Moze nekoj podetalno da me zapoznae kako da apliciram za stipendija..4ta godina sredno sum i uspehot mi e 5,00
Може некој да ми објасни како тоа ја исплаќаат стипендијата за 9 школски месеци, кога конкурсот почнува после 2 месеца од почеток на школската година и резултати даваат тек на средина на декември, т.е 6 месеци се без декември ? Фактички ги губиш 3 месеци ?! Или наеднаш ги исплаќаат тие ?
како да земам стипендија за во СПУ,,Јахја Кемал''? Сега вака, имам 14 години и оваа године ќе одам во 9-то одделение а потоа ќе треба да се запишам во средна,веќе одамна го знам учулиштево јахја кемал и нивната работа така да имам огромна желба да учам таму.Но, тука се јавува проблем,моите родители одкако случнаа за мојов план не сакаа ни да помислат и по долги разговори и молење малку им ги избацим предрасудите во врска со приватните училишта како јахја но ми рекоа дека ќе ме запишат само ако земам стипендија од 70% па ногоре.јас сум одличен ученик со доста дипломи и награди и немем проблем со учење,но сакам ваш совет во врска со темава и помош со приемниот испит кој ќе се случи следнава година околу април!! ве молам помогнете ми и дајте ми совет посебно оние кои сте биле на приемниот испит! Благодарам однапред!!
како да земам стипендија за во СПУ,,Јахја Кемал''? Па при крајот на секоја учебна година средните училишта презентираат во ногу основни училишта.Кај нас дојдоа и ни објаснија се.Тогаш ќе ви кажат кога е приемниот и каде треба да се полага.Друга опција и ти се натрпеваите.На пример на државниот хемија можеш да земеш ако си меѓу првите.Од нашето училиште едно дете зема со 40% а беше 8 место ама полагаше испит
Ќе ги побараш од класниот раководител ќе ти ги даде,јас мислам дека само што почнавме ми ги вратија,не сум сигурна оддамна беше,али сведителствата од 5то-8мо ми се дома Дали знае некој конкурсот оваа година кога треба да излезе?
Во основно земав прво место на ликовно[ова од цела Македонија ], и наставничката ми кажа дека можело да се зима стипендија. Сега во прва дали можам да земам стипендија, некој подетално да ми објасни?
Е девојки, кажете ми некој конкурс за стипендија за средно образование. Вака братучедка ми е втора година средно, прва ја заврши со просек 5,00 што значи сите и беа петки. Ама колку што гледав јас за сите стипендии треба да се има освоено I,II или III место на државен или меѓународен натпревар, а таа тоа го нема. И барам од вас да ми кажете дали има некаква стипендија за овие услови..?
Знае некој кога ќе испадне конкурсот за средношколските стипендии за академските постигнувања? благодарам однапред
Девојки сакам да аплицирам за стипендија, имам освено награда 2ро место на државен натпревар по латински јазик, и сега пополнувам електронска пријава и гледам треба да се пополни област од освоената награда и има понудено Наука, Техника, Уметност и Култура па незнам дали треба да одберам Наука или Култура, ве молам кој знае нека ми помогне
До оние кои имаат аплицирано за стипендија. На конкурсот за стипендии на mon.gov.mk во една изјава се напишани сите потребни документи. Јас сум 4та година гимназија и ги заверив трите свидетелства кај нотар од 1 до 3 година, но пишува дека треба и од основно од 5 до 8 одд. Дали треба да се заверат или тоа е за аплицирање за стипендија за оние кои се 1 година средно?
Сакав да прашам дали се важи диполома за освоено прво место на меѓународен натпревар по ликовно( или по детално таа Меѓународната ликовна изложба 13 Ноември) братучетка ми има освоено 1 место и сега одличен успех не сроз но повеќе од4.7и се (не сум сигурна така мислам дека рече) и сега дали има шанса да земе стипендија, дали и се важи ова или треба други ? Фала однапред
Вие што земате стипендија -колку ви е просекот од 5/6 одделение па до каде што сте сега -какви дипломи имате ???
Јас сум добитник на стипендија за 50 талентирани ученици, имам информации дека парите ќе ги пуштат после 20ти Март.
Иначе, за стипендија за талентирани ученици, ако сте 1ва година треба свидетелства од 5то до 8мо, а од 2ра година треба свидетелство од 1ва,од 3та година свидетелство од 1ва и 2ра година итн. Условите беа просекот да биде 5,00 и награди од I, II и III место, а наградите се важат мислам дека ако се добиени до пред 3 години.
Јас сум сега прва година, просекот од 5 до 7 ми е 5,00 но немам никаква награда. Мора ли да се има добиено награда за стипендија?