1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски пленум

Дискусија во 'Образование' започната од Chocolate.me, 4 март 2015.

  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Протестите се израз на незадоволство во секоја демократска земја. Ако некој смета дека не треба да протестира, тоа е негово право. Нека си седи дома. Јас секој протест го гледам како борба на протестантите за своите права или подобри услови итн. и во тоа нема ништо лошо.
    Кај нас само на протести се гледа во стилот " Остај ги, немаат друга попаметна работа ! ''
    А дали се политички или не, кај нас и онака се е политика ! Политиката и во домот ни се вгнездила, па и домашните знаат да се закрват поради спротивни мислења.
    А мислам дека доста е од експеримети во образованието, а на сите средношколци и студенти веќе им е преку глава од сето ова. Со вакви од ракав истресени реформи, нема добро образование.
    Судентите и средношколците им се стојат на располагање за консултации и треба МОН да ги земе предвид нивните мислења и предлози сериозно, а не постојано да се крие министерот и да чека Глујо ^_~ што ќе му каже.
     
    Последна измена: 25 април 2015
    На QueenElizabeth му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Oна што научивме драга Чка, е без страв да го кажеме нашето мислење, цврсто да стоиме зад него. Организирано, мирно и фер да се бориме за нашиот став. Да бидеме сложни без да дозволиме да подлегнеме на провокации и мешање на политика, иако упорно не` набедувате на тоа. Колку сака нека ви звучи смешно, клише, младешко глумење шема и анархија... тоа е многу поважно од функции, лимеси и интеграли.

    За тоа дали ние средношколците во темата први го спомнавме вмешувањето на политика, нема сега да барам и цитирам делови од првите ваши мислења тука (твоето и на Абеја)... но дури и да не сте кажале директно, не сме глупави, се знае на што алудирате и што е мотивот за вашево плукање.
    Патем, кога сме кај партии, сакаш да знаеш што е манипулација и притисок? Одличен и примерен ученик кој знае да биде доследен на својот став во ситуацијава, да дочека родителите (се знае чии партиски војници) да му се закануваат дека ќе го избркаат од дома ако не потпише пријава за матура. True story, за жал, за која слушнав вчера.
    Околу ова со финансиите подобро и да не се коментира колку е upside down и далеку од реалноста...

    Океј, сфативме колку вие претходните генерации сте учеле на наша возраст и што се` сте полагале, сфативме дека вам не би ви сметало и не би се „траскале и плачеле“ дури и испит од сите предмети од прво одделение до четврта година да ви дадат...
    Но наместо да се вртите во круг околу математиката, околу нашата мрза и стремење да си ја зачуваме комоцијата, зошто не прокоментирате нешто за другите цели кои ние средношколците тука што сме директно запознаени, ви ги објаснивме? Каде е екстерното, неговата нерелевантност и апсурдност, ако воопшто знаете примери за резултатите и последиците на истото? Каде е фамозниот нов електронски начин на полагање, со слична праведност како горенаведеното екстерно? Или не ви одговара, м?

    И да, сите родители и професори кои се со нас, сите возрасни што не` поддржуваат тука, по коментари на фејсбук и твитер, со вакви ( :bow:) статии... сите се или политички мотивирани, или пак во нивно време и они плачеле и бегале од одговорност, нели? (fingers)
     
    Последна измена: 25 април 2015
    На Dafnee, Baby-bubu, Rose96 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Да бевте паметни, може и ќе научевте математика :) И не не сфативте ни мене ни Абеја, вие сфативте дека кога не ви се учи, треба да скитате по улиците, не да учите.

    Ние не плукаме партии, ве плукаме вас за вашата мрзливост и неспособност да научите материјал кој ви е предвиден за учење за вашата возраст. Млади, а толку мрзливи.
     
    На Abeja и Galicka им се допаѓа ова.
  4. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во мрзеливоста. Едноставно секој нема капацитет за математика. Математиката и не е едноставен предмет за кој секој поединец би имал разбирање. И не гледам причина зошто родителите да не ги поддржуваат децата на протести. Кој родител не би сакал неговото дете да има успешна кариера.
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сте се сретнале ли некогаш со поимот планско учење? Бубањето работи кои требаат и не требаат го затапува детето и ја умртвува неговата креативност. Дај му на детето да учи предмети кои не го интересираат и не му се потребни понатаму во животот, измори го психички, оптерети му ја главата, па потоа контролирај го.

    Мене цел живот ме интересира книжевноста. Освен што бев меѓу најдобрите по македонски, се интересирав и за социологија, историја, биологија и хемија. Математиката не ме интересираше, ќе научам ден пред тоа колку да научам за четворка. Физиката ме интересирала колку да ја прочитам лекцијата, но не и да ја научам. Но, надвор од лекцијата читав други есеи за биологијата и физиката. Слободното време најчесто го минував читајќи книги по цел ден, гледајќи филмови и слушајќи музика. Математика кај мене не постоеше. Ама затоа денес без проблеми пишувам научни есеи и без проблем знам да го презентирам мојот став во врска со прашањеа од литературата, а никој не ми поставил прашање до сега по математика. Зашто побогу да си тупам времето со математика кога веќе сум знаела што сакам во животот? За петка? Побогу, петки денес има на сите страни. Само мама треба да се јави.

    Материјалот што е предвиден за нивна возраст е катастрофа. Никаква методичност, никакво земање на предвид на психологијата на младиот ум. А да не зборуваме за правописни, граматички грешки. Тоа доаѓа од мрзливоста на децата?
     
    Последна измена: 25 април 2015
    На Rose96, Elena69221 и Peppermint им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Многу би било едноставно да се каже - учениците протестираат за тоа што не сакаат да учат. Простете, ама ваков површен став ми е својствен за некој кој останал на ниво на равенка со една непозната (ете математички да се изразам).
    За разлика од вас, учениците покажаа дека решаваат логички задачи многу успешно, зошто целта на математиката не е да се положи тест со петка, туку да ја развива логиката, да го поттикнува размислувањето, а на само проста репродукција на нешто што НЕКОЈ го кажал !!! Значи математика екстерно од мене 5
    Младите покажаа дека одлично ги совладале лекциите по граѓанско општество и социологија и знаат што е демократско општество и кои се неговите карактеристики. Социологја од мене 5.
    Учениците го чителе Молиер и умеат да го препознаат лицемерието и лажниот морал. Го сфатиле Шекспир и знаат што значи кога ,,нешто е гнило во државата Данска,,, и добро знаат кој го заслужува кој круг од Пеколот на Данте. македонски јазик и литература 5.

    Секој мудар политичар сериозно би го сфатил протестот на младината. Политичари добивале избори и си заслужувале место во историјата со мудри потези и дијалог со младината која манифестира незадоволство од било кога причина. Зошто, како беше лекцијата по социологија??? Кој го движи општеството напред...(види учебник по социологија за втора година).

    Што се однесува до тоа дека нешто ние постарите генерации повеќе сме учеле, еве јас средно завршив пред четврт век. Син ми сега е средношколец. Дали нешто е сменето??? Ништо. И во мое време имаше такви кои учеа и такви кои ,,скитаа по улиците,, ама денес се доктори. Истите учебници, обемни програми кои на детете му оневозможуваа од шумата да го види дрвото. Образование кое поттикнува учење за оценка, парола - снајди се, препиши.
    А кон какво образование треба да се стремиме?
    http://okno.mk/node/46329
    Кога тоа ќе го постигнеме???...со вакви креатори на образовни програми.-никогаш.

    За крај, возрасни, родители, политичари-не ги потценувајте капацитетите на младите, таков потег е самоубиствен.
     
    На sparklie, Baby-bubu, Sweety55 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Cka и Аbeja позади суштината на еден протест се крие многу поголема порака, цел.. (бунт и ентузијазам) на кој што вие треба да бидете горди а не тука уште да критикувате, не сакале да учат бла бла (буквалисти или наудрени?) :^) Конечно малку надеж има за оваа држава, некој што не се плаши да ги искаже своите издржани барања,тоа е иднината на Македонија, младите и идните генерации со протесот воедно "порачуваат" дека нема веќе да подлегнеме така лесно на доминацијата и манипулацијата на "надредените", доста ќутевме време е да се дејствува!

    Цка и Абеја сте размислиле ли која е целта на власта и министерот за образование за оваа одлука со воведување математики, екстерно, интерно и не знам уште какво образование? Или мислите туку така се што ќе каже Адеми е за почит пошто он е "министер" па уште и за образование? Оној Адеми кој не знае колку хемиски елементи има во периoдичниот систем а тоа му е струка? Тој ли ќе кажува што треба или што не треба има ли кредибилитет тој и сите во владата?
    И знаете која е целта? Целта е да се извлечат од го0ната во кои што потонаа преку кампањите за високо образование и многуте факултети кои ги отворија и многуте средношколци кои ги потикнаа да се запишуваат па сега имаат преквалификуван кадар и нема што да му прават па ајде сега ќе ги елиминираме идниве генерации на овој начин ?!! Шо мислат бе тие?!! Тие ли ќе ни ја креираат судбината?! Со молк ли мислите дека треба да се одговори на толкава дрскост и ароганција?! :fubar:

    Има некои суперталентирани јазичари но математиката м е послаба страна и веројтно е да не ја поминат матурата, и нема да може на факултет да се запишат ??? :| :^) :headbang: fuck logic..:headbang: Полагав матура и што? Еден тест го потврди моето знаење? Можда треба и потврда од менса за високо IQ да чекам пошто одлична пројдов на матурата.. серизоно толку површно размислувате? Дека еден тест кој што е толку сомнителен (кој препишува дента кој не, кој со врски кој со друго..) може поквалитетен кадар да обезбеди?
    Ма не протест ..на глава ќе им се качим дур не укина све тоа! Сами се укопуваат па ај ние ќе ги ваѓаме сеа ко по обичај, епа неЌе моЌи.
     
    Последна измена: 26 април 2015
    На T.e.d.d.y и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    Се надевам дека ова си го напишала колку да напишеш нешто и не си го мислела !!
     
    На Baby-bubu, christinnn и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Да имала дете на наша возраст не би зборувала вака. Сепак додека не осетите на своја кожа како е иднината да ви зависи од 20 прашања математика, само ќе зборите.
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Мене иднината ми зависеше од 60 прашања од предмети кој ги немав ни видено дека постојат, а вие математика учите 12 години, и сте упишале математички смер! Еве не знам...

    Јас имав мозок да седнам да научам, не да скитам по улици. Тие што немаат.. еден мој професор викаше : Мора да има и такви што нема да завршат.
     
    На Abeja, Galicka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Galicka

    Galicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Искрено срамота и резил. Тотално промашување на целата логика, знаете онаа логика што сте требале да ја развиете низ средно. Обожавав математика во средно. Сега сум адвокат. Знаете од каде логиката да ги поминеш сите предмети убаво, па и оние кои не ти требаат толку? Од тренингот на мозокот кој си го добивавме со математиката. Знаете колку треба математичка логика во адвокатурата? МНОГУ. Секој ден.
    И знаете што најмногу ме предизвикува? Кога ке слушнам не му оди на секој математика. Па и на мене не ми одеше многу биологија, ама ја сватив како предизвик и завршив со 5ка, без бубање на памет.
    Само не ми е јасно едно нешто - утре кога ке дојде некој потежок оредмет, еве на факултет, или некој потежок проблем на работа....пак ке плачете, ке спиете пред Влада или ке смислите нешто трето? Или можеби, да имавте развиена логика ке размислевте и ке најдевте решение?
    Пријателски совет - математиката е мајка на сите науки. Заради редот во математиката постои и правото и горда сум што е тоа така.
    И да, јас не сум партиски обоена, на секој му треба добар адвокат и никој не гледа која партија си и дали си, кога има проблем за решавање. Ете, само размислете што зборувам.
    А друго, средното образование во РМ е обврзливо со закон. Значи со самото тоа што отсуствувате од настава, вие го кршите законот. А исто и Вашите ценети родители. Јас моето дете не би го пуштила на протести, барем се додека не наврши 18. Потоа, ако мисли сама дека може да напредува на тој начин, вратите се широко отворени.
    Голем поздрав и се надевам утре ден нема да звучите очајно како типот на луѓе - Државата е крива за се.
     
    На Abeja, cresa-jagoda и Cka им се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Galicka море и на тебе ко да не ти оди малку логиката :D или само не знаеш дека средношколците надвор од математиката се судруваат со многу други проблеми.

    Треба да ти е мило тоа што вашето дете расте во период кога гледаме како младите се борат за своите права, не очекуваат од мама и тато зашто нив веќе одамна ги прегазил системот. Барем некои од нив.
     
    На Dafnee, Baby-bubu, T.e.d.d.y и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Galicka

    Galicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    @Magnolija како и да е, моето дете, како и јас, растеме во време кога секој, не само младите се борат за своите права. Напротив, сметам дека се уште е мое време, не знам кога Вие сте остареле.
    Друго, ЈАС имам свое мислење. А вие, и таквите како Вас не успеваат да се носат со различноста и различните мислења. Ете, јас моето дете/моите деца ке ги учам да не се плашат од различни мислења и да немаат страв дека ако некој не мисли како нив "се прегазени од системот". Не знам колку години имате Вие Магнолија, но колку и да имате, штета е, ништо не сте научиле. Затоа што отворениот мозок и ставот не бидуваат прегазени, туку растат и се развиваат, но на подобро. Не на полошо. И поради фактот што сакам почнувајќи од моите деца интелигентна и паметна младина, сум против барањата кои ги имаат поставено во Средношколскиот Пленум. Не сум сигурна колку Вие ги разбирате.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Galicka ти реплицирав зашто се претставивте како приземјена личност со која може да се дебатира. Не вака некоја која се јавува како демек јас сум кралицата на логиката, а донесува брзоплети заклучоци за тоа колку јас сум научила или не.

    Вие ќе ги растете вашите деца во личности кои не се плашат од различни мислења, а од друга страна самата сте против деца кои имаат различни мислења од вас. Да сте се движеле малку во тие кругови, во тие Пленуми, можеби ќе сте запознаеле интелектуалци какви што барате.

    Се гледа дека сте растени традиционално зашто имате традиционални мислења за образованието, паметот не зависи од учебникот туку од многу други фактори. Тоа што вие овие деца ги гледате како непријатели на државата, кажува за личност како вас. Сепак, очигледно не сте информирани за ништо, така да не знам зошто би продолжила да дебатирам со вас. :)
     
    На Dafnee, Baby-bubu и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Се е тоа убаво и младост и бунтовност,барања кои за некои имаат подлога за некои немаат.Она што мене како родител ме секира е што децава ми останаа неписмени.Да.Го кажувам тоа и се срамам,а од друга страна како ќе научат кога ова полугодие не сврзаа 1 недела квалитетно учење.Одат на училиште без ранци само парите в џеб,нели за топол оброк мора да се има.
    Јас сум за поставување на барања и за исполнување на истите,но да не се поремети квалитетот на наставата.
    Ако младите се иднината на една држава тогаш нека биде така.Нека УЧАТ и нека БАРААТ.Средните училишта мора да бидат едногласни и подобро организирани.
    Некој горе ја спомна Крушевската Република.Знаете зошто таа не опстана?Зашто беше лоцирана на само едно место,поради неквалитетна организација.И ова е исто.Некои одат редовно на училиште некои бојкотираат за себе и за нив.Погодете кој утре ќе биде жртва.
     
    На Cka и mackica1 им се допаѓа ова.
  16. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ^ Да баш и јас сакав истото да го потенцирам како и lunicka дека квалитетот на наствата е испод секое ниво во последните 10/ина год. а можеби и повеќе, и тоа проблемот на кој што треба да се работи а не вакви апсурдни реформи во кои еден тест на кој што можеби дента некој ќе препише а најписмениот ќе биде болен или некој со врска ќе помине, каква е таа ступидна реформа?
    Неможе еден тест да го потврди знањето и посветеноста на учениците туку целовкупниот образовен процес низ кој што поминале, се чудам погоре Cka i Abeja ги окаректиризираат средношколците како неписмени пошто протестираат против матурава, неписмени може да ги наречете ако протестираат да не идат воопшто во средно или пак ако протестираат да се укине математика како предмет во наставата, а не за тест кој што не е потребен и кој што ништо неможе да смени во нивната писменост, освен штета и бариера кај средношколците..
     
    На cresa-jagoda, Baby-bubu, Abrakadabra и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    ^^^Mагнолија, златна, за последната реченица околу потребата на дискусијата највеќе се согласувам.
    Што се` не се изначитавме, за луѓе кои на 18 години зборуваат на повисоко ниво од политичари плус цели четири генерации што сме зад нив, да велат дека немаме мозок... немам коментар веќе.
    Би вредело да се дискутира кога освен празни демагогии и плукање по нашата „мрза“, членкиве со спротивен став би настапиле со вистински аргументи... а овде апла се гледа критикување и реплицирање само на она што им одговара.
    Што да се каже... утре на вашите деца без разлика со колку неправди и непотребни стресови ќе им текне дотогаш да ги оптоварат, немојте случајно да сте им дозволиле да се дружат со пленумци, протестанти и слична мрзлива багра, да не ги испорасипат... :clap:

    Голем респект за @Peppermint и поклон до земја за секој збор што го напишала во нејзиниот пост. :bow:

    Патем, бојкотот, губењето настава и на крај кампувањето пред министерство беше радикализирање, бидејќи претходно на два протестни марша (кога си имаше нормална настава) никој не реагираше. Знам многу примери за тоа дека некои навистина си го сфаќаат како распуст и седење дома, и се согласувам дека истите немаат право на глас.
     
    Последна измена: 29 април 2015
    На Peppermint, Magnolija, Abrakadabra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Од многу експрименти во образованието, се изгуби нашата младина во еден огромен лавиринт на кој никој сега веќе незнае каде му е излезот. МОН едноставно нема идеја ниту стратегија, туку прави упорно некој микс од се и сешто што ќе им падне во даден момент на памет.
    Мора да се сопре ова уназадување на нашиве идни генерации еднаш засекогаш, а овие средношколски и студенските протести се дури и задоцнети, но сепак значат голем чекор напред.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Во Македонија не протестираат средношколците. Во Македонија протестираат наставниците и родителите. Средношколците се само параван. Она што немаат храброст да го направат самите го реализираат преку децата. Значи децата не се ниту храбри, ниту пак се залагаат за поквалитетно образование, нити пак нешто посебно им смета екстерното.
    Па во Македонија е сега толку лесно да се запишеш во средно, на факултет, да магистрираш и да докторираш така што и отценките не играат голема улога.
    Не може да се залагаш за квалитетно образование, а да не учиш и да одбиваш да полагаш математика.
    Проблемот е многу поинаков. Проблемот е што наставниците благодарение на тоа екстерно може да бидат избркани од работа. Страшно. Тие се обидоа да протестираат, но се исплашија дека ќе останат без работа, па нивното место го зазедоа учениците. И оваа ситуација им одговара и на едните и на другите. Наставниците го ,,бараат“ посредно своето право,а учениците не одат на училиште и замислуваат дека го менуваат општеството.
    Не може да го менуваат општеството деца. Децата не се младина, децата се само деца.
    Може да протестираат студентите, возрасните, но треба да се остават децата на страна не треба тие да ги решаваат проблемите на општеството.
    Во Македонија како и се останато и овие средншколски протести се ,,наопаку“, наместо возрасните да им обезбедуваат подобра иднина на децата, тука децата треба да се жртвуваат за својата и иднината на возрасните. Срамота.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што средношколците бегаат од настава и од училишните клупи, се гледа дека не им се учи, се однесуваат како некој авторитет, бараат автономија, со еден збор-ги мрзи да учат.
    Ако навистина сакаат да издејствуваат некои права, нека одат на училиште, нека учат, а кога ќе дојде време да се полага екстерно или државна матура-нека го бојкотираат полагањето, ако се толку добро организирани никој нема да полага. Значи ќе ја исполнат целта-бојкотираат тестирање па утре државата треба да одлучи како понатаму, бидејќи нема да одлучуваат за поединци туку за сите средношколци.
    А не вака еј не ми се свиѓа екстерно он на мене математика ќе ми дава да полагам, не му идам на настава бе, ќе дремем по улици и плоштади, ќе се зезаме со другарите, ќе протестираме.
    @Galicka убаво напиша, нема да се повторувам а Вие што сте се фатиле за нејзината логика не сте и дораснати.

    Сега ќе протестирате, ама треба да сте свесни дека изгубеното потоа ќе мора да го надоместите и тоа во летниот период. Бегате од обврската да учите свесно предизвикувајќи анархија. На ваков начин не се протестира.

    Не е на иста тематика, ама многу добро ја отсликува и оваа ситуација. Бунтовникот кој со ранецот избегал од часови за да протестира во Балтимор е исшамаран од мајка му пред камерите. Местото на ученикот е во училишната клупа а ако сака да протестира, има време по часовите(ова за средношколските проблеми а не за тие во Балтимор).



    Одлично кажано @zvecarka

     
    На cresa-jagoda, lunicka и Cka им се допаѓа ова.