Веќе подолго време барам, на Фемина и на други сајтови, но ништо неможам да најдам! Или се закопани во некоја дупка или навистина ги нема никаде, па се извинувам ако се повторува темава. Поради тешки здравствени проблеми не се запишав и не завшив средно, сега ми е подобро и се каам што можеби е премногу касно.. Норвешки државјанин сум и имам 19 години, барам некое стручно училиште, математика, програмирање и фискултурно ми се највисоко на листата но навистина би била среќна со било што.
Искрено вечерни училишта немам видено во Македонија,а можеби и има. Да те прашам, не можеш вонредно да земеш предмети од средно? Бидејќи знам девојки што завршиле средно,ама сакале после тоа и стручно,и си земале предмети повторно. Ама не знам за тебе дали е можно,бидејќи тебе ти требаат сите,ти советувам да прашаш во некое средно училиште.
Прашај во работнички универзитет Кочо Рацин. Не сум сигурна, ама можеби има нешто слично на тоа што го бараш.
Можеш да се запишеш вонредно и така да ги полагаш предметите. Мислам дека при полагање се плакаше 300ден (не сум скроз сигурна за сумава, но не е повеке од 500) од предмет. Можеш во било кое школо, било кој смер.
Не се проблем... има и постари што се запишувале. И на крај си полагаш државна матура како и сите други средношколци.
Таму без да посетуваш настава добиваш диплома,мислам А инаку во било кое средно училиште можеш да се запишеш како вонреден ученик и полагаш само.