Мислам сеуште не е излезен новиот оглас за средношколски стипендии. И за продужување и за нови аплицирање
Ке може ли некој да ми каже првпат ке поднесувам за ученик од втора година,освен свидетелството од прва кое треба да биде заверено на нотар дали и некој друг док.треба да се завери ,тука во форумот прочитав и за некоја потврда,дали е тоа потврдата за редовен ученик.Ке поднесувам за стипендија за социјална поддршка.
Ти треба: 1.потврда за редовен ученик, 2.оригинал скенирано и прикачено свидетелство (аплицираш online на страната на МОН Е-услуги нема потреба од заверка на нотар) Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено. 3.дипломи или награди (доколку поседуваш) 5.Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец септември 2023 година, за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход; за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек; за инвалидитет да се достави лекарска белешка; додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/чки/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција, за невработените потврда за невработени од агенција за вработување 5. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија; 6. Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава; 7. Изјава за обработка на личните податоци на кандидатот 8. Трансакциска сметка на име на ученикот Изјавите може да ги најдеш тука: https://mon.gov.mk/content/?id=7343 Аплицираш тука: https://e-uslugi.mon.gov.mk/#/
Да јас користев стипендија за ромите и стипендија заради користењето на мајка ми на социјална помош...
Имам прашање за оние кои обновуваа ученичка стипендија. До сега сите години по прикачувањето на потребните документи, ми се појавуваше статус - успешно поднесена апликација и подоцна преминуваше во прифатено и штиклирано со зелено. Оваа година по успешно поднесена апликација, се смени во проверено и исто штиклирано со зелено. Видов сега и уште си стои проверено. Дали и кај вас е така оваа година и дали се знае кога ќе започнат со исплата на стипендиите?
Еве веќе трета година по ред ќе ми биде оваа како земам средношколска стипендија и сум компетентен да одговорам. И кај мене е исто „проверено“. И минатите години било така, па по некое време, се претвора во „прифатено“. Најверојатно, пред да ги исплатат стипендиите, ќе го напишат новиот статус. Инаку, очекувам стипендиите да ги префрлат кон декември. ОЧЕКУВАМ, значи.
Dali znae nekoj za kako odi aplikacija za razlikata so pokacuvanjeto na stipendijata .dali imate dobieno aneks tie sto prodolzuvaat stipendija.