А тоа се смета ли? Овде нели се зборува дали со некој да излезеш што ќе го запознаеш тука, а не да го знаеш од пред тоа
Да се случи пред 10 години. Долго време комунициравме преку интернет, па продолживме и на телефон и средба во живо. Така како што замислував така и испадна, не утнав во проценката. Позитивно бев изненадена бидејќи се пронајдовме две сродни души . Од првата средба продолжија и наредни... За неколку месеци брак и после 9 год. ден пред годишнина и бебенце
Од пријателства до момчиња имам запознаено многу. Од форумов се знам со неколку. Најдобриот другар со кој се дружам 9 години го запознав вака. Само треба да се внимава и не се искача на втор сврзан збор. Од искуства и позитивни и негативни имам,но се е лекција и искуство плус. Од сите највеќе ми оставиле впечаток @CaraMia веќе е банирана, но често комуницираме,едина особа што ме ислушала и ми дала реален совет. Најкомотно се чувствувам кога разговарам со неа. Притоа,некои драги членки кои овде имаат профили и посебни приказни зад себе, ми се особено драги и можам да се опуштам пред нив.
Да, имам такво искуство, позитивно. Главно позитивно. Пријателки од соседните земји си најдов токму преку форум, ама не овој. Се дружиме, си одиме на гости, одевме заедно на концерти... убава дружба која настана од заедничка љубов спрема музиката. Различни генерации, ама сепак имаме премногу заедничко. Сум запознала некои ликови од форумов и имама ептен позитивни импресии од сите нив, да почнам да ги бројам, ќе треба до утре да пишувам. Не ме разочарале, затоа што генерално немам високи очекувања при вакви средби. И се надевам на повторни дружби кои би траеле подолго. И мм го запознав прво виртуелно, после во живо. Остатокот е историја... Треба да се биде внимателен, оти не можеш да процениш преку монитор дали некој е искрен или не. Со годините тоа се учи, ама за помладите знае да биде опасно, т.е лесно да бидат измамени од некој/а што се прави дека е нешто што не е. Затоа, очи отворени!
Ехехеее... Најдобрата другарка си ја запознав овде, уствари три се за кои во секој дел од денот би скокнала. Ма има неколку, ама овие три ми се најблиски. Си ги обожавам! Сум ги видела и со едната дури и имаме ептен интензивна дружба по родендени, мекици, повојници, ја сакам ептен оти е едно позитивно и весело чоече.
@monik55 ..Ела маче кажи каква средба имавме ние у молот Сакаше да ми побегнеш ама не ти успеа на @duffi уште сум и ‘лута’ шо ме одминала а ме познала.Ама ќе и се реванширам