Здраво, нова сум на форумов, годинава се записав физиотерапевти, ме интересира кои лектири се за прва год., и кои професори ке ми предаваат, ...
Јас се записав медицина во Штип смер медицинска сестра Другарками се записа фармацевтски лаборант и така...Аааа инаку ме интересираат какви се наставниците (добри,лоши) Позз
Кои предмети се изучуваат во 3 година? Освен психологија, изборниот предмет(хирургија со гинекологија и акушерство) и микробиологија и паразитологија?
Има и добри, има и лоши... Не можам да ти гарантирам кои професори ќе ти се паднат, Јане Сандански е толку непредвидливо школо што на мојот клас му се паднаа 6 `такви ненормални` професори, а на 2-3 класа само по 1 лош професор Тие сите се фини, ќе ти прават муабет како прв другар да си им, ама кога ќе дојде време за оцена Како и да е, учи си и ќе немаш проблем Ако ти се падне Пилешкова (физиологија), Ленче(инфо), Пепа(анатомија, било, физиологија), Двојаковски(био,физио), Верка (инаку пола клас ф.з.о имавме двојки и покрај сите други 5 ), Панди(хемија) или Благица(физика) - ЗАГРЕЈ СТОЛ. Ако те интересира нешто подетално, прашај
Забен техничар се запишав годинава па ајде кажете како е со наставниците дали има некои што треба главата од ѕид да си лупаш за 5
зависи..сега јас завршив прва и поголем дел од книгите ги купив. некои ни ги дадоа у школо, а професорите бараа друга книга,и моравме да купиме, ако имавме. Има имаа. Гацева-македонски: ние дека и бевме најдобар клас, кога ќе дојдеше време за испрашување ни каже да научиме 3 лекции, станеш,пола прочиташ и 5ка бараше лектири, ама ја ни една и немам прочитано, и на крај 5 имав. на писмени можеш да препишуваш кај нејзе. ќе ви објаснува за хр лајф секој час, и спомнете и го груевски и спомениците и ќе уживате цееел час и испашување ќе одложи,само да ве гњави со груевски и спомениците. ќе знаете маж и кај работи/што работи, колкава плата зема, синовите и кај работеле зошто добиле отказ итннн Терзиовска-анатомија: бара многу учење. после секоја тема испрашува. за зимски распуст ќе ви даде 2-3 теми да научите ќе ве гњави со тоа коооолку се учело во нејзино време, ќе ве навредува, гнаси,мајмуни,дивјаци итн Видевска-физиологија/хигиена: кај неа мантил мора на час, кога и текне тогаш испрашува.мн често дава тестови на крај на тема и може комотно цела лекција да препишеш,а да не те забележи Бинчева-хигиена: душата ми ја извади мене цела година бара мнооогу дисциплина и учење.секој час мораш да бидеш спремен кај неа. повеќе бара на памет учење,отколку со рзбирање. цела година, па и послеедниот час ќе ве потсети што кажала на 1ви септември Снежана Ефтимова-хемија: мн бара, а ништо не предава. ни она сама незнае толку, колку што ќе бара вие да знаете умилкувајте и се на почетокот, и цела година ќе ве фали. Пецуровска-физика: мн попушта за оценки. и кај неа мора да се носи мантил на час и да бидеш мирен. пола година нема да ви дојде на часови, т.е. ќе дојде ќе ви каже да пишувате нешто и ќе ја видите наредниот час (дали и тогаш)
Mузичко, информатика и биологија мене ми ги намаа дадено.. инаку забен техничар е еден од најлесните смерови
Не знам од каде тоа. Работата е ценета, па спрема тоа и школувањето не е лесно како што велиш. Ако зборуваме за личност што навистина сака да научи. Со теоријата мора од почеток да разјасниш: се` што се учи во текот на 4те години ти треба постојано, така што учење на памет нема (кажувам затоа што во класот имав такви случаи). Мене лично на почетокот праксата ми беше кошмар во буквална смисла на зборот. Ама со многу упорност и волја, нема нешто што не може да се постигне.
Мислев на лесен во споредба со останатите смерови, фармација и мед. сестра на пример А крај краишта.. медицина е, нормално дека е тешко. А пракса прв пат ќе имам сега од септември и искрено ептен ме фаќа анксиозност околу тоа
Дали во медицинското училиште во Скопје објавуваат списоци со класови пред први септември (во случајов 2 сеп.)???? И кога ако знаете????????