Средношколски стипенди Ќе следиш редовно на www.mon.gov.mk. Таму ќе биде објавен конкурс во кој ќе биде објаснето се' што и како.
Средношколска од МОН не. И не само тоа туку не можеш ни со пофалница, а не се сеќавам добро дали може и со групни (на пр. хор, спортски тим итн.). Се бараат дипломи за освоено место на државни и меѓународни натпревари.
Девојки да не знае некоја кога треба да излезе конкурсот за средношколски стипендии? Спојлер Ми треба за брат ми па ако некоја има информации нека ме контактира
^И јас го чекам, секој ден проверувам, ама нема ништо. Лани во декември излегол, па оваа година ќе видиме.
И јас го чекам конкурсот, мене ми кажаа лани дека излегол во февруари , така да - има уште време. Само како да втерам просек за одлична е маката сега.
На која страна треба да се поднесе за стипендија за втора година средно? Кај нас во школо има оглас за стипендија од министерството за образование без дипломи од натпревари само просекот да биде над 4,5 да имаш основни познавања на англискиот јазик амбиции за животот итн. треба до 30 ноември да се поднесе за стипендијата. Ја знае некој?
^^ Стипендиите се наменети за ученици кои ги исполнуваат следниве критериуми: Да се втора година средно училиште, Да имаат просечен успех во средното училиште повисок од 4.50 Да живееле на територијата на Р. Македонија барем 5 години, Да имаат основни познавања на англискиот јазик, Да имаат желба да го продолжат своето образование во странство, Да се работливи, упорни, мотивирани, амбициозни, Да имаат умствена страст и способност да ја претстават Република Македонија на светското тло.
^ Ова е за стипендиите што се за студирање на светските колеџи. Јас прашувам за оние другите стипендии што се земаат преку целата година мислам. Конкурсот за нив уште не е пуштен, но ме интересираше од прилика што е потребно, од оние кои веќе земале таква стипендија.
Пред се' да имаш диплома за освоено прво, второ или трето место на меѓународен или државен натпревар. Се важат индивидуални достигнувања, а не од хор, одбојка и слично. Не се сеќавам за просекот ама мислам дека и тој требаше да биде 5.00.
Девојки, има уште нецела недела за аплицирање, затоа побрзајте. Не видов на друг сајт поопширно објаснето околу критериумите, затоа еве го ова: http://ohridnews.com/index.php?mod=1&ka ... ce=message За аплицирање, еве го линкот до конкурсот: http://stipendii.mon.gov.mk/Konkursi.aspx Со среќа на сите што ќе аплицирате, се надевам дека ќе бидете избрани за добивање стипендија.
Девојки брат ми аплицираше, па ако некоја види дека има резултати, нека ми пише ЛП со линк. Ви благодарам
Дури сега го гледам конкурсот. Како можев да бидам толку смотана и да го испуштам. Само едно не ми е јасно, се аплицира од прва или втора година? Пошто нели, треба просек 4.00 минимум...
Може и во прва да се аплицира, ама битно е да имаш некоја награда од прво, второ или трето место на државно ниво. Во средно имав другар кој земаше стипендија од прва година само затоа што во основно учествувал во државен натпревар кошарка и освоиле второ место мислам Не гледаат толку на просек, колку што гледаат на диплома ама ова не значи дека ќе дадат стипендија и со просек 2,00
Леле како можев да го пропуштам , а имам диплома на државно (III место) од литературен конкурс. Во основно бев 5.00. Имам сега друго прашање , чим го испуштив сега за да аплицирам до година морам да имам диплома и од прва?