкаме, душа мила напатена од сиромашно семејство Многу позитивни средби со интернет фаци од Америка, Австралија, Канада, Тајланд, Јужна Африка , Норвешка. Аххх има многу моменти кои ги немам споделено на овој форум, се немам исповедано , но во секој случај се пријателства кои и ден денес траат и си честитаме празници и родендени на фејсбукот. Што вели сестра ми, море ти имаш кај кој да преспиеш во повеќе земји од светот . Е не, ќе се заебаваме
Сум имал досега неколку средби. Сите биле позитивни на некој свој начин, без разлика дали останало сето тоа на една средба, бизнис дружба, прераснало во пријателство или нешто повеќе. Имам запознаено доста луѓе во виртуелниот свет, со некои сум имал и континуирано допишување, повици, со повеќето од нив не сум немал можност (далечина) или пак не сум сакал да остварам контакт во реалниот свет. Малку сум тежок по тоа прашање. Тешко стекнувам доверба во луѓе. Оние средби што се развиле во нешто повеќе траела комуникацијата континуирано, со месеци, па би рекол дека сум ги знаел одлично и ефектот на непосакувано изненадување го немало. Впрочем, впечатокот бил ист како да сме се знаеле отсекогаш и го продолживме она од виртуелното во реалноста. Овие краткотрајните најчесто било во врска со некој бизнис, купопродажба или пак некоја случајна средба. Се сеќавам пред неколку години, во една од институцииве наши, ни се сретнаа погледите со една личност што се имавме нешто кратко допишувано на фејсбук долго време пред средбава. Сеуште не сум сигурен дали ме препозна, но ми пријде и ме праша за помош во врска со она што чекавме. Си направивме така еден фин муабет додека не завршиме работа и секој си тргна по свој пат. Оттогаш ниту и пишав, ниту она мене. Уште сме пријатели на фејсбук и ден денешен.