Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средношколски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од waldorf1995, 22 октомври 2011.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не, не, јас колку што знам не мора искористи ја таа од претходно. И плус распрашај се по професори може ќе ти најдат уште некој натпревар, па плус ќе ти дојде тоа. За литература барем цело време има натпревари само треба да бидеш информирана. ;)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Општи прашања

    Ми треба брз и конкретен одговор за тој што знае да ми одговори на прашањето.

    Конкурирав за стипендија и имам големи шанси да ја добијам, е сега проблемот е што сакам второво полугодие да се префрлам во друго средно училиште, а за стипендијата ми требаше потврда за редовен ученик и ја земав од ова училиште во кое моментално учам.

    Сега не знам дали ако се префрлам второво полугодие ќе ми важи стипендијата или ќе биде поништена затоа што се префрлам во друго училиште?
     
  3. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Нема да ти се укине, слободно можеш да си се префрлиш кај сакаш :) Потврдата ја доставуваш за да докажеш дека си редовен ученик во средно училиште и воопшто нема значење кај учиш ;)
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^^ ми падна камен од душава. Фала ти многу за одговоров, ми значи. :*
     
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    А мора да си прва или втора година за да добиеш стипендија ?
     
  6. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Не, може и ако си трета или четврта :)
    Ако мислеше на ова........
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Средношколки има ли информација кога ќе имате резултати. Проверувам за брат ми на секои 15 минути ама ништо, а пишува на 30.01
     
  8. temjanushka

    temjanushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    [cзаolor=#FF0040][/color]абе зашто се уште нема резултати што направиа
     
  9. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Стварно што е со резултатите?? нели на 30.01 ќе ги објавеа?? :|
     
  10. Bujo0

    Bujo0 Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Vaka, za da voopsto ja razgleduvaat aplikacijata sto e za konkurost za 50 stipendii za talentirani srednoshkolci, mora da imate najmalku 4.50 prosek vo site dosegasni godini na obrazovanieto(I-IV odd ne gi smetam), ne treba da imate povtoruvano niednas, i treba da imate najmalku 2 osvoeni nagradi na individualen natprevar na tema Nauka ili Umetnost. :)
     
  11. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Можеби не е за тука прашањево,ама....
    Што е со страните: mon.gov.mk i stipendii.mon.gov.mk ???
    :)
     
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ни Р од резултати, кои требаше да ги пуштат уште на 30.01.2012. Знае некој кога ќе има? 2-3 пати им ѕвонев во министерството и можете да претпоставите никој не ми крена.
     
  13. temjanushka

    temjanushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    ЈАС СЕ ЈАВИВ ВО ПЕТОКОТ И МИ КАЖАА ДЕКА ПОРАДИ НЕКАКВИ ПРОБЛЕМИ УШТЕ НЕМА РЕЗУЛТАТИ,ИНАЧЕ КОМИСИЈАТА ГИ СЕЛЕКТИРАЛА КАНДИДАТИТЕ .ВО ТЕКОВ НА НЕДЕЛАВА КЕ ОБЈАВЕЛЕ.
     
    На Smurfette.M му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    А каде ќе бидат објавени резултатите ?? И ако може некој да ми даде повеќе информации бидејќи аплицирав, а не сум баш сигурна што како. :)
     
  15. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Резултатите требаше да бидат објавени на
    http://stipendii.mon.gov.mk/Rezultati.aspx
    на 30 јануари, амаа..................... :D
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rosalka

    rosalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Објавени се, можете да проверите. :)
     
  17. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Му стигнаа на некој парите на сметка? :^)
     
  18. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Сега сум осмо и би сакала да аплицирам за стипендија за наредната година, па ме интересира дали може во прва година да се зема стипендија зашто мислењата што ги читав по темава претежно се за од втора година ..
    А да не знае некоја случајно по колку поени вреди секоја диплома? мислам дека имам еднаш видено нешто за студенти, колку поени е диплома од регионален натпревар, колку од државен .. итн, па ме интересираше некоја од вас да не знае случајно :)
     
  19. Lady-Love

    Lady-Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    Вака сега.Јас сум сега прва година средно и сакав да конкурирам за стипендија,но гпропуштив конкурсот.Имам добиено награда за литературен конкурс на републички натпревар второ место.Јас требаше сега во прва да конкурирам или во втора треба да конкурирам заедно со дипломата и оценките од прва година(сите петки)?? Ве молам докoлку знае некоја од вас да ми каже.Благодарам
     
  20. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    А може во втора да се аплицира за стипендија,ако имаш освоено награда на државен натпревар ама во прва? - за другарка ми ова :) Годинава можи ќе добие ама не знаеме дали може вгодина да аплицира.

    Инаку јас годинава аплицирав и добив, имам освоено прво место на државен натпревар по македонски јазик,и едно второ на државен литературен конкурс :)