Кои документи требаа дали само потврда и сведителство за завшрена претходна година и дали треба само копирано или и заверено на нотар?
Само свидетелство за завршена претходна година со одличен успех и потврда за редовен ученик. Со онлајн аплицирање требаше само оригиналите да се сликаат и да се закачат на линкот, а пријателка аплицираше лично во МОН и ми кажа дала обична фотокопија на свидетелсвото и оригиналната потврда.
Здраво друштво. Сакам да прашам дали некои знае каде да се обратам за информација бидејќи ми е одбиено правото на користење на стипендија, во апликацијата пишува одбиено иако сите услови се исполнати. Дали некои претходно се сретнал со ваков проблем.
Му треба време да се отвори, следниве денови ќе се растерети, сега сите отвараат и средношколци и студенти
На конкурсот пишува дека сведителствата треба да се заверени на нотар .Морално ли е тоа со оглед дека онлајн се прикачуваат?
Зависи за каква стипендија конкурираш. Скоро сите можеш да ги добиеш без диплома (со диплома имаш повеќе шанси за добивка), освен тие за талентирани.
Освен ова за примањата што е во самиот конкурс, пресметката за успех не знам како им оди: „Ако месечните примања на потесното семејството по член се помали или еднакви со 35% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот го добива максималниот број на 60 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 35% а се помали или еднакви со 45% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 40 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 45% а се помали или еднакви со 55% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 30 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 55% а се помали или еднакви со 65% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 20 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 65% а се помали или еднакви со 75% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 10 бода, а ако месечните примања на семејството по член се повисоки од 75% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија не се добиваат бодови. Вкупните месечни примања по член на семејство, се пресметуваат како збир од сите приходи на месечно ниво на секој член на семејството со кое живее ученикот, поделен со вкупниот број членови на семејството.“
Здраво сакав да прашам во евидентниот лист во точка 6 во потребните документи пишува потврда од училиште факултет за брат или сестра. Вавко нешто не пишува во потребни документи на страната на МОН. Дали треба да се земе од училиштето ваква потврда?