Ама па на расположение убаво влијае. А и храна влијае убаво на расположение. Гарантирам, после Лили не може да си тажен.
Немам ништо против нови познанства, доколку некој изрази желба да се сретнеме во живо Порано сакав многу повеќе личности да запознаам, конктетно од форумов, сега сакам само 2 Ама онака баш сакам сакам.. И ќе биде наскоро
Леле уште памти. Некни на каса во Зара одма се сетив на тебе. Абе, тука ни градат мол, ќе те чекам на шоп-шопинг.
Се имам запознавано и сеуште се запознавам кога има прилика, немам негативен став кон стекнувањето пријатели од виртуелни во реални. Први запознавање заедно со другарките правевме преку мирц со дечки. Тоа беше '99/2000 година. Ако некој не ни се допаднеше на изглед од далеку, немаше ни да му се претставиме, ќе го извисевме Потоа преку други социјални мрежи и форуми запознав 2-3 пријателки со кои сеуште комуницираме повремено, и една бивша љубов Секако со годините и искуството доаѓа до знаењето да процениш човек уште пред да го запознаеш. Но за жал има и многу паметни манипулатори кои можат да бидат опасни за младите и неискусните. Јас еден таков доживеав со мои 25 години, неможев да поверувам дека "паднав" на многу приказни Среќа не дојде до запознавање во живо, малку фалеше, зашто ќе беше опасно. А комунициравме цела година. Од форумов познавам три пријателки благодарение на децата а со две сме прилично активни и со фамилијарни дружби Очекувања немам големи кога запознавам ваков човек, зашто сепак пишаното е само една моментална состојба која не ја дава целосната слика за човекот, но сепак одбираш да го запознаеш зашто сметаш дека разговорите ви одговараат и поаѓаш со идеја дека ќе стекнеш нов пријател
Порано на форумот Идивиди направивме неколку форумски средби во живо и таму имам запознаено доста виртуелни ликови во живо. Тимот на модератори уште почесто се собираа на „работни“ состаноци, администраторот ги частеше за нивната волонтерска служба на форумот Тука на овој форум мојата перцепција е дека форумџиите се прилично срамежливи личности, ама сепак на 2-3 имам случајно налетано. Сепак многу повеќе виртуелни ликови од твитер имам сретнато во живо, порано на твитап собиранките и сл.
@Ava.84 Flow ne ne strasna, malce opasna  no ako trgnis da ja baras @Herrera, podvikni ce dojdam, ce ti pravam drustvo
Во млаџи дани се имам среќавано неколку пати со ликови, претежно дечки од социјални мрежи, ок беше иако воглавно разочаруваат во живо Ама било коректно, кафе, муабет, дружење, само со еден се смував и имав долга врска потоа. Последно, сретнав еден лик со кој жестоко се испокарав на фејсбук, на еден пост каде "апелирал до надлежните да се справат со бездомни кучиња за да не ја земеле граѓаните правдата во раце" Јас го познав, имам фотографска меморија и многу памтам ликови, ама тој фала богу не ме позна па избегнав конфликт.
Ете денес точно 3 години откако ја запознав Данка моја @danichap заедно со нејзиното либе и мојата најубава снајка
Ниту сум се сретнала со некој таков лик, ниту пак сакам ќе се изгуби убавината на непознатото, на вистинските ние, т.е. ќе треба после и да се внимава што се пишува ако еве на пр. се запознам со некоја од членките на форумот.
Ова ме потсетува на филмовите кога не сакаат да се сретнат со некоја личност па бегаат низ цел трговски за на крај да им искочи и нема бегање , па тука почнува , лелееееееее не те видох ја , па кај си ти беее , лелеее срцкааа Дуфи се спасила на време . Anyway Јас лично имам од Кајгана сретнато луџе , и тука имам запознаено двајца членови уште од пред неколку год , мислам поминаа веќе 4-5 год од тогаш ,ама веќе не се дел од фемина , прилично ок луѓе , позитивни искуства , интересно е да се со рандом луѓе од интернет , никад не знаеш што ќе те снајде , може некое срценце што ќе ти го разубави денот , или пак некој/а лудача што ќе те однесе у некој подрум и ќе ми се дере , КАЈ ТИ СЕ СЕГА СОРОСИДИТЕ, КАЈ ДА ТЕ СПАСАТ СЕА А , СЕА ЌЕ ДОЈДЕ 30 ЦМ ДИЛДО У ГАЗО .... Руски рулет мкд верзија , а во странство секогаш биле позитивни искуства кога запознаваш луѓе од интернет бидејќи таму никој со ништо не се замара и си се лагани луѓето. И така...
Вака по форумиве кога читам мислења одма си замислувам како изгледа некој што ми се дели со мислењата, т.е ми е интересен лик. И многу пати сме контактирале и сме се дог за кафе и никогаш никој не бил како што го замислував и никогаш никој не бил онаков каков што е на форум. Дечките што тука се претставуваат како кул, опуштени и опенмајнд испаднале дека се искомплексирани намќори, а со оние што на форум сум се контрела и живци ми кинеле испаднаа дека се баш супер во живо и до ден денес се дружиме.
Не си видела вистинско контрање и кинење живци на форум изгледа, можеби само спротивни ставови со сепак нормален однос. Јас од таквите што сум имала такво искуство овде, би бегала што подалеку, не па да ми дојде желба да ги запознаам. Можеби некој би глумел кул и open-minded - но добра личност со емпатија да го покажува спротивното на интернет, да си ја остава културата и човечноста на страна кога ќе се логира и да се покажува во многу полошо светло, е тоа не верувам и ми нема логика. (Oсвен ако не е скроз несериозен онака, целосно да трола и тепа време на соодветната платформа... ама на тие тешко дека им е до запознавање штом дошле со таква цел. ) Не сум имала искуство како првото, напротив... а за оние што имам слика од вториот тип - не ми треба таква негативност во реалноста.
Јас лично никогаш сум немала такво искуство, вон виртуелен свет да има средба и тоа лично поради мене т.е никогаш сум немала желба истото да се случи од самиот факт што сум индиферентна по тоа прашање, односно ако сум дошла во виртуелноста сакам така да биде, никакви други намери ниту цели Ако сакам средби во реалноста, тоа е исклучиво со луѓе чија прва средба и контакт ни бил токму таков, реален, очи в очи Не дека имам нешто против, но јас лично од тој аспект не сум ентузијаст А и мислам во последно време одбивам да се социјализирам со нови личности бидејќи некако ми треба голем одмор и пауза
Не практикувам да се запознавам со луѓе од форуми затоа што знам некад душава да си ја остаам, а ќе се осеќам стегнато ако знам дека некој што ме знае, ме чита. Преку фејс се имам запознаено пар пати, и секогаш сум добивала коментари дека сум различна виртуелно и во живо. Виртуелно сум изгледала као аждаја, а во живо сум била слатка и мила. Иди па разбери!
Една членка што "вешто" се крие која е ја најдов на фб и кога видов која е А тука сосема друга слика остава, така да ретки се оние кои се искрени на форумот