a ова за дипломи од средно така? Спојлер јас мислам дека не даваат на сите стипендии, едно девојче шо познавам имаше 3 државни и не зеде стипендија дека двајцата родители и биле вработени, и имале убави примања
Јас сакам следната година да се пријавам,ама немам никаква награда или нешто слично освоено...просекот ми е 5,00 плус едниот родител ми е невработен,а сестра ми е студент...има некаква шанса да ја добијам стипендијава иако немам никаква награда?
Имаш шанси.Ги собираат поените од оценките,социјално и гледаат дали имаш приходи.Дипломите се плус.Ама имаш шанси да добиеш.Малку со протекции ги даваат стипендиите ама обиди се не губиш ништо.Ти кажувам од искуство Спојлер Зборувам за 400 стипендии за средношколци што се
Да, можеш слободно да аплицираш, ама за 400 стипендии за средношколци за социјална поддршка. Внимавај на тоа. Е бидејќи овие се за социјална поддршка, иако немаш дипломи, реално гледано имаш шанса да добиеш, штом едниот родител е невработен и имаш студент во семејството
Кај тие што добиле најверојатно ќе стаса заедно со едниот примерок од договорот, откако ќе го потпише министерот. Туку ме интересира кај што пишува Договор за стипендија, склучен на ден _________ година, на празното место ние треба да пишиме датум или при потпишувањето од министерство ќе напишат??
Од министерство ќе напишат Инаку на погорните прашања , најмногу гледаат на просек, потоа на финансиска ситуација, имот , па на дипломи. Ги имаше критериумите на конкурсот за доделување по колку поени се дава за сите овие поединечно
Едно прашање до тие што ќе земаат стипендија...ова договоров што треба да се испрати мора да биде во боја или не мора ? И дан знае некој кога ги даваат парите и како ?
може да е во боја ама и не мора ако ти прави задоволство испечати во боја парите ќе ти ги префрлаат на трансакциската сметка на рати, кога како ќе дознаеш од други, ќе проверуваш од време на време на сметката и така
Општи прашања Немора сите петки, најмалку треба да си 4,00 но секако дека тогаш шансите ќе ти бидат помали
Општи прашања Види овде, ама мислам дека само во средно може да се зема, или победниците на државни натпревари може да земаат, така имам слушанто, не знам точно. http://stipendii.mon.gov.mk/vorm;jsessi ... 202BEA951B
Општи прашања ^^Мислам дека ако во основно си учествувала на некој државен натпревар во средно ја добиваш стипендијата.Ама незнам за сигурно така слушнав
Брат ми конкурираше е сега нели жалба треба да дојде? Некои викаат за 10 дена ама овие 10 дена 1 месец. Кај некој да не стигна нешто?
Кога ги исплатуваат парите од тие 400 средношколски стипендии? Една другарка ми рече демек на крајот, во јуни...