1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски пленум

Дискусија во 'Образование' започната од Chocolate.me, 4 март 2015.

  1. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Средношколски пленум е заедница која ги вклучува средношколците во Македонија, со цел да ги сослушаме нивните проблеми, односно, нашите проблеми и избереме соодветно решение, пристапиме правилно, со цел да го постигнеме тоа што го сакаме.
    Средношколскиот пленум работи така што, на ниво на еден град се разговара за проблемите, ситуациите и препреките кои ни се дадени, и подоцна се споделува со останатите така што можеме да делуваме сите заедно. Колку поголема е заинтересираноста за учество, толку подобро за сите средношколци.

    Главен предмет на обработка моментално на средношколскиот пленум е воведениот задолжителен предмет на државната матура - математика. Средношколците на ниво на Македонија го искажаа своето незадоволство со бројните протести, но сето тоа не помина кај средношколскиот пленум и нема многу успех.
    Дадете ја својата поддршка од сите генерации за средношколците, бидејќи, вас помалите, не се знае што уште ве чека.
    Во темава постирајте линкови поврзани со медиуми и многу други информации кои ќе ни помогнат на сите нас да се избориме за она што го сакаме.
     
    На veren, Someonespecial и MaryAntoaneta им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Навистина без осет овие од Владата. Па тоа министерот како не му е срам. Со кој памет се бара од учениците да учат, да полагаат тестови, да се стекнат со знаења. Па зар тој не знае во овие топли пролетни денови колку е уживанција да се излезе на кафица и да се избега од часови, ништо не знае.

    Ма остави ги бре нека не учат, нека не знаат утре кај се наоѓа Јужна Кореја или кој е главен град на Белорусија, нека се брукаат ко Лајлица, нека немаат поим од делење и множење, да не им е ајфонот задача нема да знаат да напишат.

    Многу им се допушти на децава а најжалосно е што сето тоа се прави за политички цели. На оние од опозиција не им е важно дека децата нема да го збогатат знаењето, тие утре нивните синчиња и ќеркички ќе ги испратат да учат и студираат во USA, Канада, Австралија, па ќе бидат бизМисмени итн...а овие тука ќе си ја удираат главата и ќе бидат сиромашни за она кое можеле да го имаат, да не била вмешана политиката.

    Оставете ги децата не им давајте тестови, укинете ги приемните за факултети, домашни не им давајте да пишуваат, кога имаат полагање претходно кажувајте им ги прашањата по можност и одговорите, и дозволувајте ајфон на испит.
    Тие утре ќе се каат, мислат дека сега се во некоја шема, дека се надмоќни и никој не им може ништо, предизвикуваат некоја си анархија, демек види ме мене власта ништо не ми може, а опозицијата уште толку ги с`ска итн...
    Ама еден ден ќе се освестат, само годините не се враќаат, иако власта може сто пати да се смени, но нивното детство и нивната младост, кога треба да вложат во своите знаења нема да се врати.

    И задолжително во сите основни и средни училиште да се воведат часови по модерен танц и на приредбите да има минимуН една ваква танцова точка со пчелички, евентуално осички...

    Баш се слатки нели ?!^_^ Резултат на своеволност, домашно воспитување а богами и училишно. Ма не им треба училиште на нив, тие одат на училиште за забава.

     
    На sofijanoka, MacaLove, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.232
    Допаѓања:
    124.348
    Прекрасен начин да се изборите за тоа што е ваше. Нема потреба од математика. Максимална поддршка од мене.

    Предлагам, кога ќе помине овој предлог, следно да биде ПРОТЕСТ против историјата. Нема никаква потреба да се знае што се случило пред некои си 100, 200, 500 години. Кога ќе станете доктори по медицина, никој нема да ве праша, кој бил првиот претседател, што значи Крушевска република. Глупости со кои се тормозат младите деца, кои наместо да се мачат со саати и да учат непотребни информации, можат да пеат, да се смеат, да уживаат во пролетта и животот.

    Понатаму, мислам да се направи и нов протест, да не се учи географија. Премногу е идиотско да се учи колку овци има во Австралија, или кој е највисок врв во Европа, кога никој никогаш нема да го искачи. Секако и да сака некој, еве да тргне, ќе си прочита на интерент колку е висок. Што ќе му е на некој да учи за клима, кога ене, има апликација на секој телефон дали врне надвор или не.

    Кога ќе биде протестот за биологија, и мене да ме викнете, ќе ве поддржам. Што има да ви биде незгодно на час, кога ќе учите за телото на човекот, настанокот на ембрионот, да црвенеете за начинот на делба на глетката при спојување на сперматозоид и јајце клетка. Имате кондоми, знаете кај има доктор во случај на полова болест. Ако сака некој да учи биологија, ене му факултет. Што има градежен инженер со биологија. Да не го прашаат утре да каже што е магаре, а што жирафа, кога работа му е згради да прави.

    Бог да чува па да има предмети како логика, филозофија, хемија, физика... Дно дна!

    Странските јазици да се отфлат комплет. Покрај гугл транслејт, да се губи време од скапоцен живот, еден и единствен за странски јазик кој никогаш нема да притреба е небулоза. Што ке и е француски јазик на една хемичарка?

    Што мислите, во Америка сите се учат? Во Данска, во Финска? Мислите учат нешто? Ништо не учат. Сите пејат и се смејат, книга немаат фатено. Мислите во Кина учат? А најбрза економија имаат. Мислите некој во Чиле седнал да учи за нас? Они не учат, ние не учиме.

    Сметам лично дека протестиве се одлечен начин на воспитување на децата. Секогаш кога ќе треба да следат правила во животот, општествени, деловни, животни, они ќе знаат дека ако не сакаат нешто, ќе протестираат. Нема зошто да се трудат да постигнат, да научат. Едноставно, ќе излезат на улица и ке шетаат, се додека не им се прифати нивниот предлог. И родителите треба да ги поддржат во протестот.
     
    На Lella, MacaLove, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    20.946
    Пол:
    Женски
    Повозрасни сте од мене, не ме личи на се расфлрам со секакви зборови тука ама ајде..
    ПРВО како не ви е срам да велите дека сме политички определени и ова го правиме со политичка цел?Дали има логика деца од 15-18 години да се замарат со СДСМ или ВМРО?Што корист имам јас од нив бе, оние ништо не ми дале ниту мене ниту на моите родители.Протестирам/е заради лошите реформи, заради тоа шо прават мајмуни од нас.Прво и прво за жив го нема оној Адеми, глув е на нашите барања и покрај тоа што 2 недели не учиме воопшто.Да беше загрижен барем малку, ќе излезеше со свој став за ова, а не како мртовец молчи.Да ти мо*ам министеро, брука е брука!
    Иначе, што ми треба мене екстерно во животот?Дали ќе го докажам моето знаење со двосмислени 30 прашања со заокружување, на кои или ќе поминам лесно со препишување, или ќе се изгубам во нивната двосмисленост пошто се смислени од неписмени луѓе кои не сфаќаат дека во сите училишта се учи различно, се прескокнуваат теми, не се земаат сите уроци како што би требало..Јас сум учела, сум се трудела цела година и врз таа основа си имам оценка, шо е ми е екстерно дополнителен непотребен стрес.Ама се си е тоа перење на пари, затоа нема да се укини сигурна сум.
    Второ, математика не е за секого сфатете.Си го тупам мозкот со задачи што нема да ми требаат никогаш, решавам како ненормална и на крај едвај 3ка вадам.Не можа, едноставно немам мозок и талент за тоа.Додека другарки без книга да допрат вадат 4ки/5ки.И зошто сеа јас да полагам математика кога таа нема блага врска со факултетот на кој сакам да одам?Само за да извадам слаба оценка на матура и се да ми пропадне во вода?
    Исто и да се врати стариот метод на полагање матура.Така е најправилно.Секој да си ги полага предметите што му се потребни за на факлутетот на кој ќе оди.Нема тука нешто неправилно или вааау незнам што.
    И да, имаме ЦЕЛОСНА поддршка од нашите родители да не попуштаме, бидејки сме во право.Наречете не како сакате, тоа е само ваш одраз, нас ич не ни смета.Знаеме што сакаме и кон што се стремиме,без поддршка или со поддршка на некој небитни личности, со заклучени тоалети и врати, без поддршка на партиски вработените дирекотори и професори, против овој рѓосан систем...Денес докажавме колку сме моќни, и секако продолжуваме понатаму се додека не ги исполниме нашите барања!
     
    Последна измена: 24 април 2015
    На sweetgirl358, Golden, T.e.d.d.y и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Прееска првпат видов дека има посебна ваква тема, инаку ќе го пишев и другото мислење за протестите ваму... нејсе, поради брилијантно саркастичниве постови погоре ми се појави негде во нови теми.
    Читав и држев прсти зад тастатура, си велев да не разглобувам со повозрасни од мене, но навистина не можев да се воздржам, бидејќи нешто што најмногу ме нервира е сарказам и плукање без аргументи.

    Епа вака... како прво, ниту целта, ниту нивото на матурата не е сведено на елементарни знаења кои треба од општа култура да ги знаеме во сон, за да не се избрукаме некаде и за да можеме во иднина да им помагаме на нашите деца со домашни задачи. Матурата е поврзана со изборот на факултет на којшто ќе продолжиш понатаму, и затоа секој (треба да) има право да го избере она што му треба за понатаму. Да, да ме разбудите во 2 саат ноќе ќе ви ја кажам Питагоровата теорема, но НЕ ми треба да полагам математика на матура за на филолошки.
    Испревртениве и искарикирани „предлози“ за укинување на други предмети ми се дилема меѓу смеење и фејспалм... ај ако не еден general knowledge квиз од сите предмети нека ни дадат како матурски испит, м? ^_^

    И дааа... guess what? Ние мрзливците што сакаме на убавово временце да си шеткаме по кафиња, освен отарасувањето од фамозната математика имаме и други цели. На пример, укинување на електронскиот начин на полагање матура според кој во различни термини во ист ден, различни луѓе полагаат на исти прашања. Што значи дека последниве ќе ги научат како Оче наш сите прашања... праведно, нели?
    Протестираме и против екстерното кое го сведе целото оценување на пазар, надувани оценки на тие што ќе се снајдат да препишаат... иако повеќе лично истото не не` засега.

    И да ви напоменам, јас којашто го пишувам ова сум со просек 5.00 откако знам за себе без партиски книшки дома и врски. Не висам по кафичи за време на часови по математика, не ја читам Лајлица, знам како се прави дете. Лично не сум директно во пленумот иако премногу ги поддржувам, но барем за моето школо за 90% од децава што се во пленум знам дека се исто така одлични, примерни ученици, интелигентни и изградени личности кои знаат и многу подалеку од општа култура.
    Да, моите родители кои исто така не се партиски определени, ме поддржуваат во ставов. И нема да се освестам, туку кога ќе се сеќавам на овие години можам само горда да бидам што сум била дел од ваква генерација.
    Би ви препорачала пред да иронизирате толку самоуверено на некоја тема, земете некое флаерче, отворете изворно видеа под наслов за што бојкотираме. Слушнете и прочитајте нешто реално на темава на друго место освен на Сител и Курир... не е штетно за очите, ветувам.

    Уште само ова... сите коишто мешате политика во ова и не` квалификувате како злоупотребени пиони, ваквиот став зборува само за вашата политичка обоеност.
     
    Последна измена: 24 април 2015
    На HarleyQuinn, Valerin, sparklie и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас вчера бев со средношколците на протест и уживав во нивната енергија, младост и пред се зрелост во заштитата на своите права. Јас го разбирам потполно нивниот револт ! Направија лабароториски заморчиња за образовните експерименти.на МОН. Ма има да ги поддржувам секогаш, затоа што се директно засегнати од наметнативе глупости и несозреани одлуки од владеачкава разбојничка дружина.
    И да, прочитајте што бараат средношколците а не туку само површно - математика не им се учело !
     
    На Golden, cresa-jagoda, srcence1607 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.232
    Допаѓања:
    124.348
    Никој тука не спомна партии, ти беше прва.Преиспитај се малку. И да оддалеку, на позвозрасните им изгледа како да сте избегале од обврски. Ние полагавме матири, приемни за средно, приемни за факултет од предмети кои не сме ги виделе, па вака не плачевме.

    Вие си знаете, ваш живот.
     
    На Galicka и Abeja им се допаѓа ова.
  8. aahhsddcjd

    aahhsddcjd Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Јас од септември че бидам средношколец и воопшто не ја поддржувам оваа пара организација која е поддржана од сдсм и сорос а за барањата на оваа пара организација не ги пддржувам барањата за укинување на математиката средношколската унија е единствен вистински подржувач на средношколците кој нее политички обоен за разлика на средношколскиот плениум кој е иницијатива насорос и сдсм Драги средношколци да не бидите закожници и под притисоци да излагате на протести вратетесе на настава потполнете дукументи за матура и
     
  9. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    ^ Еј, значи ептен сте провидни. Небаре знае дете од основно КОЈ и ШТО е Сорос. А и ти изгледа не си пополнувал/а многу дУкументи, м?!
     
    На sparklie, lunicka, Golden и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Океј, летс си...
    *догодина че биде средношколец
    *болдираниве правописни грешки и недостатокот на интерпункција кој толку вришти што би можела влашка песна полесно да прочитам
    *знае за Сорос и СДСМ

    [​IMG]

    Дете, јас би ти рекла сериозно да си ги сфатиш сатиричниве предлози на повозрасните твои истомисленици што исто сакаат да не` ослободат од манипулациите и заложништвото. Уште сега со време собери такви со прекрасно познавање на правопис како тебе и протестирајте да нема македонски на матура (секако со помош на единствената легитимна Унија на средношколци), оти тешко вас... па после врати се на форуми и продолжи со тролањето.

    (facepalm) (facepalm) (facepalm)

    Со постов се` е кажано околу тоа кои се манипулираните, неписмените, и кои утре ќе се избрукаат во секојдневниот живот. Ние што протестираме, очигледно не ќе да сме тие.
     
    Последна измена: 24 април 2015
    На Lella, Abrakadabra, Golden и 7 други им се допаѓа ова.
  11. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    И јас ке бидам средношколец од септември и 1000% ги поддржувам,затоа што средношколскиот пленум се бори и за идните генерации,се борат за нас,ние да имаме поквалитетно образование...НЕ се политички обоени,ниту поддржани од сдсм и сорос,верувам дека не ни знаеш кои се барањата,СРАМОТА е ако генерацииве кои следат го мислат истото што и ти.....Имате голема поддршка од мене, никогаш во животот не сум видела толку сложност и упорност на едно место,БРАВО!
     
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Браво деца! Промените никнуваат ко кокичиња од остроумни транспаренти и јасни,прецизни идеологии и визии! Изборете се за поинаква реалност, во свое име ..но и во име на моето дете- ве молам дајте му иднина во која ќе расте со вакви примери. Кога ќе знае да го крене гласот против лоши реформи, против неправда, против нееднаквост, а за солидарност, за квалитетно образование, за поздрав државен систем и најважно ЗДРАВ СИСТЕМ НА ВРЕДНОСТИ. Се случува народ, конечно!

    А за вас погоре, пошто децава не се ваше годиште и се трудат да ве испочитуваат, а јас веројатно сум, и не ви ги почитувам АМА ИЧ ставовите- имам само да ви кажам - мизерни сте, иронијата ви е ефтина, реториката позната и прочитана а ставовиве трули и лицемерни. Не мешајте приемни со матури, тоа е многу лоша и провидна замена на тези.
    На погрешна страна сте и тоа е жалосно. Но...„Вие си знаете, ваш живот.“
     
    На Peppermint и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Да не си нешто партиски ти поврзан случајно? Да не си му роднина на Адеми ? Или само медиумите кои се политички настроени ти го испиле мозокот? Аха да иначе @crimson е во право префрли се во темата за Македонски јазик,затоа што граматикава ти е ужас,и немој веќе да поФторуваш..
     
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Ако си полагала матура од овие "понови" времиња ќе знаеш дека тоа е гола вода. Никакво знаење не е потребно за да ја положиш. Одиш на полагање и секој од секаде препишува, некој има најдено одговори претходно, некој зема телефонот и бара на интернет и сето тоа е дозволено од страна на надлежните. Тоа ти го нарекуваш знаење?

    Друго, зошто на некој/а што сака да оди на Филолошки пример би му било потребно да има напредни познавања од математика? Зошто воопшто би требало да полага математика кога сака да учи јазик, кој колку што знам од лично искуство не ми требало да пресметам косинус од буквата А и тангенс од Ж...

    Екстерните тестирања се исто така глупост поради горе наведената причина со матурата. Иста ситуација е. И прашања со заокружување... Немој те молам...Какво знаење е потребно за да одговориш на:
    Кога било Илинденското Востание?
    а: 1993
    b: 1903
    c: 2003
    d: 2020

    Дај те молам... Ако веќе спроведуваш ваков начин на тестирање, спроведи го правилно, а не како што е сега. Aко нешто е потребно, тоа е приемни испити за на факултетите. Сум видел премногу примери на мојов, филолошки факултет, каде што не знаат да читаат англиски како што треба, читаат буква по буква итн. Ама ако и тие приемни се како матурава или екстерните, и од нив ништо не бидува.

    Тоа што треба да се промени е целиот систем на образование. Во која држава (напоменети беа некаде Америка или не знам кои таму) 90% од матурантите одат на факултет? Само кај нас, и слепо и сакато денес се запишува на факултет со цел да се создаде оптичка илузија дека невработеноста е намалена.

    Во право се протестантите, ова личи само како еден вид експериментирање врз помладите, екстерно, па матура одма после тоа, двете во никој случај не покажуваат никакво посебно знаење во некоја област. Треба пракса да обезбедат за средношколците и студентите, не повеќе теоретски тестови.
     
    На Golden, Anabelle.Amorette, bella96 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Досега не сум препуштила ниту еден марш, и на овој последниов бев како поддршка на средношколците. Дечкиве имаат повеќе став од нашите политичари, министри. Како може некој да ги обвинува за тоа што бараат повеќе за себе, за оваа држава. Значи возрасни жени и мажи веруваат во бајки, а тие какви се прекрасни, браво.

    Сте ги слушнале како зборуваат? Зборуваат од душа. Тоа не е нешто научено, набубано на памет.
     
    На sparklie, Golden, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Не знам од кои генерации сте другите, но ако не сте плачеле зашто сте полагале матура , зашто тогаш 2008 кога се воведе официјално државна матура, матурантите висеа пред мон и протестираа 2 месеци да нема матура и да се укине а? Тоа не е плачење?? Тогаш највише плачевте и со јајца мававте по зградата на мон или ги заборавивте тие денови???
    А чим викате дека сте полагале значи сте запознаени со тогашната ситуација и протести или тогаш не сметаше протестот, овој смета?
    Тогаш се бараше скроз да се укине матурата и тоа чини, а ние што бараме слобода на избор во однос на тоа што предмет ќе полагаме на државната матура која ја прифаќаме како испит тоа не чини??
    хех..
     
  17. nencunen

    nencunen Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Лично јас сметам дека протестиве се од политички карактер,безразлика на тоа што Сител ќе каже или којбило
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Браво, паметно размислување.
     
    На nencunen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.232
    Допаѓања:
    124.348
    И јас ќе зборувам од душа, искрено, ненаучено на памет кога би требало да се борам да не работам ништо, а да ми даваат плата колку сакам. Ученициве сакаат да не полагаат испити, матури, математики, оти не знаат. Им го рушат комодитетот.

    Почитта и навредите кон другите е знак на домашно воспитание. Вие си знаете, ваши родители, нивен влог кон вопитувањето.
    Приемни имаше за упис во средно, се полагаше македонски и математика за упис во гимназија, хемија и билогија за упис на медицина... Се учеа по 8 книги, 6 книги и се полагаше во 2 дена, и на децата им зависеше уписот во средно.
    Се полагаа приемни за на факултет, се полагаше Вовед во право и Уставно уредување, книги кои дотогаш не сме ги виделе и од нив ни зависело дали ќе се запишеме на факултет.
    Нема страни тука, има луѓе што немаат проблем да научат, да седнат и да згреат столче ама има и такви што на првата пречка излегуваат да протестираат.
    Можеби мене лично сето ова траскање од земја за еден предмет ми е нелогично, бидејќи кога јас требаше да учам, седнував и учев, не плачев, и секогаш за се имав макимум. Никогаш не излегов по улици, или да спијам по факултети, оти не ми чинело нешто. Учев. И затоа кога имам нешто во животот да сработам, не бегам, работам. Овие генерации ќе научат дека кога не им се учи/работи, треба да излезат и да протестираат, место да учат.
    За реториката погоре, ВМРО / СДСМ гледате дека произлегува од нив, од учениците, не од друг. Ме изненадува тоа што родителите секоја година плачат како немале пари за тетратки и моливи, а сега сите имаат пари за финансиска поддршка на протестите. Веројатно тоа се истите кои немаат за леб, ама скијаат на Алпите. Или финансиерот не се кажува кој е, што е многу поверојатно.
     
    На Abeja, Galicka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Нивниот комодитет е нарушен од платите на нивните родители, од мизерните училишта и домови, од мизерната политика и од тоа што стравуваат дали некогаш ќе успејат да се вработат според професијата. А ти тука ми зборуваш дека од учењето си патат!

    Јас не знам зашто сите вмровци се нервираат, кога секако децата учеле или не, во нивни раци е книшката, тие работата ќе ја земат.

    Децо, пролет е, што не ви е јасно. Младите се будат. Како можете да бидете против вашите деца, а да ја поддржувате оваа влада чија цел е да ја уништи секоја млада идеја, мисла, креативност, влада која децата ги гледа како пари, како бројка.

    Убаво имаше еден твит, ако СДСМ можеа самите ќе се организираа.
     
    На Sunflowers, Abrakadabra и Someonespecial им се допаѓа ова.