1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски или студентски живот?

Дискусија во 'Образование' започната од malecka.16, 23 јануари 2011.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Средношколски за мене :inlove:
    Ех да се вратат сега... :( и да можам да си исправам некои непромислени грешки :worried:
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Студентски дефинитивно. :)
     
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Росоњерче,јас сум од Неготино,значи од страна,секако не сум ни прва ни последна но...
    Ти велиш дека си со ист број луѓе и од средно и на факултет. Не ти се смачи цело време истите луѓе да ги гледаш,не сакаш нешто друго да запознаеш,видиш...? :wasntme:

    За мене,Скопје е далеку од рај. Не излегувам и не се враќам после една недела во станот,моите ми немаат простено оти паднав три предмети првиот семестар. И не ги лажам моите за ништо што е поврзано со факултетот. (забегав со кажувањето,ама ај.. :D )

    За мене нема подобро од студентскиот живот. Баш како што кажа Виножитка,многу повеќе се осамостојуваме,многу повеќе работи учиме за животот,да бидеме поснаодливи,многу повеќе луѓе запознаваме... Баш имам размислувано за студентите од Скопје. Не знам,да не речам дека ми е жал,што се пак во истата средина,со истите луѓе... Што знам,јас не би можела така.

    Кога си студент од страна,многу повеќе учиш да ги цениш твоите дома,тоа колку тие работат и се трудат за да ти овозможат тебе образование ти како што сакаш.

    Нема нешто што би го заменило студентскиот живот. ;)
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.712
    И средношколските денови се убави сами по себе но јас имам желба да откривам нови работи , да запознавам поинакви луѓе од овие овде во мојава средина.. Сеа не одам таму ради провод ама се разбира и за тоа ќе има време ..во секој случај ќе го сватам факултетот малку посериозно отколку средново бидејќи сега во класон кај насне се знае кој поминува кој останува..како клас фармација што смке запишани сите одлични сме најслаби во генерација . :) ама затоа сме први за журки -ни нема рамен :D
    Moжам само да кажам дека едвај чекам да заминам од овој град , да идам Бугарија да студирам и да се враќам тука на 2 ме3сеци . Можеби ќе ми фалат некои личности но ќе ме посетуваат таму ( ветија) :)
    Едвај чекам да го видам тоа место , да се разшетам низ градот :)
    p.s. за Бугарин ќе се мажам !!
     
  5. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    И те како средношколски, бегаш од часови, добиваш казни, а сега сакаш оди сакаш не на факултет никој ништо не ти вика, па не е интересно така... се бара авантура бре, лажеш дека те мавнале на физично, вадиш лажни оправданија, користиш веќе излишени фори и се надеваш дека професорите ти веруваат.
    А сега, повозрасен си кога си на факултет, сносиш повеќе одговорности за себе, имаш повеќе обврски. Нема секој четврток, петок, сабота и недела излегување, пијанчења, интересни дешавки. Не, не велам дека сега нема, ама на пример еве јас во просек два дена во неделата само излегувам, нема толку многу алхохол бидејќи другиот ден гарант имаш нешто за учење.... ах, факултет.
    Не верував дека се во право постарите кога ми велеа дека средношколскиот живот е најубав, навистина било така, ама знам сега од кога искусив и после него :)))))
     
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Средношколскиот живот ми бил еден од најубавите периоди во мојот живот.Но кога би бирала го одбирам студентскиот.Мене ми е прекрасно,и да веќе ми се смачи од сите фаци во мојот град.Овде е сосем поразличо. :rofl:
     
    На richgirl998, lepadama и london-girl им се допаѓа ова.
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Повеќе уживав во студенстскиот :rock:
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и едниот и другиот ми беа многу забавни и убави :) ама сепак мислам дека студенскиот беше подобар, :lol:
     
  9. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    СРЕДНОШКОЛСКИ - најинтересен, незаменлив, најмногу спомени од него, и најмногу ќе ви фали :)
     
  10. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Средношколски дефинитивно,најдобар :) :up:
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.444
    Пол:
    Женски
    Зависи. И двете страни си имаат свои предности. Порано го сакав многу средношколскиот живот, послободен си, немаш толку обврски и сето тоа. Но одкако се запишав на факултет пред 3 години, сватив дека студенскиот живот ми е подобар, иако има повеке обврски. А да можев да го вратам времето пак би била 1ва година на факултет :lol:
     
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Сеуште сум студен и го бирам студенскиот живот. 8)
    Можеби на оваа одлука најмногу ми влијае тоа што бевме многу поделени како клас во средно и друштвото со кое тогаш излегував не ми одговараше најмногу.
    Да, сега излегувањата се поретки но позабавни. :party:
    За среќа на факс остана од класот онаа стара добра екипа па луѓето со кои бев најблиска се сеуште до мене.
     
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Средношколски дефинитивно :(
    Тоест и што знам јас многу од студентски живот, прва година сум...убаво е, не велам не, и студентскиот и средношколскиот живот си имаат свои предности, али тука сепак неможе да се прават такви глупости како во средношколските денови...па полнолетни сме веќе, одговараме за своите постапки, не смееме да сме незрели, не ни се простува веќе така како во средно :)
    Незнам, може ќе го сменам мислењето во иднина..али за сега го бирам средношколското време.

    И да, точно е дека за студентите од провинција им е како да живеат друг живот, без разлика дали се во стан или студентски, е они живеат прав студентски живот, без родители, сами се снаоѓаат за се, нов град, истражување на истиот, па враќање дома... а на нас скопјаните и не ни е баш нешто различно..јас толку дури се навикнав на скопје што многу ама многу ми стана еднолично и досадно веќе..
    Тие па тие луѓе (задоволна сум од (поголемиот дел од) луѓето што се дружам..ама сепак), истите места, еднолично секојдневие...мислам дека полека но сигурно почнувам да се гушам.
    Ми се запознава нови луѓе, ми се открива нови места, сакам динамичен живот, таква сум и по карактер.
    Мислам дека многу брзо тоа ќе се и деси.
     
  14. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Секое си има своја предност, додека си средно се ти е на готово, немора за ништо да мислиш, ама студентски си е студентски, осамосталување, нов живот, баш она студентски сам да се снајдеш, без родители, ново место..Јас сум за студентски :D
     
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Кога бев средно,со нетрпеливост чекав да завршам и да почнам со студентските денови.Мислев дека се
    ќе се промени,дека луѓето кои ќе ги запознаам на факултет,ќе бидат оние вистинските пријатели.
    Кога пристигнаа студентските денови,сфатив дека копнеам по средното,по дружбите кои сум ги имала и безгрижноста која владееше во мојот клас.Изгубив многу контакти од тогашните другарки..ете животот не однесе на различни патишта.Среќна сум што и покрај карањата кои беа застапени,го немаше она што денес е приоритет-користољубивоста.
    Така да,на факултет научив да се носам и со користа на луѓето,со нивната завист и амбиција,со нивната желба да бидат без конкуренција.Научив да се носам и со другите карактерни особини на луѓето,кои газат се пред себе за да си ги остварат нивните интереси.Мојата желба за пријатели од факултет си остана само фантазија,зошто луѓе кои би можеле да ми бидат пријатели,не постојат во мојот студентски живот.
    Дефинитивно средношколски,само поради дружењето и правењето глупости во секој слободен момент :wasntme:
     
  16. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    средношколски се ми беше поубаво другарките ми беа тука сега секој на своја страна.тие беа подобри времиња,помирни,побезгрижни.ех сакам да сум пак средно...
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    И средношколскиот и студентскиот си имаат свои убавини, предности и недостатоци. Како што кажа некоја погоре, додека си средношколец се ти е на готово, ова за оние кои учат во својот град, истите луѓе, истото место. Студентскиот е веќе нешто друго. Одиш во друг град, запознаваш нови луѓе, нови места, се е ново за тебе. Се осамостојуваш, учиш нови работи, и за себе и општо.
    Според мене, дефинитивно студентскиот е поубав. Барем мене ми беше :)
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно студентски живот!

    Почнувајќи од учењето, не морам да се секирам дали денес или наредна недела ќе ме испрашаат. Си знам кога ми е испитна сесија и сама си го одредувам времето за учење. Знам дека до тој датум морам да имам научено. А дали ќе го учам за месец или за недела тој материјал е мој проблем. Си се прилагодувам полесно. Ама ова е индивидуално. Јас и во средно учев кампањски, затоа имав и слаби оценки. А сега на факултет супер ми е, дури и подобра сум од оние што беа со сите 5ки.

    Потоа друштвото. Некако сите се попријателски настроени. Не очекувам некој да се жртвува за мене.. многу јасно дека не е можно тоа ама МИЛИОН пати се подобри од оние во средно.
    Да, имав ужасно лош клас
    На пауза обавезно се наоѓа некој за на кафе. А за старото друштво од средно ако се сака секогаш се наоѓа време. :)

    И секако, ова зависи на кој факултет сте. Лично на мене предавањата ми траат по два, четири или шест часа во денот. А на техничкиве науки знаат и по цел ден да останат на факултет. Тогаш веројатно ќе им фали средношколскиот живот. :)
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    О, не. Верувај дека не е така како што вам сигурно ви изгледа.
    Ете, јас сум една од оние напатените кои се колчат по столиците минимум 6 саати на факултет, расклопена таму некаде помеѓу моливите и лењирите. :D

    Шала на страна, мене студентскиот живот ми е каде-каде подобар од средношколскиот и ме инспирира постојано да се трудам и да си се самодокажувам, не само на факултетските полиња, ами и општо низ секојдневието преку самостојната организација на денот, обврските и најболното - финансиите. :)
    Па и конечно фала Богу, го учам тоа што го сакам и самата јас сум го одбрала, па и одговорно си ги сносувам последиците и за предметите кои не ми се толку по ќеиф, но такви ретко има. :lol:
    Јас сум човек кој сака сам да си го испланира денот, да си ги раководи обврските и задолженијата. И ме нервираше фактот што во средно ја немав таа слобода да си манипулирам со слободното време. Тука е друга приказна - знаеш дека тоа што го имаш е малку и веднаш му расте вредноста и почнуваш да си го цениш повеќе. Без разлика дали се работи за финансии, слободно време или најскапоценото - квалитетен сон. :D
    Воопшто не ми фали средношколскиот живот, почнувајќи од предметите - освен за математика, физика и мајчин јазик, речиси друго ништо не ме влечеше. Историјата ми е вечна мачителка, хемијата ми е piece of crap, со социологијата во втора си бевме смртни непријателки ... шта речи. :lol:
    Сега барем, знам дека сето она кое ми влегува во наставата навистина ќе ми биде од корист и со сигурност би го применила, а рака на срце - ме интересира премногу.

    Кога се читам вака и се трудам да мислам дека текстов што го пишувам не е мој, си помислувам - ти дете, нешто неарно ми изгледаш. :|
    Тоа е, заљубена сум си во факултетот и во мојот крвнички организиран студентски распоред за било кој период од денот. :lol:
     
    На Dream-Girl и glosipgirl им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.158
    Пол:
    Женски
    Средношколскиот е подобар.
     
    На temily му/ѝ се допаѓа ова.