Јас сум тука најмалку компетентна да зборувам од сите вас, но сепак би сакала да си кажам. Се’ е во ред што средношколците си ги бараат правата што им требаат, ама покрај се’, има изгубено многу од наставата и веќе не е во ред. И тука не се криви тие, туку министерот што се прави слеп и глув. До кога? Зар не е веќе време да реагира? Што и да се случува, од наставата многу се губи и затоа треба да реагираат „главните“, а не да седат со скрстени раце. Колку што разбрав, целата таа математика работа, ви ја укинаа, а останала само за математичкиот смер. До некаде е и логично, математиката и онака е темел на сите науки, ама сепак треба да се имаат право на избор. На крај краишта, целото образование ни е ужас. Се заборава дека крајната цел е сепак децата да знаат нешто, а не да извадат илјада добри оценки на матури, екстерни, испити и разноразни други тестирања. Не е тоа целта.
Дечки, нашколо трпиме секакви закани за бојкотот на наставата. Директорката ни нагласи дека мора во писмено известување да напишиме според кој закони и членови ние имаме право на бојкот. Досега и имаме доставено неколку образложенија зошто бојкотираме но утре мора да го доставиме ова. Дали некој знае? Знам дека според член 21 од уставот имаме право на јавен протест. Дали постои таков закон? Во која група закони спаѓа? Барав на нет ама никако не можам да најдам. Ве молам за помош, итно ми е.
До таму ли дојде работава со закони да ве маваат ? Еве го линкот за законот за правото на мирно собирање http://www.mvr.gov.mk/Uploads/odluka - Ustaven Sud.pdf
Погледнете и на страната на средношколскиот пленум од битола на фејсбук не само закони...има и поведение намалување и заклучување во училници...тоа мислам дека го напишаа да...абе наместо да речи министеро терајте бе деца по стар модел матура каква математика и екстерното нема да ви влијае врз успехот...тој не бе човече ќе има екстерно да да супер јеааа вухуу демек и стар модел на матура да добро стар модел,ама одложен за оваа година еми ние следната година шо ќе прајме? ќе се сликаме ли? и идните генерации ќе шлукаат аплаузи абе образованието со вакви реформи..не ни е нешто најнај да се надеваме дека ова позитивно ќе заврши и нема потреба од страв..еве и родителски пленум стигна работата ајде ајде белким ќе бидне нешто
Јас сум средношколка-одлична ученичка и го подржувам бојкотот на средношколците, бидејќи неможе Власта да го подобри образованието, ако Средното образование го направи задолжително, бидејќи сега со задолжително средно образование не сум слушнала некој да изгуби година. Епа неможе бе некој со сите 1 да биде преку цела година, а со наредба од повисоко место да им се нареди на директорите и на професорите да им стават 2 па дури се вршат и притисоци врз нив и за повисоки незаслужени оценки. Друго како со екстерното може да се подобри образованието??? Па деца што имаат единици, на екстерно вадат 4-5 и после наставниците и професорите се казнуваат, што се они виновни да се казнуваат кога лично знам примери кога преку цела година имаат Заслужени 1, а на екстерно вадат високи оценки преку врски или со препишување. Што е подобро да има државна матура, кога многу Подобро било во минатото кога имало Приемни испити на секој факултет и се полагале предмети потребни за студирање на тој факултет. Како да се има квалитетно образование да почнам уште од основно кога се вработуваат Партиски НЕПИСМЕНИ наставници кои неможат да им дадат соодветно знаење на децата кога им е најпотребно, бидејќи основата се учи во ОСНОВНО училиште, а после треба само да се надградува знаењето во Средно и на Факултет. Со овие реформи што ги воведува власта не се постигнува ништо, туку пак се малтретираат одличните ученици кои со сопствено знаење и со сопствен труд ги добиваат заслужено оценките, а другите со врски и без знаење пак ќе добиваат незаслужени оценки, не помага во тој случај ни екстерно, ни математика задолжително на државна матура ни нешто друго. Власта ќе обезбеди подобро образование само ако вработува СТРУЧЕН кадар, па тогаш не е битно од која партија ќе биде тој стручен кадар!!! И ќе имаме подобро образование ако не постојат врски со кои учениците ќе добиваат незаслужени оценки!!!
Сета замисла со екстерното ќе беше во ред, но со услов да постоеа смерови за насочување. Па, така ако на пример одбереш хемија, работиш и се посветуваш до крај на хемија. Истово би важело и за биологија, психологија или било кој друг предмет за кој поединецот ќе пројави интерес во текот на основното образование. И да се знае кога те тестираат, да те тестираат од областа од која имаш познавање, без притоа да те дистрактираат небитни предмети надвор од областа. Но, во Македонија проблемот е во тоа што поради некоја нејасна причина, сеуште постои заблуда кај мнозинството дека сите под дифолт мора да се математичари или јазичари. Додека на останатите предмети им се придава минимално, или скоро никакво значение. Така на крај, испаѓа дека и покрај тоа што ќе се утврди дека скоро никој не знае ништо од сета таа палета здобиени информации, битното е да се пофалиме како сме учеле се` колку год тоа години подоцна било заборавено.
Дечки брат ми е средношколец и не знае да ми каже. Дали ќе се одработат деновите изгубени со протестирањето?