Како до стипендија? Јас сум осмо одделение и сакам да ве прашам слушнав дека ново што излегло за да земам стипендија треба да имам најмалце 2 дипломи со освоени едно од 1-те три места точно ли е ова и ве молам што знаете кажете ми
Како до стипендија? за што ти е стипендија? ако ти е за колеџ имаш време инаку незнам ваљда треба да имаш повеќе 1ви места а не само 2/3
Едно прашање За да земеш стипендија треба да бидеш одличен со сите 5ки и да имаш диплома за државен натпревар?
^^треба да бидеш одличен, ама не мора со сите 5ки...знам 2-3 кои добија стипендија, а имаат неколку 4ки...а и дипломи немаат туку сега решив и јас да аплицирам...кога некои со четири 4ки можат да добијат, зошто јас со две од 1ва година да не можам.. знам дека е рано за конкурсот, ама сепак...ај да се надеваме дека нема да го испуштам
Девојки дали може некој подетално да ми каже кога се аплицира за стипендија за одлични ученици од средно? Отприлика минатите години кој месец било тоа?
^^последниот пат во декември се аплицираше..мислам електронски не знам во детали точно што како...ама ќе дознаеме до аплицирањето
Девојки сега ќе бидам прва година. Кога се аплицира за стипендија? Дали треба да си прва или втора година? Од 5то до 7мо поминував одлична но не со сите 5ки само 8мо го поминав со сите 5ки. Имам 4 дипломи. Три од нив се на регионални натпревари со освоени две први места и едно прво место. Исто така имам дипломи од државен натпревар по Историја освоено 3то место. Некаде слушнав дека требало две државни да имаш. Што мислите дали ќе земам?
Јас во основно сите години имав просек 5,00 и во прва имав 5,00 ,сега ќе одам за втора година и јас сакам да аплицирам само немам дипломи добиено Затоа незнам дали ќе можам. Иначе конкурсот годинава кога почнува?
Значи вака јас сум сега осмо одделение и сакав да прашам дали ќе може да аплицирам за стипендија во прва година (ќе се запишам во ЈБТ) сите години просекот ми е 5.00 и имам освоено во 7 одд. диплома по математика на регионален натпревар трето место а сега во осмо ќе одам и на натпреварот по матемтика во Јахја Кемал. Значи прашањето ми е ќе можам ли да аплицирам за стипендија во прва година и кога? Ве молам многу ми значи ова не сакам да го испуштам конкурсот.
^Веројатно декември. А за дипломи,мислам дека само од државни натпревари 1,2 и 3 место.Не регионални.
Моја грешка дипломата не ми од регионален сега прочитав пишува меѓународен натпревар кој се одржува во сите земји во европа. Таа се прифаќа ли? И може малку сум досадна ама сега во декември треба да аплицирам за да имам стипендија во прва или кога ќе почнеме во средно тогаш се аплицира? Сепак ти благодарам многу.
Дали некој знае до кога е рокот за продолжување на стипендијата за средносколци ( за 400 талентирани ученици) ?
Ај и јас да си прашам, сега сум прва година, одлична со сите 5, редовен ученик, немам дипломи, дали можам да конкурирам на конкурсов и да добијам стипендија?
Секако дека можеш, но да си имала диплома ќе си имала предност, ама и вака можеш да се пријавиш и да добиеш стипендија.
конкурсот е во тек и можете да го најдете на страната на Министерство за образование www.mon.gov.mk важи само за II,III и IV година I година нема право да аплицира
Дали може да се аплицира за 2 вида на стипендија? За таа што е за талентирани средношколци и за средношколци-спортисти?