Средношколската диплома - вредноста некогаш и денес

Дискусија во 'Образование' започната од daylight, 17 мај 2018.

?

Дали треба да им се врати вредноста на средношколските дипломи?

Оваа анкета ќе биде затворена на 17 мај 2028 во 23:16.
  1. Да

    2 глас(а)
    50,0%
  2. Не

    1 глас(а)
    25,0%
  3. Не знам

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Само на некои видови средношколски дипломи - ќе образложам кои

    1 глас(а)
    25,0%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    3.082
    Пред околу неполни 100 години огромен број луѓе биле неписмени и завршувањето на основното училиште кое барем во тогашната кралевина Југославија (1918-1941) каде припаѓала и Македонија, траело 4 години, носело нешто подобри можности при барањето работа. Дедо ми врз основа на таквата елементарна писменост станал шеф врз некој оддел во една фабрика. По војната завршил вечерно средно, а потоа и факултет.

    За време на тнр.титова т.е. СФР Југославија (1945-1991) со завршено средно училиште (популарно жаргонски наречени „среднисти„) кое воопшто не било задолжително (за разлика од основното кое било и е задолжителоно но тогаш траело 8 место сегашните 9 години, тнр. осмолетка) можело да се вработат луѓето во разни работни организации (фабрики, училишта, библиотеки) како секретари/-ки, шалтерски службеници, шефови и сл. За повисоки функции се претпочитало високо образование (дипломирани правници, економисти, лекари, инжинери...) или, ако има таков назив, ултра-високо (магистри и доктори на науки) особено за универзитетски професори и асистенти. Сум слушнал дека имало и случаи каде на одговорни позиции ставале луѓе и без високо образование, но сепак попрво тоа било исклучок отколку правило (на пр. Тито бил бравар, па го вработиле како маршал со титула другар ;))

    Пред околу 15-20 години средношколските дипломи како да ја губат својата вредност. Пред околу 10 години, додатно кон тоа допринесува промена на законот за образование во РМ, со кој средното училиште станува задолжително.

    Денес со средно училиште најчесто луѓето успеваат да најдат работа за физички работници, чистачки, касиер/ки, обезбедување, келнери, готвачи и сл. За канцелариско работење (на пр. сметководител) сè почесто бараат факултетска диплома. Некогаш беше доволно и само средно...

    Сè почесто дури и дипломците стануваат пост-дипломци т.е. се решаваат на дополнителни магистерски, па и докторски студии.

    Знам дека денес постојат и магистри и доктори на науки кои работат како таксисти, магацинери, касиерки и сл. бидејќи во моментот не можат да најдат посоодветна работа или пак во некои држави не им ги признаваат дипломите. Знам и дека има исклучоци кои станале успешни и богати без формално образование, но темава тука не е за тоа!

    Кои се вашите размислувања и видувања?

    Дали, зошто и како ја загуби средношколската диплома својата вредност? Каква корист од тоа сите ако станат матуранти? Или доктори на науки? Зарем не се обезвреднуваат луѓето со основно и средно училиште на тој начин? Имено, не сите имале материјални, географски, или други животно-воспитни околности за да завршат факултет. Или можеби сето тоа би било небитно кога сите би имале доволни плати за да преживеат? И не како последно, дали би требало да се укине задолжителното средно образование? Дали и што на државата тоа би ѝ заштедело краткорочно (на пр. не би морала да финансира ученички слободни годишни билети) или долгорочно? Ова се само неколку прашања како можни смерници во темава...

    Размислувам и за уште една слична работа а тоа е вредноста, менталитетот и воспитно-образовните можности во стручните училишта(фризерско, машинско, медицинско) vs. гимназиите но тоа би било сепак засебна тема, па би ве замолил да не ја мешаме тука.
     
    Последна измена: 17 мај 2018
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.