Средба со некој од форум (општо за сите форуми) не сум имал, а и не знам дали би се остварило тоа. Преку ФБ сум се запознавал, но тоа е многу подруго, таму и тука.
Денешките врски се 90% запознавање виртуелно па немам ништо против. Сум имала многу такви средби и обично каков впечаток ми дале на интернет такви се и во реалност.
Никогаш нема да ве разберам какво задоволство ви се ваквите фамозни откритија и половично излагање на истите, демек би требало да нѐ копка или...? И не сфаќам во која смисла од фб профил заклучи дека не е искрена тука членката, освен ако и во реален живот не ја знаеш, па ни тоа не мора скроз да е релевантно. Единствено лажни слики тука ако си приметила може да реагираш и пријавиш, иначе многу малограѓански ми се муабетиве. Као wow, ФБИ чека на вас со детективскиве способности, у реду е...
Досега немам запознаено виртуелен лик во живо, ја сум комплицирана и неодлучна а не е ок од било која страна да се развлекува и одолговлекува запознавањето, затоа претпочитувам само во живо запознавање.
Иам запознаено многу луѓе од Инстаграм ако така се рачуна. Од овде, само на Инстаграм имам неколкумина, ама за жал уште не сме се запознале во живо.
Не гледам ништо лошо доколку се има прилика да се оствари средба со некој со кој подолг период се контактира. Од порано имам повеќе луѓе запознаено и сите биле автентични на она како се претставиле. Од овој форум конкретно знам само една личност.
Комуницирав порано со еден дечко од Велес, мислам дека бев прва година во средно, ми праќаше слики од сестра му, слики од мајка му, ми пишуваше 24/7, слики и од него ми праќаше, и кога се распрашав за него од кога се договоривме да се видиме, прашав неколку луѓе од Велес, покажав и слики, сите ми кажаа дека ниту на местото каде што ми кажа дека живее, ниту во школото каде што учи има такво дете, сите беа како никогаш го немам видено типов, другарот праша и едно дете од наводното негово школо, и он рече не учи овој кај нас, и кога му реков после тоа дека сум прашала за него и што ми кажале, го прашав и која ти беше потребата да ме лажеш, типот ме блокираше секаде одма.. И ден денес се мислам кој знае што ќе ме снајдеше да одев да се видам со него..
Се имам запознаено со многу личности кои првично сум ги запознал виртуелно. Никогаш не се случило да бидам непријатно изненаден, најчесто сите биле такви какви што сум имал замислено, само што со некои кога ќе дојде средбата во живо, сфаќаш дека енергијата не е баш погодена ко и виртуелно додека сте се допишувале.