1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средно медицинско училиште

Дискусија во 'Образование' започната од boki44ka, 14 јануари 2011.

  1. boki44ka

    boki44ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Дечки 8 одд сум и сакам да се запишам медицина, ама не знам :?: Која струка е најдобра (освен медицинска сестра)? Помош ако може :doh:
     
    На Biljana01 и сдсадфтосјѕгс им се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Па, сега нема најдобра струка. Што е најдобро според тебе. Оди таму каде што тебе те привлекува. А инаку ги знаеш струките? Има забен техничар, медицинска сестра, лаборант, фармација и физиотерапевт. Мислам дека беа овие. Другарка ми е запишана забен техничар и и' ги гледав предметите.. На пример она има анатомија, хигиена и латински ама нема везе, тие мислам на сите смерови ќе ги имаш. Ама ако се запишеш на фармација латински многу ќе треба да учиш, и ако не го сакаш тоа, подобро да не одиш, да не се измачиш за џабе. И после ако не се запишеш на факултет, ќе се изнамучиш учејќи а ќе завршиш како некоја медицинска сестра. Мислам, одбери ти што сакаш, што највеќе те влече и што е најдобро за тебе. :) :*
     
    На сдсадфтосјѕгс му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Еј ти погоре си ги заборавила оптичарите 8) !!
    Јас сум општи смер , медицинска сестра.Според мене погрешен избор не направив. Нема да лажам за да те охрабрам, тешко е, материјалот е обемен, многу нови и сложени изрази. Латинскиот не е тежок, не знам дали е до мене, ми одат јазиците или можеби затоа што се учат повеќето стручни термини, а не класично, како на пример англискиот. Латински има само во прва година, нашиот професор беше несериозен, мислам дека она што ни треба од јазикот го научивме со текот на годините од праксата, не е тешко како што изгледа ;) Во прва година пракса нема, а стручни предмети се оние основните, хигиена, анатомија и физиологија. Во втора, уф да ме убиеш нема да се сетам на повеќето од нив, знам дека имаше патологија и микробиологија. Во трета Интерно со Педијатрија, Инфектолофија - заразно, Хирургија...Тоа ти е тоа. Во секоја година се скоро истите предмети со различно име, едноставно го надградуваш знаењето на секое од полињата ( * за четврта не знам не сум стасала до таму :D )
    Во прва година пракса нема, во втора имате 4 дена теорија еден пракса ( во кабинет за нега на болен ), и феријална пракса во лето 20 дена( избор - интерно, хирургија, ортопедија), во трета имате 2 дена пракса, три теорија ( хирургија, заразно, интерно) и исто феријална, четврта гинеколошко акушерско одделение.


    Пред се медицината е хумана работа, голем чекор е според мене да се одлучиш за ваква професија, со самото средно стануваш дел од медицинскиот персонал пореално од што веројатно мислиш сега. Работите може да станат неподносливи, особено на хирургија, ако не можеш да гледаш не се запишувај, после ќе биде доцна а и глупаво да се каеш.

    Се надевам ќе донесеш правилна одлука, ако сепак се одлучиш дека медицината е твојот избор, ти посакувам добредојде :)
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Во прва година исто така имаш и латински јазик.. А во втора освен микробиологија и патологија има и пракса како што кажа Стронгер 1 ден во кабинет по нега на болен и имаш нега на болен предме...
    Јас учам средно медицина и многу ја сакам професијата и планирам и понатаму да продолжам со тоа... Едноставно е што овде си хуман и ја покажуваш својата хуманост.. Сепак ти си знаеш секој не го влече медицина или некоја друга струка...
    Иначе и јас сум медицинска сестра :)
     
    На сдсадфтосјѕгс му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    24
    Почетник сум во медицинска.. прваче :) Уште од шесто одд. сакав да запишам медицина - забен техничар се запишав и супер ми е сега малце тешко со многу предмети и многу за учење ама..Јас сум во Скопје а сум слушнала дека има и во др градови средна медицинска...сеедно поздрав до сите медицинари - средношколци :)
     
    На сдсадфтосјѕгс му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Па таа што ја сакаш струка на нејзе запиши се .... Н,е се двоуми мислам дека медицинско е најдобро од моја гледна точка, па запиши се на која сакаш струка од медицината :D Позз

    Ruza.Ruzica и до тебе голем поз ... Јас сум од Прилеп и јас сум прва година медицинско за медицинска сестра и не е толку тешко колку што кажуваат .... Мене навистина ми беше тешко на почетокот, но сега ми е лесно :D Па позз до сите ;)
     
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Тешко е и треба да се окозиш за петка. Ама, од друга страна вреди, се здобиваш со знаење и искуство (праксата ја сметам за искусво мислам...) во областа на медицината.

    Плус, перспективно е, ем можеш на секој факултет да се запишеш, ем имаш знаење од претходно споменатата област. Прва година на сите ви се исти предметите стручни.

    -физиологија
    -анатомија
    -нега и хигиена
    И латинскиот јазик...

    Фармација се бара хемија многу.

    И океј е школото... зборам за ова во Скопје.
     
    На Ecii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Во прва година предметите се сите исти за сите струки, така да ако сакаш во втора година можеш да мењаш струка, затоа не се форсирај со одлуката предвреме... :)
    Јас завршив пред 3 години забен техничар. Ќе те биде не се секирај ;)
     
    На сдсадфтосјѕгс му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас завршив средно фармација. Скроз одлична сите четири години. Првата год. ми беше најтешко, нормално нова средина додека се адаптираш (иако си имав добра другарка од основно, со која btw сега сме заедно и на факс), нови професори, нови предмети. Нема вечерни излегувања, од сабајле до поручек на училиште, од втора год. и пракса, си доаѓав дома, ручав, приспивав 2-3 часа, ќе станев 5-6 часот, и најмалку до 12 часот над книгата, а кога требаше да се спремам за повторување (вообичаено во една недела се собираа повторувањата по сите предмети) дремев над книгата и после полноќ.
    Бев решена да се запишам на фармацевтски факултет.
    Ама животoт за мене имал други планови... така е зборот.
    Јас си ја скроив иднината.

    ЕДИТ прва год. предметите беа исти за сите смерови (анатомија, физиологија, ние немавме латински јаз. биологија, хемија, математика, хигиена, физика, македонски, англиски...)
    во втора од стручните имавме фармакологија, фармацевтска технологија, аналитичка хемија
    во трета биохемија, фармацевтска хемија (неоргански дел), фармакогнозија, фармацевтска технологија
    четвртта козметологија, броматологија, фармацевтска хемија (органски дел), фармакогнозија.
     
    На сдсадфтосјѕгс му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Јас сум трета година економско средно..и добро е..Да ти кажам право имам другарки во медицина,и знам дека имаш многу за учење(но затоа одиш понатаму нели?),јас во никој случај не сакав медицина,не заради учењето,туку не ми одат природните науки,а инаку проспективно е ако одиш на факултет се разбира, можеш приватна ординација да си отвориш,и баш е профитабилно,мојата докторка,(приватно) заработува баш добро..па добро ти е медицинсково..А инаку не е лошо и економски,значи се зависи од тебе,ако ти одат повеќе биологија,хемија, оди медицина,ако ти одат општествени науки, математика.оди економски..(макар што математиката не е тешка,но имач предмети кои се темелат на математика,како сметководство,статистика..итн...Изборот е твој ..Со среќа ;)
     
  11. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Јас кога учев немаше латински....за жал, не знам зошто немаше навистина. Уфф завршив во Др Панче Караѓозов, смер сестра и мене искрено ми беше многу тешко. Значи нон стоп имаш за учење, предметите се тешки, а професорите строги. Втората година ми беше најтешка.Терезиева ми предаваше анатомија и прилично многу бараше, онака најголем впечаток ми остави Македонка по македонски, значи по катил професор немам сретнато :devil:, ма да си има и добри професор,ама се на се, многу се бара мора секој ден да учиш за да бидеш во тек. Тогаш беше многу строго,не смееше да се облекуваш поразголено,да се лакираш, не знам сега како е. Ако имаш голема желба запиши се и со волја и упорност ќе си завршиш.Како и да е, средното медицинско е добра подлога за потоа на факултет, ќе имаш навика за учење, и факултетот ќе ти биде како песна.
     
    На сдсадфтосјѕгс му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Butterfliess

    Butterfliess Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Да ви кажам кај нас има средно гимназиско, техничко и земјоделско... е сега медицината е во земјоделското и таму сакав јас ама другарките сите ми се запишаа гимназија и јас таму со нив :( многу се каам што не запишав медицина после ќе ми е многу тешко на факултет :@ што да правам кажувајтее :(
     
  13. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    јас немам некој голем избор ... од секогаш кажував дека ја мразам медицината ... ама сега како што гледам можеш потоа да се запишеш на кој било факултет па средномедицинско а факултет нешо за дизајн ке одам ... :) имам живци и можам да работам со луѓе то ми е предност :)
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    И јас имав другарка на фармација што низ ова истото помина. Јас не бев скроз одлична, и не можам да кажам дали стварно ваков труд е оправдан, ама бев одлична сите 4 години и многу мака не видов. Најсмешно е што не беше моја желба да станам забар, далеку од тоа, ама ете ме убедија од дома дека тоа е најдобар избор, па сега и на Стоматолошки факултет сум. Јас искрено кажувам со лесно поминав, и сметам дека не треба да се плашат осмооделенците дека медицинско е мноооооогу тешко школо и ке се "окозиш" од учење. Моето искуство покажало поинаку :)
     
  15. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    И јас сум општ смер за медицинска сестра.
    Како што кажаа погоре во прва се учи: латински, анатомија, физиологија и хигиена, другите се општообразовни.
    Во втора се учи: патологија, микробиологија, еден ден неделно е пракса, а другите се општообразовни.
    Во трета: интерно, хирургија, инфектологија, психологија и општообразовните.
    Во четврта: педијатрија, невро-психијатрија, гинекологија со акушерство и општообразовните.

    Ни јас не се каам што се запишав на медицина, тоа сакам и да продолжам. Како што кажа стронгер, нема да ти речам запиши се лесно е, напротив, ако сакаш да учиш колку и да е тешко за тебе ќе е лесно. Мене лично прва година ми беше најтешко (не за друго, туку анатомија и физиологија не си фатив да учам со ред и во втора почувствував колку сум изгубила-особено со анатомијата и почнав да ја учам сама одново). А најлесно ми беше трета и сега, во четврта. Со среќа. ;)

    ЕДИТ:
    Па доколку си прва или втора можеш да се преместиш, само ги полагаш стручните предмети.
     
  16. cicamacak

    cicamacak Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    46
    МЕДИЦИНА мал збор со големо значење хах. Јас сум на фармација и не е толку тешко колку што се строги професорите :P
     
    На ubafka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lonelygirl97

    lonelygirl97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Па вака..Јас сум 7-мо одделенка.Вчера случајно разговарав со мајка ми и татко ми за тоа каде планирам да се запишам.Им реков дека сакам Гимназија (пошо и некои од моите другарки одат таму,а и одлична сум до сега) Ама они ми рекои нешо .Нема ништо од тоа,подобро запиши се средно по струка .Па ми предложиа МЕДИЦИНА.Ама јас не сум сигурна дали да се запишам,зашо ниедна моја другарка не иде таму и мислам дека е многу тешко и не сум многу по ТИЕ предмити(Биологија И Хемија),а коа ќе размислам подобро е МЕДИЦИНА зашто можам на кој било факлутет да се запишам!!

    Но сепак РАНО Е ДА РАЗМИЛУВАМ! :):)
     
  18. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    И мене моите ми се противеја за мојата одлука да одам во гимназија, ме тераја да одам во медицина фармација од проста причина што имаме 2 аптеки но секогаш им се противев зашто кога сакам нешто тогаш го сакам. Заминав гимназија и искрено горда сум, во нашиот град во гимназијата се запишуваат многу малку деца во македонска настава, сега во генерација сме само 50 но нашиот клас од 17 деца е одличен и нема совет а да не не пофалат додека моите другарки кои заминаја во медицина бегаат секој втор ден, се гребаат за 2ка и се скреќни ако воопшто добијат 3. Е со моите 5ки кои ги добивам залужено со многу труд тука ќе можам да се запишам и на факултет фармација и на кој било друг факултет, само што знам дека ќе морам да одам фармација ама тоа не е моја желба едноставно не ме привлекува а нема нешто друго што сакам од душа да го правам.
    Мој совет ти е да си ги следиш амбициите, можеби родителите знаат што е најдобро за тебе но тие не се информирани за сите работи за младинава а напротив ти многу добро знаеш што те очекува и дали ќе можеш да го изджиш тоа.
     
    На ubafka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lonelygirl97

    lonelygirl97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Па имаш право.И мислам дека ќе се запишам во гимназијаа!. :) .А ти во која гимназија си? ;)
     
  20. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Охоооо, не сум видела дека си ме прашала. :tmi:
    Сепак да ти одговорам, Кирил Пејчиновиќ.