1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средни училишта во Скопје

Дискусија во 'Канта' започната од gosakamohridd, 16 ноември 2018.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gosakamohridd

    gosakamohridd Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки! :inlove: Не знам дали има ваква тема, ако има слободно преместете ја.
    Вака.. Јас сум 2ра година и сум гимназија. Сакам да се префрлам да учам во Скопје пошо сум од друг град. Во прва поминав како одлична али математика, физика и хемија ми се многу слаби страни.
    Дали може да ми предложите некои школи и интернати? Ми треба помош...татко ми не сака да слушне ни збор за префрлување а јас имам и дечко од Скопје, ве молам помош, што да правам? ❤️❤️
     
  2. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Машки
    Еден предлог од мене ти е Средното медицинско училиште "Д-р Панче Караѓозов" (секако ако имаш желба). Тука има интернат во самиот училишен двор само за женски (машките се во други интернати низ Скопје). Физика , Хемија , Математика се учат само во прва и во втора додека во трета и четврта ги нема (освен ако ги земеш за изборни)

    Е сега за да се префрлиш негде ќе мораш да ги полагаш стручните мислам :/ али школцево е топ и дружба и се у генерација имаш 350+ девојчиња така да другарки и другари се запознават брзо.

    P.S не те сфатив дали бараш било какво средно или гимназија , затоа ти давам ваков предлог
     
    На ajdarce и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    42.911
    Пол:
    Женски
    Најдобри гимназии ти се Георги Димитров, Орце Николов, Корчагин и Јосип Броз.Учење има секаде.Предметите се исти.Знам дека вашата генерација од прва бираат смерови.Ако не ти одат природните науки во трета можеш да одиш на општествени или јазични.Физика и хемија во сите гимназии се задолжителни до 3та после зависи од смерот во 4та имаш некој од овие.
    https://forum.femina.mk/threads/Престој-во-интернат.17618/ Еве види на темава може има нешто.За интернат знам дека има во медицина само како што кажа Ларсон.Во било кое стручно да се префрлиш ќе мора да полагаш испити.
    За жал ти си малолетна и си под одговорност на твоите родители и без нивна дозвола не можеш да одлучуваш сама за ова.Скопје е голем град, прометен е има сè и сешто.Голем ризик е сепак.Ние што живееме овде не сме толку лабави.
    Разговарај со него кажи му дека сакаш да се префрлиш и дај му црвсти аргументи за твоето префрлање.
    Може да те прашам нешто?Сакаш да се префрлиш ради дечко ти или?
    Ако ти е ради него размисли убаво, дали вреди сепак е ,,младалачка” љубов.Твоја возраст сум горе/доле.
    Ако ти е ради школите, не знам по другиве градови како е освен за гимназијата во Охрид.Не е нешто посебно овде, има и океј професори и имаш искомплексирани.Ако учиш секаде супер ќе си пројдеш, и нови деца ќе запознаеш ќе се здружиш.
     
    На gosakamohridd и Queen^^ им се допаѓа ова.
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    За дечко да се префрлаш во Скопје?
    Боже сачувај.
    Се што лета не се јаде.
     
    На Mr. Right, Feminka22 и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    Праша што да правиш да те советуваме.
    Слушај си го татко ти!
     
    На gosakamohridd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Абе дете бе дете, седи си мадро да не биде модро....
    Верувам уште ни 16 години немаш, прво знаеш ли колку им е тешко на студенти да се прилагодат во Скопје кога ќе дојдат, прво што градот ти е релативно непознат, голем и брз, второ доаѓаш скроз сама а дур стекнеш другари/ки ти треба време, сигурно не знаеш ни да готвиш ни да переш ни да чистиш ко шо треба, а трето за да се одржаваш ти треба некој денар повеќе.
    Тоа што сакаш ради дечко да се префрлиш е уште бетер, утреден е раскинете сигурно па ај пак шалтај се наваму натаму.Идеја: што не му кажеш он да дојде да учи кај тебе средно :D
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Ее, па и вие што го направивте Скопје, големата метропола. :lol: Дечко ми е од друг град и за неколку месеци тип топ го има научено Скопје, дури повеќе од мене го знае, ко Google Maps ми е. :D

    Инаку, на темата, прва работа, и да немаше дечко од Скопје, зошто да се малтретираш за едно средно да учиш во друг град, кога во сите градови има средно и горе-долу сите се исти. Освен, ептен ако се работи за некое стручно средно што го нема во твојот град, а да имаш ептен желба за него па ајде. Втора работа, зошто уште на 15/16 години да се маваш по интернати кога стварно немаш причина, и плус рачунај, оставена си сама на себе, ако си болна сама се грижиш за себе, за храна, хигиена, пеглање, ти се скинало нешто, нема мама да ти купи ново, зимаш од буџетот што го имаш за се и си купуваш сама.

    И трета и најважна работа, ако ова е заради дечко ти, а ми мириса дека е, личен пример ќе ти кажам, моите врски во средно по 4 месеца траеа максимум, па ти сега види. :D Јас не викам дека вие одма ќе раскинете, дај боже да идете, има врски од средно што завршиле со брак, ама на таа возраст е многу неизвесно што ќе се случи, а доколку раскинете што ќе правиш после? Инаку, што не го прашаш дечко ти дали би го направил истово за тебе, па види после што како. :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.