1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски или студентски живот?

Дискусија во 'Образование' започната од malecka.16, 23 јануари 2011.

  1. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    21
    Во последно време оваа тема некако ме преокупира.. Можеби бидејќи сега сум трета година и уште малку ми остана од средношколскиот живот и доаѓа пред мене оној период на срудентски живот...
    Што мислите, кој период е поубав, оној во средно или на факултет? Во средно ми е преубаво, дружење до максумум, уживање... А ме плаши тоа што зборуваат дека другарите од средно ти се додека не завршиш, потоа секој по свој пат. Навистина се прекрасни и јас не би сакала да ги изгубам.. А исто сум слушала дека на факултет нема другарство туку секој си е за себе.. вистина или не?
    Навистина би сакала да го слушнам вашето размислување :)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Мене искрено ми е многу поубав студентскиот живот.Сам донесуваш одлуки, се соочуваш со поголеми одговорности, а сето тоа те прави позрел и околината не тебе веќе гледа сериозно, особено домашните, што е голем плус.
    Што се однесува до дружењето, точно е дека најчесто секој е по свој пат, ама тоа не значи дека нема да се гледате.Ако сте блиски и вистинско друштво, факултетот нема да ви е пречка за излегувања, собирања или ако ништо друго телефонски разговори.
    И да, можеби е потешко да најдеш баш близок другар на факултет, зашто на оваа возраст веќе сме позатворени, но во никој случај не значи дека
    нема да си најдеш и таму друштво со кое ќе ти биде интересно.
    Јас искрено со колегите од факултет, не сум претерано блиска за да земам да се јавувам на некој за интимен проблем, но за кафе-паузи, учење да.
    Мене веќе 5 години најблиската другарка ми е девојче што ниту ми беше од класот, ниту од маалото.Ја запознав на трето место, па ете ми останала блиска.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Ах, не може да се каже. И средношколскиот и студентскиот живот си имаат свои предности и убавини :)

    Кога си средно, не се замараш многу со учење, учиш колку да добиеш тројче :) Дружење има до максимум, тоа е неоспорно. Посебно има блиски другари. Но, точно е дека e можно после да ви се раздвојат патиштата. Лично јас со блиски другари со кои порано сум ги споделувала сите мои маки и проблеми сега ретко се гледам :( Што е навистина жал, бидејќи ми недостигаат многу, но сепак животот е таков, далечината едни од други и животните патеки не раздвоија. Не е дека ептен сме оддалечени, си пишуваме на Фејсбук чат-пат ама не е тоа тоа дружење како што беше порано. Не мора да значи дека ќе се растурат сите пријателства, можно е сепак да успеат да се задржат некои од пријателствата.

    На факултет е потешко во поглед на учење, мораш да учиш и тука нема трте-мрте :) Добро, освен ако не си некој махер за препишување :P На почетокот е тешко ако доаѓаш од страна и си оддалечен од дома. После се навикнуваш, се осамостојуваш, се дружиш и запознаваш многу нови лица што е голем плус. Не би рекла дека нема дружење на факултет. Лично јас, имам 2 колешки, т.е. другарки кои ми се многу блиски и со кои си споделувам се и сешто, а и они мене. Но дружењето зависи од факултетот и генерацијата. Кај братучетка ми на пример, многу малку се дружеа и се држеа на дистанца некако. Ми велеше дека кај неа нема колешки што би ги нарекла другарки како што ги нарекувам јас моите. Она повеќе се дружи со моите колешки отколку со нејзините.

    Значи и во средношколскиот и во студентскиот живот доживуваш убави мигови и дружења. Како и да е најубавиот живот е младешкиот :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Ако бирам, го бирам студентскиот живот. Искрено, ми беше преубаво, и ден-денес се дружам интензивно со колегите од факултет што ми беа во група. Такви ни беа студиите, од старт бевме во групи, прво по 20 луѓе, а потоа по 10, и таа група од 10 луѓе се дружиме и денес, иако сме во различни градови и веќе со обврски и фамилии (повеќето). И тоа не би го променила за ништо. Скоро секој ден во тек на 6 години бевме заедно, од 7/8:00 - 16:00/18:00, а често продолжувавме и после тоа.

    Средното исто ми беше супер, ама не колку студентскиот живот. Имаше дружби, забави и глупости, ама од средно имам одвај две другарки со кои така поинтензивно комуницирам, а едната од нив е во Америка. Секој период си има свои убавини, и би било убаво да се проживеат и двата.
     
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Јас би го избрала студенскиот живот, многу ми е поубаво на факултет.. Секако дека си гледа секој за себе, но не дека нема дружење, уживање итн. Мене ми се погодија колешките, се дружиме многу, излегуваме заедно, по кафиња, зазање и така многу ми се срцки. :) Нема врска дека кога ќе завршиш средно ќе се одалечиш и секој ќе оди по свој пат, ако се дружите и ако сите уживате во вашето друштво и по завршувањето ќе продолжите да се гледате, но не толку често секако..
     
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Се си има своја убавина.
    Во средно имавме поголеми дружби, помалку за учење, зимски и летен распуст. Арно ама никогаш нема да заборавам како сум се тресела од страв да не ме прочитаат да одговарам кога не сум спремна. Бев голема паничарка.
    На факултет нема многу голема дружба и некако сме поделени затоа што сме големи групи од по 100 студенти и нормално е да си формираме свој круг на контакти. Ако не ми се оди на предавање, ако не ми се станува зимно време во 6 саат посабајле и сакам да си поспијам, можам слободно да дојдам на второ или трето предавање. Никој не ме замара со изостаноци. Е сега за учење - има многу повеќе, распуст скоро и да нема, ама би го одбрала студентскиот живот.
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    Па, точно како што кажаа погоре, се` си има свои предности и недостатоци.
    Јас средношколските денови ги кажувам како најубави 4 години од мојот живот!
    Буквално тогаш почнав да живеам. Прво излегување во диско, прв дечко, нови луѓе, ми беше еден нов почеток. Класот ми се погоди ептен, се дружевме и уште се дружиме. Најдобрите другарки ми се од средношколските клупи. Со мерак одев во школо, со мерак бегав од часови за да седам со истите луѓе на кафе. Ми беа фамилија 4 години. Искрено јас многу тешко го претрпев крајот на средното, но сега се си дојде на свое место.

    На факултет се дружам со 5 - 6 души и толку. Не сме којзнае колку блиски, ама сепак можам да ги сметам за другарки. Не ми е исто, во поглед на социјално дружење, средно ми беше каде-каде подобро.
    За учење, па и таму и таму мора да се учи.
    Јас сепак бирам средношколски живот.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Средношколскиот живот ми беше далеку поубав, студентскиот не го ни осетив. Студирам вонредно, цело време работам, па факултетот нешто како хоби ми дојде.
    Додека за време на средното си стекнав многу добри пријатели, ми беше мерак да одам на школо и многу ми беше жал кога сетот тоа се заврши.
     
  9. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Во средно беше убаво,но не беше нешто посебно (во клас бевме 36 ученика од кои само 2 девојчиња...машките не полудеа,а за другарки-сакала или не морав да се дружам со девојчето од клас кое беше неподносливо).
    Студентските денови се незаборавни и знам дека премногу ќе ми недостигаат...жалам што наскоро се ќе заврши ;(
     
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Леле и јас имам уште една година од средно школо и после оп факултет...
    Ме плаши помислата дека таму нови луѓе, како ке се уклопам и се тоа, како ќе се запознаеме, колку ќе се зближиме... другари, другарки..
    Во средно ми е ПРЕубаво и се би дала да можам пак да се вратам во прва година со истиот клас :!: :D
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Студентскиот живот е подобар. Мојот живот се дели на пред факултет и после факултет. Зборувам за случаеви како мојов кога не студираш во својот град. Сама си, за се сама донесуваш одлуки и можам да кажам многу созреав и се оформив како личност. Запознаваш многу многу нови пријателства, многу различни карактери.
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Во средно ми беше поубаво.
    Најубави луди години ми беа 3та и 4та средно. Забави, искачања, друштва многу, школо како школо денес кец утре 5ка и готово.
    На факултет некако стануваш посериозен. Нема денес кец утре 5ка. Имаш една и единствена оценка и не треба да заебеш. Ако веќе си на факукултет јас не гледам резон како редовен студент да го влечкам 10 години. Боље не го учам. Затоа пред колоквиумска 2-3 недели ко будала се мрднуваш низ дома, после полагања ти изгледа ко да си заборавила како да комуницираш со луѓе и полека се социјализираш :D Е излегувањата по испити се најдоброто нешто од факултетскиот живот, се губиш вечерта :lol:
    А ако правам споредби во комуникација сум со иста број луѓе и од средно и од факултет.

    Мислам дека ние во Скопје што живемее имаме сосема поразличен студентски живот од оние кои доаѓаат од другиве градови и живеат сега сами во станови или домови. За нив претпоставувам Скопје е рај, нешто ново, нешто што се истражува, па нови друштва искачања и враќање во стан после 1 недела, па не мислат дали неговите ќе го караат зашто не учел за испити за разлика од нас скопјаните. Знам колешките дома не кажуваа ни кога полагаат, ги мотаа родителите ...
    Ние од Скопје немаме таков студентски живот. Ние тоа во средно сме го преживеале :lol:
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    За тие од Скопје факултетот е второ средно, само што е посериозно, ништо друго. Друго е да си одиш од дома, да бидеш препуштен сам на себе... Тоа е многу поголемо и поразлично доживување на студентскиот живот.
     
  14. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Да, и затоа мислам дека тие што доаѓаат од други градови се и посамостојни бидејќи кај нив ја нема мама да им направи јадење, да им даде пари колку им треба секој ден, да мисли да ги теши пред испит и тие работи.. незнам, уште не сум искусила,но јас лично сум среќна што сум од Скопје и нема да треба да се селам за на факултет бидејќи незнам јас колку би можела да живеам така.. :worried:
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И за мене средношколките денови беа поубави, а ќе останат најубави дефинитивно.
    Самиот факт што друштвото ми е поделено низ факултетиве, страшно ме боли. Но од друга страна запознав нови, интересни фацки. Ама проводите во средно, нема ништо на светов да ги замени. Толку слобода и безгрижност, пак нема да имам....
    Во средно бев толку несериозна, што искрено сега ако гледам наназад, не можам да сфатам како тоа ученичка со 150 оправдани има примерно поведение?! Како воопшто јас го поминав средното :rofl:

    Да ме знаевте тогаш, и да ме видите сега, ауууу :tmi: Сега како бубалче си седнувам и си учам. Не можам да се извадам: Ај, следнито час. Па да варирам со успех, од недела во недела.

    И да, студентскиот живот е поинтересен за оние кои одат да студираат во друг град. Па и јас да отидев да студирам на друго место, ќе ми беше попрво авантура, него ли образовен процес. :D Понекогаш сакам да видам како сето тоа изгледа, зошто во тој поглед им љубоморам на тие студенти, блазе нив. Тоа е всушност разликата, тие имаат сега повеќе слобода, додека јас ја имав во средно.

    А пијанка, уф, мерачка е после завршена колоквиумска, па уште со колеги..... :rofl:
     
    На Phyramide, la-chicka и rossonerka им се допаѓа ова.
  16. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Е ова ко ја да сум го пишувала... тоа е тоа! Средношколски денови дефинитивно и многу ми фалат ! :( посебно ради тие дружби таму и цел тој период - најубав период ми беше, сега сите сме на свои страни и многу ретко ретко се гледаме сите што си бевме блиски! Ептен ми фалат тие денови... Ах овој скапан факултет! :swear: :D
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Секое време си носи свои убавини.

    Сепак средношколските денови ми беа најубави. Зошто? Затоа што тогаш те боли задницата за се. Се ти е обезбедено и освен учењето, кое мене не ми претставуваше проблем, мислиш само на љубови, излегувања, лудувања. Класот во кој бев ми беше одличен! Сите до еден погодени, секој еден уникат, секој забеган на свој начин а заедно? Е заедно творевме одличен тим за кој уште долго се зборуваше во гимназијата :)
    И премногу ми е драго што до ден денес се дружиме и знаеме да се собереме, да испиеме кафе, да се журкаме до доцните часови некаде, да се изнасмееме до коски за сите лудории кои сме ги правеле за време на тие 4 години.

    Студентскиот живот морам да признаам дека ми започна многу убаво затоа што повеќето се знаевме од средно. Сепак поинаков е и поинаку се доживува поготово кога не живееш во студентски дом. Потоа многу работи се изменија и вистински студентски живот искусив само во времето кога студирав во странство. Бев во студентски дом и секој ден запознавав луѓе од сите континенти. Прекрасно е чуството кога учиш што значи во пракса зборот толеранција и меѓусебно разбирање. Одиш во заедничка кујна каде што се мешаат илјадници ориентални мириси и учиш како се прави пиле на марокански начин, или пак како го прават оризот во Шведска, или пак како Австриец знае да ти направи вистинско виенско кафе додека комшиите од Сенегал се дерат и те викаат на пиво затоа што штотуку победиле во фудбал. И потоа гледаш заедно со сите евровизија и во твоја чест ставаат во соба и едно минијатурно македонско знаме сместено помеѓу европските и навиваат со тебе кога ќе се појави на сцена Каролина Гочева. Таквите моменти се едноставно priceless.

    Имало непреспани ноќи, имало нервози, имало неизвесност, но сума сумарум, ми било убаво. Сепак го бирам времето кога ме мачеле поништожни проблеми :) Колку сме постари толку повеќе ги има и никнуваат како печурки после дожд.
     
    На richgirl998, girl1985 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Дефинитивно средношколски!
     
  19. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Имало убави моменти и во средношколските денови, но дефинитивно сум за студентските денови. Ми било интересно тогаш и се, но немам желба или некоја носталгија кон тие времиња.
    Едноставно, ми се допаѓаат овие студентски денови, и можеби е вистина дека има поголемо дружење во средно, отколку на факултет, но тоа не значи дека ќе ти прекинат дотогашните пријателства.
    Сепак, со оние што сме се дружеле вистински, продолжуваме да се дружиме, а на факултет воглавно имаме колеги за на кафе, општи муабети и тоа е тоа. Дотогаш веќе сите си имаме пријатели и мислам дека е потешко за формирање на нови друштва.
    И, да пак ќе кажам студентски денови дефинитивно :)
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Иако студирав во друг град, не во мојот роден, сепак ке речам СРЕДНОШКОЛСКИТЕ ех само колку ми недостасуваат, бевме многу сложен клас , излегувавме заедно сите машки женски не се знаеше што и како, испрашување сите бегаме дури кога ќе се сетам ми потекуваат солзи. Живеевме од викенд за викенд, весели насмеани, безгрижни. Еден за сите, сите за еден тоа беше нашето мото. Додека на факултет не дека немаше собиранки и забави, сепак беше подруго,треба да мислиш дали ќе ти стигни буџетот, дали ќе положиш и не можеш да си ги дозволиш тие да ги наречам глупости што си ги правел додека си бил средношколец
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.