@Abeja ти да можеш ќе не истепаш сите 10. 000 што се собравме на претходниот марш, гарант. Сигурно гласаш и за тоа да се вратат воспитните стапови повторно, м? Секако ако имаш спротивен став или си недораснат или ништо не знаеш, а тоа е толку слатко... и дораснато
Што да каже човек после ваков коментар, се е јасно и недвосмислено. Ама барем се докажува тоа кое ние го зборуваме против глупостите на средношколскиот пленум. Не ви се учи, нема тука што да се дискутира. Ако ви се учеше ќе бевте на часови и ќе учевте. Ама ако, јуни и јули се тука. Нема зошто јас да трошам енергија за ваше воспитување, тоа требало да го направи некој друг.
Не сфаќаме ние Цка, знаеме оти ти си најучената тука на форумот, не престануваш да се удираш во гради, а да ги понижуваш останатите како сакаат да се шлаат по улици и да пијат кафе на сонцето - СРАМОТА! Ама знаеш што, ВИЕ не плукате партии, но! треба да си ја заплукате вашата. Заради неа сме до ова дереџе, заради неа образовниот систем ни е срање кроз густо грање! Ова што ќе го зборувам сега, нема да биде од напамет дрндање туку бев директно инволвирана во оваа сфера еден период па еве ќе откријам некои тајнички кои што се случуваат таму, а кои еве не знам од каде се ако не се од вишото раководство во државата напатена наша. Децата знаеш Цка зошто се такви какви што ги опиша ти??? Зашто така им е дозволено!!! Таков е образовниот систем, во кој што наставникот е на најдолната скала на истиот. Може комотно да ти се испосере на глава на часот, а ти освен збор и тоа СМИРЕНО, а не да му викнеш, не смееш ништо друго да превземеш!!!! Имаш наредба како да се понашаш, какви тестови да правиш, како да испрашуваш - немој случајно да посакаш детето да раскажува лекција, одиш кај директорот и таму си рендан како најлош наставник, децомразач, без осет колку нивните МОЗОЧИЊА можат да примаат, а ти ги преоптеретуваш! Се лизнав еднаш да им дадам копирани две страни во кои имаше неколку подолги зборови, мајчиното млеко си го проплакав од жалби и рендање. Сакаш да ги поднаучиш, да ги описмениш, да се освестат дека не е толку страшно ако стават во главата некој нов збор АМА не може!!! Системот е таков, тие си ги знаат своите права и си ги користат, фала Богу. Кембриџ програми, презентации изџвакани на компјутер, сликички во боја , што е можно поедноставни тестови, учебници со лекции од по две реченици... Какви да бидат овие деца?! Кој го направи вакво образованието?! Не се децата криви. И покрај тоа што ме имаат доведувано до точка на вриење, ним така им е дозволено и тоа е тоа. Мене ученичка МЕ ПЛУКНА ВО ФАЦА, а знаеш ли кој беше крив??? ЈАС , оти сум и кренала глас кога направи тоа што направи. Фала богу со партиските вработувања, на квази наставниците така им одговара, да се ладат на часовите, да си пијат чај на час, да си дремат додека децата буквално скокаат по клупите и разговараат на цел глас, а после се знае - оти многу изморени од предавања, одат на клеветење и оговарање кај директорот, ковање на заговори против некој колега кој е ЦРНА ОВЦА оти си ја гледа работата, да побараат на партискиот список некој кој е типично шушкало како нив и да го сместат на местото на таа црна овца. Ете така јас го загубив работното место!!! САКАВ ДА РАБОТАМ!!! Ама во училиштата нје се бара работа!!! Се бара клевета, гласови, улизување ака газолижење... Е тоа се бара!!! И децата после ни биле криви, кога директорот на ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА доаѓа на работа во мрежани хулахопки и минич и знаеш, супер е!!! Владее цело време од кога е ВМРО на власт. Нездрави се возрасните, сакаме децата да раснат во здрави и образовани личности. Да не редам уште, многу одолговлечив ама... КОЈ ГИ УКИНА ПРИЕМНИТЕ??? КОЈ ЈА УКИНА МАТУРАТА ВО СРЕДНО??? КОЈ ОТВОРИ ФАКУЛТЕТ ВО СЕКОЕ СЕЛО??? КОЈ ПРАВИ УЧЕБНИЦИ ПО НЕ ЗНАМ ТИ КАКВИ ПРОГРАМИ, А НЕ ГЛЕДА ДЕКА ТОА Е СЛИКОВНИЦА , А НЕ УЧЕБНИК??? КОЈ СТАВИ КОМПЈУТЕРИ ВО УЧИЛНИЦИТЕ БЕЗ ДА ИМА ПРОГРАМ И ПЛАН ЗА НИВНА УПОТРЕБА ВО НАСТАВАТА, ПА СЕГА СЛУЖАТ ЗА ДЕЦАТА ДА ПРЧАТ МУЦКИ И ПРАВАТ ФРИЗУРИ НА МОНИТОРИТЕ??? Не е само да се чукаме во градите и зборот реформи да го употребуваме таму кај што треба и кај што не треба!! Ова се ЛОШИ реформи, крај на програмата! Максимално ги поддржувам децата, не викам дека сите се цвеќиња за мирисање, ама нека му се качат на глава на неписмениот министер за образование се додека не си ги остварат своите права! Редно време е и народот да им се качува на нив на глава, доста беше, море и многу беше обратно!
Бедно. Ова е одраз на домашно воспитание, и способност за дебата. Правило во дебатирањето е кога некој почнува со лични навреди, значи дека нема факти и аргументи и ја губи дебатата. Ама и тоа се учи на школо. Како и подоле, Еми што мене ми се нафрлила, лично. Јас никаде не кажав дека сум најпаметна. Не плукав ни партија, ни потенцирав партија. Јас кажав дека учениците не учат и дека се мрзи. И стојам на тоа. Ако сакаат да се борат, нека учат и нека простестираат потоа. Убаво кажа Абеја, можат сите да не се појават на испитот. Има целта е да се дреме по улици место да се загрее столчето. Спојлер Фактот дека си ти наставник, кој дозволил ученичка да ја ја исплука во фаца, кажува многу за твојот интегритет, твојот авторитет, и тоа колку те почитуваат, особено децата. Твојата работа е и едукативна и воспитна и тажно е што во едната си потфрлила.
Воспитано дете не би плукнало наставник во лице, а тоа е веќе вина на родителите, не на образовниот систем. Брат ми е средношколец, и тоа од средно каде што имаше бојкот и за време на штрајкот на професорите, јас сум најискрено загрижена за неговото образование, пропушти толку многу годинава. Ги поддржувам нивните барања, ама имам малку поделено мислење околу бојкотот. Кога студентите бојкотираа настава, ние во договор со професорите си организиравме како да надокнадиме се што е пропуштено, плус семестарот ни трае малку подолго, што е сосема океј, затоа што вредеше. Не знам како би се решил проблемот со изгубената настава на средношколците.
Хахаха, види еве се расплакав оти ми кажа за мојот низок интегритет како БИВШ наставник, фала Богу. Ама знаеш, ич не ме навреди!!! Ајде нека сум немала интегритет јас како млад наставник, ама наставници со работен стаж од 30 год. се исто третирани драга паметњакович Цка. Така да ми зачуја за твоите зборови, кога знам дека за жал!!, деведесет посто од наставниците ја имаат истата судбина и тоа СО СТАЖ И ДОКАЖАНИ наставници. Само оние кои ги оставаат да си дремат на часовите, тие се провлекуваат како ДОБРИ наставници. И пак ќе ти кажам, со РЕФОРМИТЕ од децата НЕ СЕ БАРА учење, разбираш или не??? Одц каде да учат, од сликовниците??!! А за 40 мин, еве ти како најпаметна овде, едуцирај и воспитувај, кога знаеш дека влегуваш во 7-8 различни класа! Ама ти си паметна, ти тоа го можеш! Ти кај што си, таму има ред, тие што работат од времето кога ти уште не си била ни зачната, не ги бива! И @crimson , ти се чудам на паметот што се сеќираш за надокнадување на наставата. Па нема да се надокнадува! Се надокнадува ли кога наставниците ги товараат во автобуси по митинзи низ цела Македонија ? НЕ! Така ќе биде и сега, затоа имаме неписмена младина.
Чекајте малку другари... вие си кажувате работи, јас ги посочувам и после ааааа, не сум јас. Значи прави политичари А средношколските денови одамна се зад мене, ниту ме мрзело да учам ниту ќе ме мрзи некогаш, фала на прашање Само уште ова да ви додадам, скоро предавав на ученици. Брзи се, темпераменти се, ама сите креваат рака и едвај чекаат да ги прозиваш да си кажат што мислат. Душата си ја наполнив колку се креативни. Јас учев од нив. А вие упорно мрзеливи та мрзеливи како да сте работеле со нив.
Со оглед на твоево однесување тука, не верувам дека си била нешто подобра и таму. Јас во животов не сум чула ученичка да исплука наставник, ти си прв. Ти си знаеш. Верувам дека мислиш дека си најдобра, ама ете... И освен во домот, училиштето освен образовна, има и воспитна функција. Наставниците треба да образуваат и воспитуваат. Реално, педагошки факултет и не е нешто што тешко кој може да го помине, ама добар наставник е некој кој вложил мнооогу во себе. Не е само заврши факултет и оп, најпаметна сум. Треба и способност да се разбереш со деца. Не секој е педагог. Кога ќе видам какви наставници има, воопшто не се чудам на лошото образование. Ама секогаш друг е крив. Тешко да се погледнат и да кажат дека не чинат. Да не одиме надвор од темата. Предлагам некој педагог на форумов да каже што значи за градењето на личноста на детето бегањето од часови оти не сака да учи,а за тоа е поддржан од дома и од наставниците.
Во врска со однесувањето тука, јас сум понов член овде драга, па учам од постарите кои ми се идоли во однесување на форумов и се така општо паметни во животот, на пример ТИ! Ако ти не си чула, јас сум чула и сум видела, како што реков погоре и тоа на наставници кои се пред пензија, така да ете ти промакнал тој момент, или не ти одговара да го спомнеш во дискусијата. Имаш минус во секој случај, како е могуче тоа јас просто не знам И не, не си мислам дека сум најдобра, ама најверојатно си тргаш од себе па затоа така мислиш. И Кримсон, не се сите партиски вработени, нормално. Ама има и такви, нели? Оти колку што знам се пензионираат стари наставници, а нив ги заменуваат нови , партиски вработени и тоа преку ноќ. Така да тоа ми беше муабетот. И не сакам да бидам сфатена дека овој револт е затоа што сум изгубила работа и дека сега кукам и напаѓам по форуми. Првично, мене образованието не ми е за во училиште, јас после тоа се доквалификував. Јас јасно и гласно кажувам пред секого,па и тука - подобро празен новчаник, отколку мобинг и нервози. Услуга ми беше направено, затоа што и така собирав сили сама да дадам оставка, ама не сакав да ги разочарам моите, па си викав, ај може ќе биде подобро. Со тоа што го напишав тука, сакав да доловам како функционира РЕФОРМИРАНОТО образование, ама престанувам овде зашто не е за објаснување на луѓе кои баш и не ги интересира.
Барем за училиштето на брат ми јас сум сигурна дека бараат знаење и има квалитетен кадар, јас завршив таму и немав проблем ни со полагање матура, ни со приемен на факултет. Му треба промени на образовниот систем, ама не можеш да генерализираш и да кажеш дека сите професори се партиски вработени и одат по митинзи. Не ја сфаќај лично работава, жал ми е што си изгубила работа, и исто свесна сум дека образовниот систем не е добар, ама не мора да ми се чудиш на паметот, знам што зборувам.
Вие сте дива лига,не ученици. Сите сме поминале средно,а вие не протестирате ради тоа што велите,ради учебници,завршни испити и што ти знам јас таму,денешните средношколци се паразити. И колку и да тресете зелени,протестирате само да губите часови.
Eве @Someonespecial е средношколка па не е ни малку неписмена, мрзлива и не сака да учи, напротив. Извини што те земав за пример, ама се утепаа од напаѓање кон средношколците, сите во ист кош не се ставаат, неправедно. Јас имам комшиче под мене живее учи во Корчагин, девојчето се претепува од учење, како јас на времето, ма дуру и бетер од мене. Ако вие имате поинаков пример можеби е до вашитепроблемот а не е до топлата, се извинувам на искреноста. Баш мислам дека ги оптеретија децава со екстерни, тестови и разно разни квази покажувачи на знаења. Се уморија, не учат за да научат и знаат туку да не случајно напраат помалку поени на екстерно. Страшно. Ние што немавме екстерно и завршивме со солиден успех со знаење, не примија на факултети кај нас дури и во странство сите што заминаа не се вратија, зашто се квалитетни. Зашто екстерното ним, ниту нас матурата не не направија подбри, нит ќе не направат. Ги тренираме децава да решаваат тестови, не да имаат знаење и логика. Тоа е грешката во системот. Теорија на кубен, пракса во минус. Јас ги подржувам тотално средношколците. Како немавме ние толква истрајнот кога нас ни ја влепија матурата да полагаме. Зашто реално таа не беше ама ич мерило на нашето право знаење.
Не е во ред да се препукуваш со мене на темата. И не прерипав, но и постар професор може да нема кредибилитет, интегритет, способност за работа со деца, а особено авторитет и почит. Тоа не се добива со годините, туку со способностите.Лош професор е секогаш лош, ако не с епотруди. Жал ми е што си изгубила работа, што си била понижена и исплукана од дете, ама мислам дека треба да поработиш на себе. Не сакав да те навредам, ама има работи за кои треба многу повеќе од факултет.
Фала ти на советот, стварно совет од тебе е секогаш добредојден. Еве веќе се преиспитувам, дури и се мислам и на факултетската диплома што да и правам. Гушки и бацки. И колку и да нема постар професор интегритет, ОД ПОЧИТ спрема неговите години не треба да му се прават несолени шеги на часот. Оти, додека јас бев ученичка,кај мене беа сите наставници во години, па со кој да се подбивавме ние? Со сите??? Оти не беа сите добри и тогаш!!!
Молим лепо... мислам дека се` е кажано!!! Патем Хипстерке, какво извинување, напротив ти благодарам многу Да не те цитирам и да не се повторувам, се согласувам со се` што си напишала.
Исто и внука ми. Јас сум задолжена за нејзино воспитување, да не навлегувам во детаљи, таа не е мое биолошко дете, меѓутоа задолжена сум за неа. Знаете ли колку време не спијам носејќи го како товар се ова што се случува и знаејќи дека до сега одличен ученик и дете за пример, ми попушта со учење и има неоправдани поради штрајковите? Навистина, кој ме познава знае дека секогаш мерам од двете стани, но навистина е тешка проценката во која би застанала во одбрана на тоа да се отсуствува. И јас сум била на протести....но ние протестиравме за силна кауза. И сите бевме таму. И многу ми е жал што ме нарекоа прегазена од системот и дека не се борам за правата во државата. Очигледно некој не чита....
Било како било, нешто ужасно гние и смрдлива реа се шири веќе подолго време од трулиот т.н. реформиран/нов и партиски обоен образовен систем. Се додека се тресат реформиве без врска, без никаков концепт/план и реално согледување на побарувачката на пазарот на труд, без прилагодување на образовните материјали ( учебниците се ужас ) и без никаква пракса, нема да прогрес во образованието. Ако некои сметаат дека овие протести се поради мрзата и тоа што не им се учело, навистина незнам што повеќе на таквите да им се објаснува !
Не, никој не сака да учи. И не ни е гајле за нашето образование, ниту на крај памет не ни паѓа. Сакаме само да шетаме. Па што, сонце пекнало надвор, јас да седам дома над книгата и да учам тригонометрија или пак еволуција? Премногу генерализирате. Има многу ученици кои навистина се трудат и учат. И навистина се за пофалба. Сакаат да бидат образовани и постојано се надоградуваат себеси. Ама не, ќе ги ставиме сите во исти кош, затоа што ги гледаме само лошите, а не добрите.
Хахаха...А јас многу сакам да поддржувам уличари и безделници и згора на тоа уште и ако протестираат онака, без врска, тогаш безрезервно сум на нивна страна !
@Galicka кога мислев на прегазена од системот не мислев на тебе, пошо ти очигледно немаш проблеми со него. Мислев на моите родители, на роднини, на пријатели. И баш татко ми кажа алал да ви е, имате храброст да го направите она што ние немавме. И дај престанете со тоа дека децата се мрзеливи, децата се се' освен мрзелеви, побогу колку енергија имаат целиот свет да го впијат. Имавме такви што многу учеа ама ние ги сметавме за глупи и прости пошо освен бубање од тие учебници ништо друго и не знаеја. И уште нешто, децата се многу попаметни сега отколку ние кога бевме деца, јас да ви кажам. Работете само со нив, па потоа зборувајте. Сум забележала дека токму тие што се најбунтовни, најмногу креваат рака и најмногу сакаат да се докажат и се креативни.