Извинете вака, имам малку нејасно па сакав да ве прашам уште нешто. Во потребни документи на страната на МОН пишува: Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ: И пишува некои уверение каде стои УВЕРЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО. Дали треба и ова?
За да отвориш трансакциска сметка пред 18 г., ти треба само родител (со неговата лична карта) и евентуално и извод (не сум премногу сигурен за извод, но во секој случај носи си го).
Во овој случај, конкурирај за друга стипендија (ако можеш) и стави ја дипломата, затоа што со дипломава ќе се зголеми шансата за добивка на стипендијата (ќе добиеш повеќе поени). Впрочем, апсолутно дискриминирачки од страна на МОН за немањето стипендија за талентирани ученици од областа на јазиците.
Se javija premnogu reakcii od obespraveni ucenici koi se nadevaa na stipendija. No, MON si e MON, ne znam dali ke dadat nekakov odgovor na ovie reakcii.
Дали знае некој кога ќе бидат објавени резултатите од конкурсот од 28.10.2022 година. Требаше вчера на 15.11.2022 година , но нема ништо објавено. Ви благодарам.