1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средното образование во Македонија

Дискусија во 'Образование' започната од tessie, 4 април 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ме интересираат ваши размислувања на темава.

    Имам забележано дека на нашиве простори постои тенденција сите оние со завршено средно образование да ги генерализираме и ставаме во еден кош...абе среднисти.

    Мислам дека тоа е и една од главните причини зошто имаме толку нестручни лица во нашата земја. Затоа што, колку и да си бил добар, да си освојувал награди, да си бил првенец на генерација, оние кои треба да створат впечаток за тебе те карактеризираат како среднист.

    Ист таков среднист како и некој од некое средно училиште на кој едвај му ги поправиле неоправданите кои ја преминувале границата и бил пред бркање. Доаѓал на школо да се тепа со соучениците, да се кара и мајтапи со професорите и крши инвентар. Тој со овој првиов примерок имаат исти шанси за вработување (зборувам по регуларен пат, не навлегувам во постоење врски, пријатели, пари овде затоа што не ми е тема на муабет).

    Постои едно размислување кое преовладува кај нас, а мене ми звучи многу погрешно „Еее и врапчињата во двор се запишаа/завршија факултет, само таа мрзата не сака да чуе.“ Е во оваа фраза се состои и одговорот на прашањето зошто имаме толку нестручен кадар и покрај високото образование.

    16+ години поминати во школска клупа се во прашање. Не е секој скроен за тоа, но не треба да биде третиран како сите останати кои завршиле средно образование доколку во тие 12 години добро му одело и бил примерен, а не се провлекувал на 1001 начин.

    Јас искрено кога би била работодавач, попрво би ценела некој кој со труд, мака и дисциплина поминал низ основното и средното образование и има желба, елан, мотивација да вложува и вложува труд да научи да си ја врши работата ефикасно, отколку некој размазен татин/мамин син кој со триста перипетии, плаќање и чуда завршил некој факултет и на секоја моја критика за неговата работа да ми мафта со дипломчето. Затоа што инвестирање во квалитетите на луѓето, а не во нивната папирологија во замена за „жими внуци ме бива“ е и секогаш ќе биде долгорочна инвестиција.

    Мислам дека кога сите се насочиме кон вакво размислување, ќе имаме стручен високообразуван кадар на кој универзитетската диплома навистина му доликува.
     
    На simply-red, Glasna и Tomcia им се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Па според мене тeси средното образование во МК е крајно девалвирано, значи е она што некогаш било основно, сите мора да го завршат, задолжително е и тука неможе да се очекува којзнае каков натпревар во знаење меѓу сокласниците кога во класот има 5 деца што одат онака колку оти е задолжително 10 што се со вујко владика и секако се одлични , 1-2 деца што навистина учат и останатите се шмизли и фраери
    е сега при сите оние горе набројани “ученици“ 1-2 што учат се губат во мнозинството или дури и се откажуваат од желбата за учење гледајќи како имаат исти оценки со оние 10 деца со вујко владика, јас до лани бев во клас од 23 деца и 17 скрос одлични
    зарем е тоа воред??-не е од тие никој не учи навистина сите се снаоѓаат(секој втори ден испитуваат крв, или одат на лекар, а за чудо човеков работи само додека сме на школо,оправдано е остуство од 1ви до 20ти септември за одмор во грција и да не набројувам...)
    Епа зарем тие деца со просек 5,00 не го заслужваат изразот среднист?? Што сетканаел тие во средното образование освен пракса во глумење и лажење..
    Епа кога знаењето го нема и изразот среднист е оправдан
    па тој само поминал низ тие 4 години не стекнал никакво посебно знаење, култура и се друго што би требало да биде средно образовние
    Да почнам прво од мене
    еве јас учам гимназија, ако се оди како што планирам ,ќе завршам и како првенец на генерација, а колку време јас посветувам на уење?- ни 1 час дневно, пишувам домашно во школо учам така за тест и за испрашување, што се вели учам кампањски-за оценка, во прва година учев а сега кога има толку низок критериум зошто јас да се мачам непотребно
    И за година дена завршувам средно, тоа не го гледам како голем успех во мојот живот туку како и основното, само едно ниво, како и да сум го совладала тоа е тоа ниво, а мојот успех ќе ми донесе бодови за на факултет-за следното ниво...
    Па ако тргнеме од тоа сите што завршуваат факултет се со ВИСОКО образование, а некои имаат просек 6,а други 10 ... значи и таа титула не е фер

    Секако делумно и се согласувам со тебе, треба да има некое општествено признание за успешните во средно,но премногу е лесно да се биде успешен

    Е сега штета е за оние исклучоци кои средношколскиот живот го посветиле на учење, но за жал или за среќа се малку во джавава
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Е тоа е проблемот. Не смее да се дозволи „лесно да се помине“ во средно. Во една развиена земја, среднистите треба да претставуваат важен дел машинеријата на функционирање. Зборувам за стручните среднисти, затоа што ми е чудно штом веќе си се запишал во гимназија да не продолжиш понатаму.

    Јас мислам дека постои нешто што многу се запоставува кај нас, а не смее. Насоченото средно образование, да не речам стручно. Треба да се вложува, да се соработува со компании на кои им е потребен таков кадар, да се обучуваат, за да, доколку веќе имаат талент за одредена струка, да не го испуштат од раце за да се запишат на факултет по секоја цена, пошо еј, сите ќе те покажуваат со прст ако не запишеш. |( Вака се создаваат вештачки академски граѓани и се намалува бројот на луѓе вешти во нешто и навистина самостојни со полнолетството. Да не речам колку занаетчии ни` “умираат“ секоја година ради тој тренд „факултетот е новото средно.“

    Или ко шо викаше Кили (мислам дека да не ве излажам) доколку имаше приемен на сите факултети каков што треба да има, дали 30% од сегашниве студенти воопшто ќе се запишеле на факултет. За завршување, уште помалку.
     
    На feminium и Glasna им се допаѓа ова.
  4. CutiePieMarzia

    CutiePieMarzia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали ако просекот ми е одличен (за VI,VII,VIII,IX) можам да се запишам во Јосип Броз Тито?
     
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Koe JБТ?За во Битола треба да има 65 поени, би требало. Јас имам една другарка се запиша долната гимназија, а беше првите 3 год одлична, осмо заради екстерното мн.добра. А исто поени бараа и ЈБТ и ТД.
     
  6. CutiePieMarzia

    CutiePieMarzia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Гимназијата во Скопје што е.. :)
     
  7. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    1-2 месеца пред да се запишувате ќе ви каже педагогот што, како. Како да ги броите поените, па средните ќе идат кај вас и ќе ви кажуваат како е таму, колку поени ќе ви треба и така. Мај месец ќе дознаеш се. А одприлика што отцени имаш, по колку 4ки, 3ки секоја година?
     
  8. CutiePieMarzia

    CutiePieMarzia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Па во 6то бев 4.71 во 7мо 4.60 во 8мо 4.50 и сега незнам колку треба да имам во 9то за да ме примат во ЈБТ.. :)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Паааа како основното и факултетот така и средното го сјебаа до коска. Ние цели 20 год сме во некоја транзиција и реформи и никако да завршат односно почнат.
    Факт е дека се потребни реформи кои треба да се спроведат а не само да стојат на хартија. Но и тоа што стои на хартија реално не може и да се спроведе. Ова по конкретно за средно насочено образование. Еве пр. за мојот град. Машински техничар, нема фабрика кај би одел на пракса, земјоделско средно училиште насока пекар, во која фабрика пекара да оди на пракса?!?! Каков кадар се вработува и предава е посебна приказна. Ако не си партиски инволвиран т.е добар ,,коњ за трчање,, колку и да те бива, вработување ќе имаш на свети никогаш по струка.
    Е сега лошо им се гледа што ќе треба да полагаат за лиценца на секои 3 или 5 год (не ми текнува како беше), епа што мислиш доживотно си врзан за тој дневник, не треба да истражуваш, да се надградуваш во цел животен работен век?!?!
    Им скратија многу права на проф. а дадоа многу слобода на учениците, кратко и јасно.

    Многу малку се става акцент на праксата и се учат сувопарни и непотребни работи. Повеќе се пишува на папир а не се гледа реалноста дали тоа навистина може и треба да се спроведе во пракса. Реално луѓе со факултет работат работа што е на некој со средна школа. Многу се паднати критериуми и ,,звања,,.Кој знае, може за некоја год. ќе биде задолжителен факултет па ќе испаднеме најинтелигентна нација ^_^
     
  10. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Не се гледа тоа, туку поените. А тие точно незнам како се собират. Оти се гледаат отцените и по математика и историја. Се собираат , и што ли не.
     
  11. CutiePieMarzia

    CutiePieMarzia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ако просекот ми е 4.59 (за сите 4 години) кое е најјако средно училиште во кое можам да се запишам?
     
    Последна измена: 3 февруари 2015